Или да си извадиш боледување за нега на дете и 100% во тој случај. И тоа има. Дете што дома јаде виршли, јајце, салами, сланини, крофни и слично, нема да јаде зелка манџа во градинка, не знам зошто очекува мајката да јаде. Моето цела една година после ммр не јадеше ништо од манџи, некоја житарка од тие благите со млеко, јогурт, супа, палачинки понекогаш, банана, тестенини и оние кесичките смуди Хипис и слични. Не дадов нит јајце пржено замена, нит виршла, нит помфрит... Тоа не е храна за деца, за возрасни не е добра а не па за дете. Сега јаде повремено, и помфрит и јајце, виршла и сланина не пробал никад, ама јаде манџа. Исто и цртаните, никад не сум пуштила цртани, напротив ако идат на тв сум ги гасела да јаде. Не е до градинката, до родителите е.
А ммр е поврзано со јадењето? Прашувам бидејки и мојот манџи нејќе да чуе баш од кога ја прими. Супи, јогурт попара со лепче, некое компирче, житарки јаде од дм тие плочките,вчера после долго време и палента пак почна да јаде. Пред тоа за мерак јадеше манџи, риба.
Не би рекла баш.Се поклопува периодот за вакцинација со периодот кога осознаваат дека има поинтересни работи од јадењето.Тука негде се и четворки те и петките,ги мачат па одбиваат храна.Големиот до година дена јадеше буквално се.Почнаа да го мачат забите и намали со храна.Научи дека може и да не отвори уста дека има различен вид на храна,па почнуваат и да пребираат.И уште нешто што го искусив со двете деца,а направат година почнуваат да се обесуваат на града 24/7 дури повеќе него новороденче.Си заменуваат оброци со цицање.
И мојата јадеше се, од година ипол натаму е хорор јадењето, освен зеленчукува супа друго од манџи не јаде, а ете нема примено ммр така да не е до тоа. Јас виршли не давам иако не јаде месо мојава, јас пак надеж имав дека во градинка ќе пројаде гледајќи ги другите деца. @AngelOfArh боледување за нега на дете е 70% веќе некое време.
Не е поврзано можеби, ама после ММР одби да јаде цела година. Јас вакцинирав многу после “редовниот“ термин за вакцина па пак не јадеше. Мое мислење е дека е поврзано со вакцината бидејќи е полна со разноразни глупости и им го затупува организмот. Не оспорувам дејство, туку контраефект од вакцина. Кај моето и други дечиња околу моето кое примиле на слична возраст имало ист ефект.
Ангел не зафркавај со муабетов. Попрво ќе поверувам дека аутизам (нема ни тоа де ама така е зборот) предизвикува отколку дека не јадат децата после вакцината. Едноставно периодот е таков па после кога ќе почнат да трчаат убаво и ептен убаво да се изморуваат и јадат и спијат како моево на 4 години.
Моја грешка, 70 сакав да пишам, зошто некој имаше пишано неплатено. До 3г е 70% дефинитивно, ама не мора неплатено да зимаат. Тоа е мое мислење и искуство, може грешам, ама моето после ММР вакцина не јадеше точно 1г. За аутизми, болести, не можам да тврдам.
После почнаа пак манџи да јадат? Супа и мојот само јаде, се надевам дека ќе се врати на манџите. Виршли не давам и јас, сум пробала искрено мисиркина шунка во тост да му дадам ама нејќе да проба.
Јас суплементирав Ројал Желе ампули, дали случајно или не не знам, ама почна да јаде многу. Сега јаде колку ние, порција за возрасен, особено ако му се погоди јадењето.
Овој бренд само за деца. Околу 30ден 1 ампула, на 2 пати се дава. Буквално од трета ампула почна да јаде.
Мамички совет ве молам,тие што не ви јадат чорби дома и во градинка,кажете финта како да ги научиме,кога ќе види што е бега,месец и пол е во градинка ниту еден ручек нема јадено 2 год и 2 месеци,се плашам до кога ќе биде вака