Ние во градинка носиме прибор за хигиена (тоалетна хартија, брисачи за раце, влажни марамици и сапун). Всопитувачката праќа известување на Вибер група кога ќе снема или става во ранчето на детето дека ни дошол нас редот да однесеме прибор за хигиена. Отприлика еднаш на два месеци ни доаѓа да однесе секој од нас. Децата од градинка секогаш излегуваат спастрени, наместени и чисти. Порано и ако се нафлекаа на јадење ги пресоблекуваа. Сега веќе секој решава сам дали се пресоблекува или не зашто групата е 4-5 години. На таа возраст веќе ги учат сами да се пресоблекуваат и да диплат алишта и сами да ги местат во ранчето. Исто е државна градинка во прашање. Реагирај во градинката. Мене градинката ми е навистина супер искуство. Ич не ми е за жал искуство. Сега ми е жал што тој период ни завршува набрзо.
Моето е во јасли, меѓутоа ниту еднаш дома не ми се вратил со црвено газе или со осип, а има брз метаболизам и кака по 2-3 пати во денот, што значи секогаш е навреме пресоблечен и среден.. Дури учителката ми кажа дека и ги мијат во газето ако е многу искакано, а верувам дека е така. Секогаш ми го враќаат чист и пресоблечен ако се исфлекал со јадење или ако се потурил со водичка. Средства за хигиена носиме еднаш месечно, влажни марамици, павловичева и брисачи за раце.
Ne ja opravduvam negovatelkata, samo deka na taa vozrast decata vo gradinka se veke posamostojni i sami se oblekuvaat. Za brisenjeto...nemam komentar.. Mene nikogas ne mi se slucilo so trite deca koi se od jasli vo gradinka, da mi dojdat valkani, ne presleceni, gnasni ili ispoteni... sekogas gi cuvale najdobro sto mozele. Sepak treba da si reagirate kaj negovatelkata i da i posocite. Veruvam nema da bide problem.
Само да пријавам дека мали после 3 недели пауза ради болест, почна пак да оди и тоа без плачки се надевам нема да смени. Презадоволна сум од пристапот на воспитувачките.во петокот дури и чао кажа и си ја фати учителката за рака.
Горе долу, цела тема ја читав, поновите мислења, барав чаре за мојот проблем. Син ми, 18 месеци, треба да го пуштам во градинка. Најверојатно ќе биде приватна, оти за државна треба да се родам повторно и да го запишам пред да се роди, пред и да останам бремена со него, така нешто отприлика. Како наближува време, јас не спијам ноќе, имам немири. Не знам дали ќе можам, јас да ја поминам адаптацијата. Многу ми е тешко. Се чувствувам виновна што го оставам. А нема кој да го чува. Со мм двајцата работиме, мајка ми работи, неговите се со други проблеми засега. Досега со ковид мерките одложував, но веќе не можам. Знам дека ќе речете, таму ќе му биде подобро и дека сите сме мајки, на никој не му е сеедно, но, ете.... И има ли некое дете да не се разболува на секое? Денес педијатарот ме доотепа, рече ќе имате болести
Син ми е 19 месеци. Одложувави јас многу долго време. Одеше 3 дена во септември лани, го отпишав. Сега во фебруари го запишав пак, како почнаа да се качуват ковид бројките, не го однесов ич. Ми се јавија дека ќе го дадат местото, а не можам да го изгубам местото зошто нема кој да го чува. Во меѓувреме работам од дома и секој втор ден имав нервен слом зошто имам захтевна работа, а он научи да ми гаси компјутер, да вика кога зборам на телефон, да не се заигрува веќе како претходно, едноставн досадно му е. Почна во градинка, се трескаше од земја, го слушавме под прозор како плаче сите 30 мин додека беше внатре. Учителките ни викаа дека мора полека за да се навикне и мора многу трпение. После 4 дена по пола саат се разболе. Закачи бактерија во нос, плус вирус. Јас имам генерално здраво дете, јаде, има добар имунитет, до сега само еднаш претходно бил настинат, температура ми качи сега прв пат. Две недели се лечеше и уште една плус седеше дома да се дооправи. Со страв го однесовме пак во градинка, учителката по тел не праша што игра дома и излезе да го пречека со друго дете. Плачеше првиот ден нецели 5 мин на одење и на земање. Внатре од одма се заиграл. Од вториот ден само кенкаше на врата, а денес сабота му кажавме сабајле 'дали сакаш да одиш во градинка', и се залепи на врата сосе ранец. Сфати дека има таму дечиња, дека е интересно, дека мама и тато ќе го земат.. он не е оделен од мене повеќе од 3часа откако е роден. Лично искуство е, ама чим он се навикна, мислам дека со добар пристап на воспитувачките, ќе се навикне секое дете. За болестите, и јас сфатив дека мора да се поминат. Ако не сега, ќе ги помине тие детски болести во првата прилика кога ќе се сретне со други деца, макар било и прво одделение. А имунитет мора да гради.
Во група од 3-4 год не верувам дека децата се облакаат/соблакаат сами. Уште се мали. Лошиот момент што го посочив е дека не беше детето бришано. Носиме и ние течен сапун, влажни марамици, бришачи и ми го оставиле мочано. Немам воопшто добро искуство со градинка, секако дека ќе реагирам, блазе вам со 3 деца што убаво сте го прошле градинка период.
Do vospitackite e toa... Ne se sekade isti! A i kaj nas so prvoto dete imavme na pocetok takva ,pa ja trgnaa posle poplaki vo rok od eden mesec. Zapnete se, se se Resava!
@BirMelek мојов 4м ниту еднаш не се разболи, цело време си иде Ништо не давам за имунитет. Е сега поголем е од твојот, 3.5г ама сега за прв пат е пуштен во група.
Се расположив малку Мислам нема врска возраста.Не ми е поткрепено со факт ова мислење, чисто онака од искуства, гледам се разболуваат и помали и поголеми. Искрено, се надевам да имам и јас искуство како вашето, барем приближно, барем од тој аспект да ми олесни нашето "разделување". За имунитет не давам и јас, ни на големата ни на малиот. Него се уште го дојам, тоа ќе продолжи, ако е се во ред, па се надевам да му биде од помош. Кој и како ќе успие мое дете, да ми је знати
На познаничка детето 7-8 месеци одеше без да се разболи, имаше мрсули чат пат ама кога додека не крена температура си одеше. Тргна на годинка. Инаку иако еве имам јас позитивен пример во околина, искрено исто ми е страв за моево бебе, од септември ќе тргне, ми се чини иста возраст се со твоето. Исто ме плаши што моево кога и да било во контакт со други деца, најчесто настинувал. Индивидуално е, ќе видиме како ќе бидат..
Да, тука некаде се неколку дена разлика. За што побрзо да се мислам, за неговото психичко или физичко здравје. Само кај мене, татко му и тетка му не плаче. Друг никој не сака да види. Досега е настинат еднаш, односно 3 дена беше со тт и тоа е се. Моја лична желба и став е детето да се пушта од две години,ама немам избор, како и многу други мајки, не сум единствена знам. Немам време ни до септември,утре го запишувам.
И јас мислам нема врска возраста, ама ете да спомнам, плус твојот па има постара сестричка, мојов контакт со деца никаков.. Ќе се успие и ќе се изначудиш Јас мислев едвај ќе се адаптира мојов, сем со мене со никој не седеше, ни со татко му, па за некои 2недели минаа скрос плачките.
Успеа одма да го запишеш во приватна без чекање? Нас не примија во Буба мара во Ново лисиче за од Септември. И мене срцето ми е лешник од разболување
Не се секирај, навистина не мора да значи. Мојот беше најнесоцијализан, само дете, прво внуче од двете страни, корона време коа пркна, редовно оди од септември. Бил болен ама не е страшно, проаѓа. Да не зборам за предностите колку е среќен сега таму. Навистина секое искуство е многу индивидуално.
Успеав на среќа. Ме одбија од неколку, ме одбија и од оваа и после ме побараа, некое дете одложило за септември. Вчера ме побара врската од државната, за од септември и мене, ама реков засега приватна, немам "луксуз" со септември да чекам. Ама, јас не сум од Скопје, за Битола зборувам, каде што само неколку приватни примаат бебиња, другите приватни се над три години. А, државните ги водат најискомплексираните суштества во градов, веројатно така собрани се, како услов да било...
Знам за твоето. Те читав редовно. Врсници се нашите, и ме радува што се привикнал супер. Ќе пробаме и ние, се надевам дека ќе сака да оди и ќе биде добро. Барем имунитет на татко и да има, ако се друго е на него
Мајки како ги заспиваат дечињата во јасли? Треба да тргне на 11м сега сеуште се нишаме не очекувам таму некој да го ниша ама ако не го научам сам да заспива до тогаш зарем секој ден треба да го зимам ако не заспие во 12 часот? Ми кажа блиска секој ден и се јавувале да ја земе малата пошто незнаеле да ја заспијат
Неможе да не знаат да а заспиат туку по лесно му е да се јават. Моето дете е 2.5г и кога е со мене заспива во раце, таму си заспива сама. Некогаш и пеат песничка, некогаш ги нишаат за газе битно заспива. Ќе си најдат они начин тоа му е работата. Таман работа да го зимаш во 12 цело време . На почеток секако нема одма да биде со спиење, прво да стекне доверба да се опушти па после ќе си дојде само тоа.