Од градинката ми рекоа дека им треба потврда дека детето е здраво. Кога се јавив кај матичната да ми издаде, ми рече ако нема никаков здравствен проблем во моментов дека ќе ми дадат, а доколку има макар настинка ќе мора брисеви.
Јас имам проблем. На секое настинување, мрсули, они мене ми бараат брисеви. По оздравување носам потврда,не брисеви морало. Одат од Август 2019, кога беа затворени со короната само тогаш беа дома, и може едно 5-6 пати ми побарале брис. Ми викаат мора да следиме протоколи. Јас знам потврда од матичен дека е здраво ми треба. Последниот пат се заинаетив,не им направив (матична вика не треба да правиш и ја послушав). Каде да се побунам за ова? Директорка не, и она исто вика за брис дека треба. Чисто ми викаат за мене да знам, а уствари не ми ги примаа претходно без брис...
Искрено, не знам како да ти помогнам, немам искуство и денеска му е прв ден. Матичната ова ми го кажа како правило и мислам дека освен да смениш градинка, друго не можеш да направиш.
@Bibi30 сум слушала и oд други за вакoв прoблем. Не знам штo да те пoсoветувам. Маjки малoтo гo земам вo 15:00 ме интересира дали дoма пак ручек давате или?
Јас нудам, ретко сака, обично вечера јаде околу 5 до 7 е легнат. Таму не прави проблем се' јаде. Имаат ужинка во 3 го земаме од 3 до 4 тој период.
Majki kako e momentalno vo gradinkite so protokoli? Dezinficiraat li, cistat li? Boicki flomasteri takvi raboti dezinficiraat li ili sekoe dete si ima posebno? Seuste li decata na stolce i masicka sedat ili smeneto e, dozvoluvaat da si igraat zaedno vnatre?
Дезинфицираат и чистат редовно. Дури и влезовите со Дезентал ги прскаат (тоа што е под стреа кај нас). За боички и фломастери искрено не знам. Не знам како би ги дезинфицирале. Кај моето во градинка отсекогаш им беше дозволено да играат заедно внатре. Не беше само седење. Само за да не играат премногу внатре. Сега скоро секој ден се надвор одреден дел од денот. И знам дека ги пазе да не се гушкаат и бацуваат како порано што си правеа. Тоа и по дома едно време ни беше забрането од детето зашто имало вирус. Си имаат дете пар за јадење. За јадење се по две деца на маса. За спиење се глава-нозе принцип.
Побарај и на директорката да ти покаже Правилник,Закон, Уредба што било кај што го пишува тоа правило дека треба чист брис да се однесе за да ти го прими. Што е тоа без врска малтретирање на дете? Нашиот педијатар дури вика дека нема никаде во Закон член,дека заради мрп не смеат да го запишат,ако било уредно вакцинирано до тогаш. Јас го зимам околу 14. Мојов се случува да заспие пред ручек,така да некогаш му го даваат ручекот пред одење дома. И секогаш прашувам што јадел последно дали ужинка или ручек,да знам со што да го понудам дома. Инаку му готвам секој ден ручек (заедно или посебно од нас) и го јаде после 16ч.
Моиве околу три дома пак ручаат ручек. Во градинка некако мали им се порциите. И до вечер уште сто пати јадат
Здраво мајки. Да ве прашам за искуства со градинка Весели Цветови - Мимоза во Кисела Вода? Конкретно за јасли групата
Некој совет како да се привикне побрзо? Накратко да пишам тргна во градинка од крај на март и супер се привикна од втор ден сам остана 2 саати и за недела дена остануваше до крај (4 ипол саати оди). Скоро цело време проблем беше да го земеме да си оди дома. И две недели пауза само тие деца што имаат доказ дека двајцата родители работат одеа ( во Германија сме). Од понеделникот тргна после две недели пауза ама многу деца не одат зошто е задолжително да ги тестираме два пати неделно. И тука почна проблемот кај нас, понеделникот така така при крај почнал да не бара. Вчера цел ден цвилел така малце на страна и не сакал да си игра со другите деца. Денес едвај стигна во градинка цел пат негодуваше едвај се оттргна од мене со плачки. Се договоривме да го земам во 11, ама ништо чудно и порано да ми се јават. Паузата може игра улога ама највеќе е што сите деца со кој обично си игра не одат од две групи дали има пола група. Помислив и да не го носам ама активно барам работа ако ме викнат ќе немам избор а он непривикнат и тогаш ќе останува и подолго. Плус многу сакаше да оди и има многу голем напредок за еден месец со германскиот и стварно му е потребна градинката.
@Larahappy Давам ручек и дома оти таму слабо јади, или малку јадел или ич, од 10 февруари оди, со пауза од 20 дена во март заради изолација на групата, уште не јади се таму, уште плачи на оставање, не секој ден ама еве денес на пр многу плачеше. Плачи додека влези, внатре се смирува, се задружи и со децата сега, претходно стоеше сам на маса, се опушти, можам да речам дека и со настинки добар беше само со мрсули помина, немаше антибиотици
Нека оди, не ни помислувај да го отпишеш или зимаш порано, ќе се прилагоди, секоја промена им е стресна и на нив. Ете другарчињата ги нема, но ќе најде нови.. Зборувај најубаво за градинката, не попуштај на секоја препрека и не отстапувај.
Ај пак јас да прашам. Од кој ден почнавте да ги оставате да преспијат? Утре му е трет ден, па се мислам дали да пробам. Инаку, вака добар е, денеска плачел на моменти ама брзо се смирил, јаде, со други деца играл по малку. Ме буни малку што е чуден кога го зимам, како изгубен му е погледот, сериозен е, не ми се радува поточно не покажува никаква емоција. Баш во тоа време многу му се спие, го ставам во количка до дома и одма заспива. Можно ли е од тоа да е таков или тешко му оди адаптацијата?