Мојава од средата навака буквално преку ноќ, неплаче веќе. Сабајле уште у 7:30(нашата група е од 8:00-8:10 за прием) му рекла на татко и, ајде да одиме мене ме чекаат таму. Нит дома веќе не плаче и не вика неќам. Се надевам тоа е тоа и најтешкото помина. Уште не ми е верно и не можам да се опуштам. Мислев после викендов пак ќе има плачки, и секој нов ден сум на штрек. Нишо посебно не правев, она викаше неќам, јас игнорирав, се праев не слушам. Дете почна прво да ме зеза, да вика нема да одам и се смее сама со себе се смеам и јас, абе ти мене ме зезаш малце и така заедно се смеевме...
Дали на сите децата ви спијат во градинка? Прашувам за поголеми деца, мојот скоро 5 год. Проблем ни е ова што мора да лежат и седел тажно така солзи му течеле. Другото време е ок јади игра ама кога ќе му облечат пижами и одма тажен им рекол на мама јавете се да ме земи несакам да спијам. Незнам што да правам дали некако пред спиење да го земаме или така да седи. Ми е жал така како казнет да чека му велеле уште 10 мин па чекај уште 5 и така дури помини времето. Зарем нема друга опција за деца што не спијат и мора така? Можеби навистина не му се спие зошто навечер убаво спие 11-12 часа. Сте имале некоја ваков проблем?
Моето година дена седеше таму, а не им спиеше, не сакаше ни да легне, ако пробаа со сила им вриштеше и сите деца деца ги будеше. Но беше помал, некаде околу три. Го оставаа да си игра, да црта, телевизија да гледа, со нив седеше им помагаше во подготовки само да не крава галама. Сите воспитувачи го знаеа, која ќе успее да го заспие, ќе ја частеа. Ние не почнавме пред спиење да го земе зошто едноставно бевме на работа. И демек ај ќе почне да спие, ќе се навикне, а тој си фати таков ред, сите се спремаат да спијат тој си бира што ќе црта, што ќе гледа на тв. земи го после во три часот, нервозен од умор, не можеш да го прошеташ пример. Но помина, после цела година некако без притисоци почна да спие.
Ќе реагираш кај учителките. Не може да и не треба да се доведе до ситуација детето да ја замрази градинката само заради тоа. Ако не сака, нема да спие. И не. Немој да ја земаш. Ќе си се снајдат, тоа им е работа.
И мојата 3,5 год не спие, ретко тоа. Ама никогаш ништо не рекле, само ми пренесуваат. И стално викаат, нормално е, ќе си се научи. Нивно е да ги научат и да не спие, треба да научат дете како да е тивко. Дома кога и да и шепнам нешто ми вика мама зошто шепкаш никој не спие.
Мојот има 5 години и не спие. Научи да лежи и да одмара. Во градинка им пуштаат музика за јога за релаксација додека спијат (или не спијат) и си лежат. Мојот секогаш наоѓа начин да збори со некого додека спијат.
Синко трета недела во градинка, и трет пат после 3 дена одење е со растечен нос. Знам дека е нормално, вака стекнува имунитет. Досега имаше можност да седи дома откако ќе настине вака, ама од понеделник нема кој да го чува, освен јас и мм да земаме денови нормално. Ама секој пат кога ќе му се растече носето да се ослободуваме? Нема ни да ни дозволат од работа ако е вака често. Што давате за имунитет и дали воопшто помагаат тие сирупи? Во аптека ми кажаа Бета Глукан, Дефендил итн. Не сум фан на хемии, ама ако е полесно со нив да пробам? Синко е 2год и 4м.
Јас давав дефендил. Разлика не видов. Можеш да пробаш со оние ампулите @AngelOfArh ги имаше објавено на некоја од претходните две три страни, тие стварно ги фалеа. Така ќе е долг период за жал, ама ќе помине. Со лесно.
Првата година во градинка е секогаш таква. Растечен нос е правило не исклучок. Јас давав Дефендил и Бимунал и имаше некое мало подобрување и од едното и од другото, ама немаше некој екстра ефект во смисла дека растечениот нос стана минато. Сум пробала и млеч и се и едноставно тоа е тоа. Прваа година едноставно мора да се издржи не знам што да кажам. Се тренира имуниот систем на детето.
Дете во градинка не праќав само ако имаше пролив, температура, јака кашлица. Во сите други случаи сум праќала, сите таму се со растечени носиња. Тоа беше пред пандемијава, сега баш и не знам како е. Моево поради стрептокока не оди веќе десетина дена, ама претходно му беше растечено носето, ништо не кажаа воспитувачките. Јас постојано го прскам со физиолошки да му биде чисто и проодно носето.
Вакциниран е од стрептокока. Инаку не верувам дека ќе го вратат, кога го носиме цело време гледам деца од групата кои се со растечено носе и кашлаат со секрет.
Втoр ден вo градинка, 30 минути. Jа слушам дека непрекинатo плаче, искача oтечена вo oчињата. Внатре не jа пуштала учителката, сакала целo време вo раце. Oд љутина самo надoле гледала. Наjгoлемата грешка е при самиoт прием, не знам пo други градинка ,нo каj нас не му се oбратиjа на дететo ни пo име. Самo jа крена вo раце и oднесе, втoр ден истo. Сепак мислам дека леснo ќе се адаптира, леснo дете е...преспива каj мoите oд 1 гoдина и немалo прoблем. Вo игрoтека буквалнo не не бара ниту мене ниту таткo и...си игра и нема гаjле ,нo и таму jас влегoв сo неа некoлку пати и дететo се oтпушти. Нека ни е среќен пoчетoкoт
Пишував овде деца децата ми го изгубија местото во градинка. По триста перипетии едното оди веќе месец дена, а другото треба да почне утре. И сега следат коментари од средината и најблиските како можам, каква мајка сум во пикот на коронава да го враќам во градинка. Така се погоди, од сега да почне, јас не темпирав. Со месеци се објаснуваме во градинката. Искрено ме замислија, на совест ми ставија, може и јас не сум во право, може треба да го одложам,ама па местото ќе ми отиде.
Цело време му тече или како? Има многу секрет? Не би одложила јас, стварно веќе ова трае и трае и ќе трае, аман со тие пикови Дотерај го утре баткото и пуштај, лесно да минете
Кива често и му течат проѕирни мрсоли како вода. И очите му се светнати. На носот зборува, ама не е затнат уште. Давам риностоп по совет од матичната. Купив и Бета Глукан.