Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ама замисли случајно парчиња да им се даваат, па мајки револуција ќе кренат, ете и тебе ти смета дека јаделе блендирано до две години, а кај овие јас што ги зборам ти смета дека ги осудувам, гледаш, двоните стандарди одат во две насоки.
    Не сум ја следела дискусијата за лежењето, ама секој кој не се согласува дека на неговото дете му треба одмор од саат ипол, може да отвори и да прочита што викаат експерти за тоа колку сон/одмор е потребен за правилен раст и развој, 13 саати конкретно за возраст 3-5 години. Плус што повеќето деца спијат, адаптација значи и дека треба да се адаптира на потребите на другите, а не да тропа со играчки за време на одморот.
    Навики за јадење се градат со години, два месеци на конкретното дете не се даматичен период, уште помалку што се гледа дека проблемот иницајлно не е адаптацијата во градинка туку токму тоа, навиките од дома.
     
  2. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Кај моето во група се јасли, ама има дечиња по две години и повеќе, па уште менито им е блендирано и пасирано. Како и да е, без разлика што во градинка јаде пасирано, дома си јаде од нашите манџи и парченца и се, не праи проблем. Не продолжив да пасирам и блендирам зошто во градинка јаде така, туку бев упорна и си се навикна да јаде од нашето, сега дури си јаде и сам, секако со моја помош.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Се гледа дека си во некоја градинка :)

    мене сеедно ми е како е за сите. Јас за своето берам гајле.
    во јасли е ок да се блендира, ама во група од полни 2 и кусур не е.

    имате пристрасен пристап. Двете страни треба да најдат решение. Најлесно е гладно да е детето.
     
    На Bozica1980, happygirl, abc1234 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ако ти е сеедно како е за сите тогаш не си за во колектив, особено затоа што сметам дека генерално работите во градинкиве се потсредија со пандемијава.
    Кратко искуство со градинки имам со две деца, далеку од совршено, со реагирање во управа, пишување изјави за проблеми, ама немам проблем со тоа како и колку им се дава да јадат иако и моето седеше гладно зашто од сплет на околности, моториката за хранење само, ја уназади, ама тоа не е причина да фрлам дрва и камења по две жени кои физички е невозможно да постигнат се што ние како родотели сакаме да им се посвети на децата. Децата мораат да научат дека животот не е комфорна зона, ќе останат гладни ама со мотив утредента да се снајдат подобро, нема да заспијат па дома ќе се уморни итн. Последиците треба да ги знаат самите.
    Во градинка не сум, и тоа е последно место каде би работела. Гледам како е дома со две со специфични карактери, тек 15, со различни потреби и карактери и плус нивни родители, секој со свои очекувања, барања па и хирови.
     
    На JoyJoy, fana, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    реков јас дека не е лесно. Сега се помалку и веројатно е полесно да се писветат на новото дете.

    јас си кажав за кај мене ситуација. Кога не јадеше зелка, гладна не ја оставаа. И тоа кога беа повеќе деца. До луѓето е. Јас не би имала срце да чувам гладно дете 8 часа.

    за оваа дискусија зборувам генерално. Сепак се помалку деца и има простор да им се посветат.
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    Твоето не е во приватна градинка?
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Не
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Еве моето дете 3 дена во градинка седи гладно.17 месеци има
    Имаше пауза од градинка од 1 месец ,сега кога тргна 7 дена одеше без проблем, после почна да плаче на предавање, а последниве три дена јадел по две лажички од оброкот.
    Инаку им бутаат кришки леб,како хоби им е, викам зар ни леб не сака ,ни ужинка (а за ужинка банана, дома сам си ја држи и ја јаде скоро цела) вика не, ништо не сакаше.
    Кога беше во период на адаптација ако имаше пр јуфки со сирење (не јаде тоа) му даваа путер со мармалад на леб. Иако јас немав кажано дека не го сака тоа јадење, важно не останал гладен. Сега имаат повеќе деца (тогаш беа 7-8) и нормално моето ќе си седи гладно штом од втор обид не сака да јаде.
    Добивам реакција од нивна страна дека плаче ,ми вика плаче по нас кога ќе излеземе.
    Како јас како мајка да постапам?
    Јас ли сум одговорна за престојот таму?
    Цело време му зборувам за градинката, знае да каже како се вика градинката, децата по име ми ги кажува, воспитувачките по име, која му дава да јаде,која му менува пелена....и еден куп приказни поврзани со градинка...ама што друго можам да направам?
    Ете во петокот му дадов појадок дома, за да не го мислам 6ч дека седи гладен.
    Кога доаѓаме дома одма јаде.
    Ми вика воспитувачката му рекла , ќе се јавам на мајка ти дека не јадеш и се расплакал.
    Кога ми го кажа тоа пред него јас го искарав,му кажав дека тетките зготвиле убав ручек, мора да јаде за биде силен. И два дена само тоа повторувам, ама не знам колку ќе има ефект.

    Во меѓувреме ,му излегува нов заб.
    Како да го детектираме проблемот со не јадење?
     
    На happygirl и Autumn_ им се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.600
    Пол:
    Женски
    Револтот најверојатно е од случувањата во градинката по се што пиша.
    Го плашеле воспитачките со тебе, се расплакал, а ти си го искарала?!
    Си го замислив детенцето, срам да им е!
    Зошто воопшто прифаќаш да го заплашуваат со нешто, приказни колку ќе биде силен, брз, голем се сосема доволни.

    Јас стварно се чудам каде им е емпатијата на жениве, како оставаат деца гладни со саати.
    Како мислат да се прилагодат децата ако не се потрудат повеќе, решението дај му леб или не сака да јаде секако не е :(
     
    На azelea, eli25, Larahappy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    9.884
    Пол:
    Женски
    Најверојатно детето доживува нешто што резултира со одбивање храна. Дали се заби, поново двоење од дома и навикнување на градинката, гужва од зголемен број на деца или што и да е друго. Давај му доручек дома некое време додека д го надмине периодот, и не го форсирај со муабети за јадење, нека олабави малку и тој. Си имаат децата свои маки на што ние не секогаш можеме експресно д го најдеме решението.
    Дека во градинката им кукен ред кој децата треба да го научат,има. И искрено,колку нас родителите тоа и да не ни се допаѓа децата мора д го научат,бидејќи таму растат и учат во колектив. И јас со големиот имав испади иако одеше редовно.
     
    На gjoker4e, happygirl, Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Пишав и претходно, се случи неколку пати негователка од друга група да го преземе на прием ,да го остави во занимална и да му тресне вратата пред нос. А бидејќи занималната е одма до влезот слушам како одма почнува да плаче.
    Јас не го искарав со висок тон,туку најнормално му го реков тоа дека тетките зготвиле убав ручек мора да јаде.
    Мислам што друго да кажам пред неа ,душата не боли јас сум си појадувала на работа додека он седел со празно меше...
    Сега размислував дали можеби одбива и зошто храната е блендирана,они се мешана група има и помали и поголеми дечиња, и имаат опција и за во парчиња да биде храната.
    Освен месо,се друго јаде во парчиња. Пример бананата наместо да му ја дава со лажица подобро да му ја даде да си ја држи и изгрицка. И она ќе има една обврска помалце и дете ќе си изеде ужина.

    И на крај, дежурен кривец мајката.
     
    На azelea, lackygirl, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Колку се намалува од сумата кога не оди детето во градинка?
    Вкупна сума месечно е 1500ден. Колку чини еден ден на пример?
    Одеше 5 дена во месецот,околу 900 ден е сметката:^)
     
  13. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Ако отиде барем еден ден во неделата, ти рачунаат како цела недела да било во градинка... Треба без прекин најмалку една недела да не оди, за да ти минусираат..
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.795
    Допаѓања:
    40.322
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако оди до 5 дена во целиот месец на пола од сметката се плаќа.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Еве од кај заклучив дека не јаде манџи. Сама си пишала во вториот пост.

    Затоа моите совети беа во насока научете ја дома да јаде манџи ако сакате во градинка да јаде манџи.

    Ако проблемот настанал откако пошла во градинка, а не пред тоа тогаш е градинката крива и треба со нив сериозно да зборувате. Ама од пишаново не мислам дека е градинката во прашање туку навика од дома.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Од 1 до 5ти февруари беше после тоа беше дома до 5ти март. На 5ти пак тргна.
    Ме интересира дали има некоја пресметка по која што можам да пресметам зошто првата корегирана сметка беше 1070, изреагирав преку пријателка 820 било најмалку што може. За 5 дена да платам 820ден:o
     
  17. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    10.401
    Предлoг за убавo и практичнo ранче за вo градинка?
    Имаме сеа еднo нo премалo е...
    Штo треба да нoси вo ранчетo?
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Мојот првиот месец тргна на средина. Платив 680 ден.
    Лани беше кај други учителки и секој месец стандард плаќав 1500. Без разлика колку одел. Неможам да им го фатам редот искрено.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    18.695
    Моево има најобично со една преграда.
    Во него имам тренерки горни,долни ,боди и чорапи и пижами. Вообичаено бараат еден комплет,еднава кај нас малце е левел паника бара полно ранче облека,па имам ставено два комплета и едно лигавче. И цуцла. Во понеделник ставам 10 пелени и таму стои ранчето.
    Само чашата за вода ја разнесувам градинка-дома.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    *И јас никако не можев да им ги пофатам математиките.
    Де последователно четири дена отсуство, па не знам каков им бил системот на пресметковен период, па не знам што...
    Фино културно ме препраќаа во централа или да праќам дописи, објаснување.
    Не ми беше за парите, едноставно сакав да знам како ја прават пресметката, бидејќи имав во неколку наврати чудни математики од нивна страна, кои воопшто не се совпаѓаа со моите.
    Но, немав намера да трошам време, се откажав.

    Секогаш бев на став и ќе останам, дека и тие 1490 ден, се да не речам смешна сума за грижата, негата, едукацијата и се по ред која им се дава на децата во градинка.
    Јас ако се прашувам, минимум за 1.000 ден треба да се покачи цената.
     
    На JoyJoy, Sofi.ja и gjoker4e им се допаѓа ова.