Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    10.402
    10 пелени за една недела?
    Пижами им oблакаат за спиење?
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.442
    Допаѓања:
    25.138
    Пол:
    Женски
    Кај нас од месец Март сите ќе плаќаат по 1500 ден, оделе/неоделе сеедно, сите 1500д.
    Така одлучиле.
    Моево овај месец одеше само 7 дена после во изолација, сега почнуаат од денеска негователките да работат, ама јас не го носам и оваа недела да помини ладното. И за 7 дена ќе и платиме 1500
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.812
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    Морам да се замешам во муабетот. Во Германија, до 3 години плаќавме 456 евра, над 3 години 321 евро, за целодневна 7-17 часот. Ако не оди последователно четири недели ни враќаат само 50 евра односно паушалот за храна.
    Кога беше затворена за сите поради вирусов не плаќавме ништо ама во нормални услови вака е.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    8.106
    Допаѓања:
    115.648
    Пол:
    Женски
    Зарем само кога е топло ќе го носиш :D
    Ај не зезај, реално не е ни ладно, туку беше несвојствено топло за ова време од годината, однеси го утре нека си игра со другарчињата.
     
    На fana, mal.ecka, Sofi.ja и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.515
    Допаѓања:
    18.861
    Да,по 2 дневно. Моето седи до 14ч. најдоцна. Да,им облекуваат пижами за спиење
     
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Колкаво е? Заради пижамките ме интересира, во јасли не ми побараа, веројатно не ги пресоблекуваат, што и не ме чуди, ама се понадевав дека пижами ќе делуваат малку релаксирачки за да заспие полесно
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ти се умешам, дали правото на градинка го има секој подеднакво или има приоритет некоја група, двајца вработени родотели на пример?
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.515
    Допаѓања:
    18.861
    17м
    На 13м тргна во градинка, кога почна да преспива ми побараа пижами.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Има логика, тука некаде е моето, 14 месеци, значи може ќе ми побараат.
    Луѓе стварно им се дивам на жените, 12 мали деца да пресоблечат за дремка, друго ај, некако ми поминува низ глава ама пресоблекувањево...
     
  10. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    164
    Здраво мајќи.
    Дали некој овде има искуство со Синоличка во Кисела Вода (кај општината што е) за Јасли групата?
    Дали воспитувачки се добри кон децата?
     
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.812
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    За целодневна од 7 до 17 ми бараа двајцата да сме на цело работно време, или ако едниот не е ама сака да работи на цело даваат рок од 6 месеци да најдеш работа на цело. Јас така бев со рок ама после еден месец најдов работа на цело.
    Уште две опции има: до 12:30 без ручек 93 евра или до 14:00 со ручек 164 евра.
    Многу малку места има за деца до 3 години, од три градинки во населбава само во едната примаат деца до 3 години и тоа само 10 деца. Значи околу 300 места има за над 3 години и само 10 места за под 3 години.
    Бидејќи е вака можеби поголемиот дел користат породилно 3 години, навистина не ми е јасно како и зошто е смислено како градинката да е само за над 3 години...
    Ова кажувам за во мојата населба, низ цела Германија сигурно секаде е различно.
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743
    Нели до 3 одат во крибе? На колешка поголемото во градинка, помалото (до 3 крибе).
    Сум била и во двете установи и нема споредба со нашиве. Не дека кој знае што беа, ама дворот како беше организиран и тоалетот се далеку од тоа што имаме тука.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.812
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    Да, крипе, само 10 места има, истиот објект е, првата просторија е крипе, другите пет градинка. Во другите две градинки нема крипе, само над 3 години.
    Моето од 2 одеше во крипе, па од 3 во градинка.
    За споредба нема споредба.
    Посебно воспитувачките колку се трудат јас толку не се трудам. Денес не сакаше да влезе едно и воспитувачката излегува до пред дворот од градинката со некоја си изработена роза и кога почна да му збори до појадокот има уште време дали сакаш да ни се придружиш во изработка, види на розава ја имаа таа и таа боја па оваа омилената од мајка ти дрн мрн, а мене пред некој ден жичките ми се споија и тргнав со дете дома да го враќам кога виде оваа истава и го убеди да влезе.

    Инаку за лежењето не сум читала ама во нашава градинката детето само бира дали сака да спие, лежи или да игра.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743
    овие засебни објекти беа. Ама блиску едно до друго, не залепени, ама преку една улица. Веројатно и просторот е адаптиран според потребите. Поголемите деца, повеќе активности имаат.

    а во крипе (аутокорект вика криБе) мирисаше на бејби комце:tmi:
     
    На SanelaS и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.442
    Точно кажала џокерче. Градинката за едно помало дете е третина, четвртина од обична работничка плата. И тука не се подразбира дека ќе го примат, со листи е, се чека некогаш и година две.

    Се е супер, посебно за децата на кои им е потребно додатна работа со стручни лица, бесплатно идат логопеди, дефектолози, физиотерапевти, музички терапии итн.
    Е сега никогаш не сме носеле пижами, легнувале со алиштата така, еднаш дете и во песок има заспано(на сонце, топличко:tmi::D), во друга градинка не ни имаа креветчиња за секој, имаше неколку душеци, па кој сака си прилегнува, сите на ист, на купче. Во старата градинка васпитачката седната сече јаболко на масичето со децата, они скакаат, рипаат околу нејзе, она со ножето потстани, намести дете8-|, шолот жежок чај на маса, деца околу него претаат буткаат, едно им кажуваш они друго и будала те прават...и така.
    Се испокарав со тие.
    Сега тука е топ.
     
    На mal.ecka, SanelaS, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.515
    Допаѓања:
    18.861
    Ама таму имаш избор со породилно до 3г. Ако не ти го прими во градинка можеш да седиш дома и да го чуваш,ако добро ве разбрав?
    А кај нас одма прстот се вперува во мајката зошто не сака детето да влезе,зошто го приврзала за себе.
    И јас сум таа што збори ајде внатре е Петко,Станко те чекаат да си играте,играчките,креветчињата (муабети да го разубедам да оди) додека воспитачката ќути и го зема во раце кај неа.
    Или како другата, да не речам насилно земање,носење во занимална и затварање врата пред нос. Па нека плаче колку сака, неа око нема да и трепне има други деца за преземање.
    Се покајав што почнав на работа,ем дете истауматизирано, ем попушти со јадење, железо падна, се разболе 100 пати....
     
    На lackygirl, Snowflake92 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    38.770
    Пол:
    Женски
    Пробај разговарај со вопитувачките ако имаш некој проблем во прилагодување на детето. Би требало да излезат во пресрет барем сега кога се по 15 деца во група. Не мора да биде тоа карање ама може да почнеш да им кажеш дека детето сака да му зборуваат кога го примаат.
    Јас сум на пример презадоволна од градинката. Читајќи по форум искуство мислев дека ќе е како затвор. Однос неубав, храна никаква и слично. И ептен позитивно зе изненадив. Воспитувачките секогаш се насмеани кога го примаат, најаден е со храна што е во ред според мене, работат ептен со децата (такво нешто јас сама дома не би успеала да сработам признавам искрено). На пречекување и на испраќање порано иаше и гушкање со воспитувачка и негователка сега заради Корона нема, ама топлиот однос кон децата секако го има.
    За разболување првата година е хаос. Сите се нон-стоп болни. Сега на 5 години пу поу да не урочам ама само три пати му има протечено носот (дали е до Ковид протколот или порасна дете не знам). Со јадење сите попуштаат околу 2 години па нагоре. Помалку храна им треба после 2 години. Ако не е е драстично попуштањето и ако не престанало детето да јаде тогаш е во ред. До две години се гледа колку јаде дете на дневно ниво по 2 години на неделно зашто имаат денови кога јадат многу и денови кога јадат малку.
     
    На duffi, Sofi.ja и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.812
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    Мисли позитивно. За разболување и тука се разболуваат особено на почетокот, што се не не фати и мене и маж па маж викаше само во Германија имало вакви болести, викам и Мк да сме истото ќе го преживуваме додека не стекне детето имунитет. Тие вируси или што и да се со повраќање ни беа смрт, тројцата повраќаме, а мора да си помагаме еден на друг и слично.
    За крвната слика и апетит спомнаа тука некој сируп, прашај педијатар и во аптека.
    Каква и да е градинката секогаш е подобро да се избере градинка.
    Тоа што тебе ти смета и те трауматизира не го пренесувај на детето. Јас сто пати имам речено дека јас да сум моето дете не би сакала да одам во градинка ама мене тоа што ми смета гледам не му смета на детето и секогаш му зборувам позитивно.
    Во некои фирми може да дозволуваат и само 2 години породилно, од овие што ги познавам мајки најчесто мажот работи најкасно до 17, а жените на пола работно време од 18 до 22.
    Ако го бараме негативното 3 години да земаш месечно по 20-30% од платата е мн малку.
    Пак би спомнала дека мажите се многу ангажирани во чувањето на децата. :!: Мои роднини тука, мажот во 14 влегува дома и прави ручек, па од 16 продолжува на работа. Нема изговори од типот дека жената е до 17 на работа и има проблеми околу ручекот. Зборот ми е ако нема градинка мажот е градинка додека е жената на работа.
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На Sofi.ja и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.442
    Една година е породилното 67% плата. Ако сакаш можеш да ти ги поделат тие 67% на две години...ако мислиш дека можеш да преживееш. Некои даваат трета година дома да ја седиш, да го гледаш....за без пари.
    Makeдонија 67% ли е?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    38.770
    Пол:
    Женски
    За првите 9 месеци е 100%. ИМаш право да седиш дома уште 3 месеци неплатено ако сакаш до година дена.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.