Нормално е да е збунет, мојов од февруари иде и неколку пати само покажал емоција и радост. Сеуште секој ден прашува зошто оди и дали може да не оди, а немам никаков сомнеж дека не му е убаво. Ма кога го носам и зимам под мустаќ се смее, ама ете, а не е дете што не покажува емоции. По сликите, снимките да има шестка и таа ќе се види За спиењето не знам, мојов не спие, ќе ти помогне некој друг.
Мојата почна после 2 недели да преспива. Супер се адаптира уште од првиот ден. Првата недела седеше до пред ручек, втората до пред спиење. Таков беше предлогот на воспитувачката, не сакаа од одма да форсираат иако супер се однесувала таму. И мислам дека беше многу коректно. Еден месец оди и со радост сака да оди
Збунето е детето уште. Затоа му е изгубен погледот. Мојот преспа на околу месец дена од адаптација. Нека прекине прво потполно плачењето па ќе мислите на преспивање.
индивидуално секој, пратете го детето со учителките. Подобро подолго да се адаптира него аверзија према градинката да направи. Ова од мое искуство.
Истото го помислив и јас, да не постигнеме обратен ефект ама пишаа денеска дека ќе пробале да го заспијат. Веројатно бил добар, па го заспале. Ајде се надевам добар ќе биде кога ќе го земам. Фала
Поднесов документи, од септември здравје ќе почне. Приватна градинка, меѓутоа нема опција за храна, тоа е на мене, па ме интересира што праќате обично за ручек и колку количински за 2 годишно дете.
Ова прашање подобро да го поставиш во темата Мајки македонки во Германија..како што сум ги читала им спремаат појадок и ручек на децата. Овде кај нас во државна градинка не се внесува храна. Мислам дека и во приватна си јадат таму.. Инаку имаат појадок, ужинка, ручек,ужинка. Со ручекот ако не е манџа има супа, а има и салати. Ужинка често е овошје или овошен сок ,јогурт или чај. Некогаш пудинг, некогаш овошен јогурт. Ако те интересира од прилика мени на исхрана пребарај по гугл (на пример градинка Буба Мара или Детска радост) има за секоја група. Во нашава градинка количински помалку даваат од што би дале ние дома. Од прилика 200гр а може и помалку од тоа. Така да манџа не верувам дека можеш да спакуваш, гледај нешто посуво,како мусака,ориз, растурена пиперка,ќофте ...зависи што јаде детето ,плус салата.
И јас мислам да прашаш мајки во странство, кај нас и во приватна храната е од таму. Јадење ставај колку што јаде дома
Здраво мајки И ние почнавме на градинка пред месец дена. Ќерка ми без никаков проблем оди и главна е таму , а синко на почетокот одеше така со резерва но не плачеше, а сега секое сабајле дома ни е 3та светска војна. Незнам што да направам за да прифати дека тоа му е обврска, дека мора да оди. Башка најкасно 8ипол се таму а накај 12 ги зимаме. Откако ќе го оставиме со плачки и влечење таму за 5 минути се смирува и не прави никаков проблем. Не не бара, не плаче се си е ок. Инаку насабајле почна со штрајк на непиење на млекото и со изговори не ја сакам таа маица , не сакам бели патики бла бла бла... пред нервен слом сум секое сабајле. Ааа и тоа да кажам дека среќен си оди од градинка и вика дека многу убаво си поминал, а секое сабајле иста песна. Имате ли некоја идеа, некоја финта што да правам
Игнорирање Колку и лошо да звучи кај мојов само игнор помогна, ма никакво објаснување не успеваше, поткуп кај него не пали, како тетка се расправаше. 20мин го возам до таму, по цел пат верглаше иста реченица и рика, вришти.. Пред врата го секнев, бришев и и го подавав на девојката, буквално за 5минути ми праќаше слика/видео каде он е свеж, заигран, окезен Билдај нерви и не попуштај, ќе мине, мојов наеднаш пресече, ваљда свати дека џабе му е рикањето Сега само збори Нека и не пие млеко, голем е, слободно нека го скокне, не дозволувај да се пазари. За аутфит бирајте од навечер, мојов е по модата, па ако не се договориме што да носи одвечер, цело сабајле ќе мине во бирање
Neznam.kolku e golemo ama.vo sekoj slucaj niti go zimaj porano nitu se otkazuvaj.Bidi uporna zboruvaj mu.postojano koga go oatavas i zemas bidi epten pozitivna ke se navikne mu treba vreme.
Го земам порано зошто така предложија учителките. Вчера кога го земав беше црвен во очите, денес пола саат подолго седеше ама бил подобар од вчера рекоа и кога отидов да го земемам стоеше со други деца. А да се откажам немам намера. Инаку 3 години и 4 месеци има. Денес бевме на игралиште и исто поразлично се однесуваше од предходно. Порано плачеше последен да остане не сакаше дома денес сам рече да си одиме порано. Се надевам наскоро ќе се врати во нормала.
Како успевате да ги запишете малите во градинка воопшто???,периодов запишуваат ли?,конкретно во аеродром ме интересира ;чекорче
Исто и кај него не пали поткуп. Проблемот е што јас повредив рака, во лангета ми е и неможам да го носам и со мајка ми прави како што сака. Проба и мм да го носи исто е Така правиме за облеката, одвечер бираме ама сабајле од што му се спие незнае што прави. Ете маичката со далматинци од вајкики уште ја нема носено, не ја сака и крај којзнае што си има замислено. Ама он инает и јас инает не се откажувам. Исто правеше и за шишање и на забар кога го носев но сега сам седи на стол Ме мачи, душа ми вади ама тоа е. Се надевам ќе преработи и кај нас со игнорирање. Ќе пробаме од вторник здравје. Фала ти
Мислам дека за секаде треба со врски, за жал. Еве нека пише некоја ако има различно искуство. Мојата ја викнаа откако фативме луѓе да убрзаат, а претходно 4 месеци беше на листа на чекање.
Здраво до пред неколку дена кога ќе застаневме со кола пред градинката не и се чекаше да испадне скокање од радост...од средата наваму пекол уште од дома кога ќе рече нејќе...синоќа поминуваме по улицава она вршите нејќе нејќе незнам шо да правам ги прашав непријателските ми викаат внатре си јадела,пиела,спиела...ќе ја поправам оти мама нејќеш...ама мала е да каже неполни 2гпдини има.... Ја однесов да и забаат за од уплав(јас верувам во тоа) човекот само што почна се препоти ЦЕЛ капки вода му капеа од косата ми рече само мн е исплашена.... Дајте совет жени,колку и да не сакам мора да оди
Колку го поминуваш ова? Нецела недела. Па и трчате одма по бајачки, па тој пот, па драми, верувала не верувала, малце реалност. Пробај низ игра да дознаеш што е работата зошто не сака. Пробај да го разбереш, не да очекуваш од уплав ќе му забаат и оп готово. Такви ситуации ќе имаме сите, периоди. Искрено некогаш не ми се верува што читам. Обично си стојам на страна, но треба и некој да ви каже. Има и други начини. Зборување, играње, многу време, разговор со воспитувачките, следење ситуација, разговор со педагогот во градинката, па само 3-4 дена се во прашање. Знам дека е детето малецко да соработува многу ама трпение. А не ви се плашат од тие што им баат?
Па после тоа кај си ја однела не ни очекувај да се подобри ситуацијата, може само полошо да стане. Сакаш да кажеш дека не и помогна човекот? Можеби треба уште неколку пати да ја однесеш. Штом тој не ти го решил проблемот како ќе ти го решиме ние?
Dete da odnesam na bajac gatac nikogas i jas edno vreme pred 30 god nesakav da odam na gradinka se so placki bev pa na bajac gatac nikogas ne me nosele