Сакам наскоро да ја пуштам во градинка поголемата ќерка, но уште ме плаши состојбата со короната. Може да ми кажете искуства како е состојбата по градинките. Добивам поделени мислења и не знам што да правам.
Кај нас двете учителки поминаа корона, од децата фала богу ни едно не се зарази. Во главно сме задоволни, е сега вие како ќе поминете зависи конкретно од градинката и од возраста на која го праќаш детето.
Ти благодарам за одговорот. Ќе полни 4 години и сакам барем малку да пооди во градинка пред школо. Мислам дека ги вакцинираа воспитувачките, па тоа ми дава надеж дека барем малку ќе се намали ризикот.
Jас од Ѓорче ги земав, ама знаеш како е во Кали, што начекаш тоа, нема стандард. Имаше уште 1 бројче исто останато. Знам имаат и во Козле и Бисер.
Ич не ни размислувај на таа тема. Сега е каде каде хигиената на повисоко ниво и помалку деца се за разлика од порано по 2-30 деца. На влез им мерат температура секој ден а и како затопли времево и во двор се играат. Секое дете си спие во свое креветче на кое му е напишано името, одредено место да седи кога јаде, тие играчки што ке му се дадат за играње не се даваат на друго дете во текот на денот и на крај на ден се се дезинфицира. Моево еве оди веќе 3 недели и до сега е ок. Од учителките до сега нема никој прележано но и сите се ревакцинирани со вакцина од ковид 19.
Има ли некоја членка што детето и оди во градинката Сончогледи во влае, да ми каже како е задоволна во однос на хигиена, храна, учителки.. Малата 3 ипол години од јуни треба да почне да оди, па секоја информација ми е добродојдена
Dobar den zedov dokumenti od prosvetno delo za upis vo gradinka pa me interesira (ne mi e jasno ) 1 i 2 strana ja potpolnuvam jas 3 ja potpolnuva maticen lekar ostanatite ??? Jas ili vospituvacot koga ke bide primeno........blagodaram odnapred
Син ми е во јасли најмалата, подобри воспитачки не сум запознала. За другите групи не знам, за нашата стварно се одлични. 3 се, синко ги сака ептен и тоа ми е најважно.
Син ми после пауза од 2 недели, една недела одеше во градинка и одма настинка ни донесе.. Шо давате за затнато носе со секрет? Носе не знае да издува, само аква марис спреј му прскам, и вит ц капки давам со мултивитамин. Незнам како да му олеснам, неможи да јади од шо е затнат а има апетит
спиранто лепенки за одзатнување се лепат на блуза,нас многу ни помагаат лепам на блузата под брадата,плус инхалирај ако имаш инхалатор и капки за нос,влечи мрсули со аспиратор да не спушти на гради