Ке разговараш со воспитувачката. Ако детето се жали скоро секој ден и ти ке укажуваш на воспитувачката секој ден. Прскај во носе спреј од диво оригано, тоа е, мора да го изгради колективниот ,,градински,, имунитет
Бевме еднаш во изолација . Учителката беше позитивна. Немаше трансмисија. Кога почна британецот кај нас.
И учителката и негователката беа во изолација заради член на семејство во КОВИД. Двете испаднаа негативни и децата продолжија да одат во градинка. Кај внука ми имаше дете позитивно на Ковид ниту едно друго дете од групата не фати Ковид. Кај на другари детето и училтелката и негователката беа позитивни. Немаше дете заразено. Во овие случаи децата беа во изолација. Од минатата недела и учителката и воспитувачката се вакцинирани со Спутник.
Aко има позитивна воспитачка, негователка, или од било која причина не се на работа, децата не одат во градинка. Не ги мешаат. Во претходната група на синко цела недела беа до 12ипол зошто воспитачката беше до 12ипол на работа, а негователката не беше на работа зошто се вакцинирала. Кај нас е така, според мене така и треба да биде.
Ама децата одат во градинка ако не се позитивни оние што ги чуваат. Само ако некој од групата е позитивен сите одат во изолација. Еве и ти викаш децата одат во градинка ако едната не е на работа (само што се со сратено време на престој).
Не, не, кај мене не е позитивна негователката, се вакцинирала и зела боледување, кога беа позитивни не одеше никој. Додуша со негователката и воспитачката и ние бевме позитивни. На јатрвата детето не оди пошто негователката е позитивна, истата градинка.
Ako napravite test za antitela i ima deteto antitela moze da ide vo gradinka ako ima mesto megutoa bi bilo kade ima i ako ima mesto.
Би си го чувала дома ако е групата во изолација, ама еве уште нема никаков одговор ,ко божем требаше денес да се тестира воспитувачката ама никој ништо не ни кажа.
Беше позз воспитувачката немаше дете заразено, исто и од другите групи што беа во изолација, а сите беа по еднаш, немаше дете заразено.
Запишувал ли некој сега скоро дете во Корчагин градинка било која? Барањето за упис се прави електронски. Дали само го пополнувам, скенирам и праќам на мејл и чекам да ми се јават? Или испраќам на мејл и други документи? Не е баш разјаснето на странава а никако не сум слободна во времето кога им е отворен час за информации во установата. На телефон не креваат. Исто и на барањево не гледам за пополнување во кој точно клон сакам да оди, па како би знаеле за кој клон аплицирам?
2 ден градинка. Вчера 30мин со урлање, денес 15мин само остана. Учителката исто ни кажа дека многу полека ќе оди привикнување...
Не попуштај ,постепено зголемувај по 10,15мин зависи како ќе реагира детето секој следен ден. И нон стоп по дома збори за градинката,децата,негувателките. Со оглед на тоа сега на која возраст се и колку разбираат, сфатив дека на 13м последен воз сум фатила. Можеби од аспект на настинки е мало за во градинка на 9 месеци,ама од аспект на адаптација подобро додека е помало кога помалку разбира Со среќа
Еве и јас да си кажам. Втор ден сам влезе, седи по 1 саат и несака да си оди па тогаш кенка. Дома објаснува се што како прави таму ми бара и собни патики за по дома а дома никогаш не носел. И вчера и денес појадува таму. Почна порано да ми легнува навечер, заспиваше навечер во 21 часот а сега во 20 часот е веќе готов. Сабајле стануваше околку 07-07,30 а сега во 6,30 часот и тоа сам. Ми се појави проблем овие 2 дена што сака да спие со мене на спална. Порано ќе го заспиев на спална и ќе го пренесев во креветче и спиеше цела ноќ а сега ке сети дека ме нема до него и се буди со плачки. Се гнете во мене и така сака да спие. Знам дека на ваков начин покажува револт дека сменил нешто и се надевам дека за брзо ќе се врати во нормала инаку ми отиде кичмата во неповрат
Со смеење влегува, зборуваме како ќе оди кај децата и кај играчките, ама учителката вика дека штом влезе во занимална почнува да плаче и ништо не го интересира, ни играчки, ни песнички.. се надевам ќе се привикне
Ден 3, нејќеше ни да влезе.. влезе со вриштење, го слушав од прозор како плаче уште 10 минути, па се смири. Го земавме после ,30 минути. Ваљда има надеж за детево мое.
Ima ima poleka smireno stalozeno samo so ubavi zborivi i bez otkazuvanje. Neka ne vi cuka srceto 100 ka koga ke go nosite napravite edna rutina vetete nesto na zemanje ... Ako ste uporni i navostina sakate deteto da odi ke se navikne.
stom se navikna moeto nema sansi da ne se navikne i tvoeto samo trpenie zborenje i pozitivnost koga se ostava .Mu treba vreme.