Не наидов на разбирање ниту од сите родители, освен од 2-3 мајки, а уште помалку од воспитачките. Нивниот став е дека има сунѓер за дезинфекција пред влез и тоа е тоа. Промените доколку биле потребни ги правела градинката, а не родителите. Затоа 50 години иста лоша исхрана имаат, а еве сега проблем и до хигиената. Се распрашав во други градинки овде како е, велат во патики се децата. И тука завршува муабетот. Знаете ли контакт од мин. за социјала кој е одговорен за градинките ? Барав на веб страната, ама не можев да најдам. В Кавадарци живеам инаку, овде се случуваат овие глупости.
Нема врска @happygirl што си во Кв, во нашата градинка во Скопје цела пролет, лето, откако ќе кренеа теписи децата си седеа во обувките од надвор, внатре. Пред коронава некако не обрнував внимание на тоа, дури и си викав па што, нека се челичи, ама сега
Градинката на децата му е како втор дом, таму јадат, преспиваат и поминуваат до 8ч. Не подршката на мајките од групата е повеќе од инает според мене, не сакам да верувам дека некоа мајка е ок детето да седе, леже и оде каде што се гази со патики од надвор. Притоа може да се случе да нагази измет од животно , храна и кал и сето тоа си го носат во просториите. И покрај тоа што е групата од 2г нагоре има деца што ставаат уште раце и предмети во уста. Се грозам од помислата. Се работи за тоа да се заштеди време, но ете му и добра вежба за малите да ги научат да облекуваат обувки сами. За сунѓерот да не коментирам што е не сменет, не исчистен и жално натопен во вода со алкохол (или што и да е) Ако градиме имунитет така на децата ако не да не чистиме и дома и да си одиме и спиеме со патики.
10 godini iskustvo so skolo i gradinka,za nitu edno ne sme pomislile deka treba da nosat isti obuvki nadvor i doma! Pa ne se normalni! Od 9meseci si nosi paticinja ili meki obuvki za prooduvanje,vo gradinka si ima meki toplincinja ili tie so kozicki mokasinkite... nema logika so istite da.se seta i nadvor i da lazat i igraat deca na pod...i na kraj da spijat so istite alista
За спиење не станува збор, секако спијат во истите алишта, не ги пресоблекуваат во пижами. @pianogirl син ми е во Пепето, ама иста ситуација со патиките е и во Гоце Делчев. Верувам дека и во останатите клонови е исто.
Врв ова последново со истите обувки надвор и во занимална, не ми се верува што читам. @happygirl прашај ги воспитачките кога ќе дојдат дома дали ги соблакаат обувките или со истите по дома си шетаат (небитно дали е дождливо, каливо надвор или згазнале на нешто) ...
Ме чудите вака баш во ова време на пандемија. Мора да реагирате. Неможе со патиките од надвор и внатре. Кај нас се многу строги околу тоа. Не смееме воопшто да влеземе внатре. Тие ги земаат децата од пред врата и им облекуваат топлинки. За спиење обавезно пижами. Пред секое јадење се ределе во ред и оделе да мијат рачиња. Син ми е поголем и сам ми кажува се. Мора да сте сложни за ова сите родители многу е нехигиенски.
Градинката правела измени а не родителите?! Јас би им кажала дека ќе пратам допис до министерство, сунѓерот освен ако го менуваат двапати дневно, не дезинфицира, погнасен е него од обично чергиче да се забришат. А што е проблемот да седат по чорапи, ако е ладно секако имаат топлинки, стварно не разбирам. Плус што спијат, валда нема со се патики да ги легнат да спијат, значи секако ќе има облечи соблечи
Здраво мајки Се уклучувам повремено на форумов и најчесто пишувам само кога имам проблем. Ова со патиките и во нашата градинка се случува,ги легнуваат со патики,џабе спремам ранче и алишта во ранецот секако ми го враќаат во иста состојба како што е и однесен,не пипаат ништо освен памперсите. Не ги пресоблекуваат. Некогаш е жива вода испотена кога ја зимам. Се одвикна и од нокшир,почна пак да кака во памперс а порано бараше нокшир кога и се кака. Преминувам преку тоа нека кака како сака само да се прилагоди, 4-ти месец како оди во градинка и сеуште урла сабајлечки и кога ја зимам. Навечер плаче во спиење,стана агресивна,ме удира. За да дознаам индиректно што се случува почнавме да играме со кукли,барбики и преку игра дознавам како и поминал денот и дознав дека паднала во градинка и ја кренала една од негователките а другата и викала. Слушам нови зборови како “ќе те исплескам”, “ќе те тепам”,јас тие зборови дома не ги употребувам,дома зборуваме српски. Дали 4 месеци е долг период за сеуште да не е прилагодена или да очекувам наскоро да се прилагоди? Дали е време да разговарам со психолог во градинка зошто сметам дека немаме ефективна соработка со воспитувачката или да молчам за да не и го загрозам престојот и да чекам да се прилагоди кога-тогаш? Кога ќе се спомне зборот градинка или вртич дома збеснува и зајдува со плачење моли да не ја носиме. Дали некоја од вас се соочила со ваков проблем?
Нашата прелеснo се адаптираше вo градинка ,нo oд кoга тргна бел ден не видoв. Дететo заздрави гo, пушти гo, утре дента бoлнo. Oд еден месец идење, недела дена мoжеме да и сoбереме какo иде и пак е адаптиранo. А да не збoрам какo ни пренесе на сите пo дoма oд настинката. Иначе и каj нас акo не и oблечам тoплинки ќе си седи вo патики. И ставам вo ранец вoда/сoк, какo ќе ставам така враќам. Пелени трoшат за 3 часа, две и се враќа без пакетче влажни. Еве oд денес пак сме дoма.
Мојов откако пие Молерс и Дефендил, а и откако поминавме корона фамилијарно, се нема разболено 2 месеци (да чукнам во дрво ) Инаку сум пишувала и претходно,на 3 недели се разболуваше и на крај откривме дека има бактерија во нос. Моево пие од чашката на Нук, слабо пие вода во последно време ама колку толку ќе пивне. Еднаш прашав дали им се пред око водите на децава да пијат кога ќе сакаат ми рекоа кога ќе им побарале им давале На пелени маваат рекет ,и 10 да ставиш малце ќе им бидат. Мојот седи по 5-6 часа и јас си праќам по две пелени на ден. Ставам неделно 10 пелени и ако еден ден не отиде пак си ги зимаат 10те пелени,кусур нема Влажни( 2 пакувања ) брисач,крема и пакување пластични чаши(уште не разбрав за што ги користат) носиме еднаш месечно. Случајно дискутиравме со мм, кога има некое дете роденден во градинка праќате поклонче по вашето дете? Јас многу сакам да подарувам и да купувам подароци па одма си направив планови за родендените што следат, а мм вика не се праќало подарок.
појма немам. Кај нас не барале и од чашки вода пиеја. Кај вас може за кафе им се Шала на страна, прашај си.
Уште одма треба да зборуваш со сите по ред во градинката. Ако е вака како што пишуваш престојот е и веќе загрозен ти само можеш да го подобриш. Зборувај веднаш! Шише со вода може за кога шетаат надвор, а пластични чашки за внатре во градинка. Подароци не се носат. Ако е некое блиско другарче се разбира можеш да однесеш ако сакаш. Кај нас пијат од чаши ама премногу родители спомнале за шише ( не знам дали заради короната или зошто, моето не побара шише па не спомнувам ни јас) и од пред 2-3 недели секое дете може шише со вода од дома да носи односно незашеќерена течност пишуваше.