Не мора да значи дека ќе се разболува често. Мојата 2, 5 години оди во градинка и до сега неколку пати се има разболено и тоа само нос и течеше и поткашлуваше. Еднаш пиеше антибиотик. Не се мали. Кај ќерка ми сами си облекуваат пижами, барем таа така кажува. А ја гледам и дома сама се соблекува и облекува. Ние секој месец носеме влажни, 2тоалети,брисач и пластични чашки. Никогаш не сме ја земале неизбришана или мокра. Само понекогаш блузата ѝ е малку валкана од јадењето, ама не е страшно тоа
Ќе им кажеш дека заспива во раце и да го нишкаат за да заспие. Постепено нека пробуваат да го навикнат сам да заспива во креветче таман и за тебе полесно. Не може да ти се јавуваат да го зимаш заради тоа, ќе се пожалиш кај надреден.
Да споделам искуство после првата недела во градинка за беба моја, 2 и пол години. Првиот ден на почеток беше супер, играше со играчки ама не се дружеше многу со други деца. Ја гледав на камера околу половина час (приватна градинка во странство, имаат камери во секоја училница достапни за родителите). Баш кога престанав да гледам за да тркнам до банка почнале плачките. И тоа цел тантрум, претала со нозе со се Кога појдов да ја земам по еден час преплашени беа во градинката, а беба објави дека не сака никогаш повеќе да оди таму Зборувавме дома зошто се растревожила, ми кажа дека мислела дека сме надвор и тргнала да ни раскажи како било, ама не ја пуштиле. Се објаснивме дека не ја чекаме надвор, дека во 10 ќе ја земиме и се согласи пак да оди следниот ден. Од тогаш секој ден е се подобро. Се вклопува во игрите, учествува активно. Се расплакува на почеток и пред земање, ама ја галат по косето и се смирува. И децата ја смируваат, и даваат играчки и ја галат. Остана до 12 во петокот и денес исто. Плус не одбива јадење таму, јас сум задоволна. Се надевам дека нема полошо да стане следните недели
Мене уште сега ми е страв како ќе биде во градинка а тек 3 месеци има. Во декември би требало да почне здравје на 9 месеци. Немам друга опција за жал мора градинка. Ем мала ем зимно време настинки еден куп којзнае како ќе биде. Баш и јас тоа се мислам како ги успиваат волку мали. И по колку деца се во јасли во група по државниве градинки? Некоја со искуство во населба Ченто?
Кај нас у јасли некое у нишалка оние како релаксатор, некое у креветче, некое у раце со нишкање гушкање... Мојата уште се успива само со мене, ама ете таму си се успиваше супер. Сега веќе е голема ама пак дур не седне кај мене да ме гали за образ не заспива, а во градинка се успива сама. 3ги 8 месеци е. Јас искрено сум презадоволна од нашава градинка и второ да имам и на друг крај од град да сум пак ќе го пишам тука.
Па и јас мислев дека пробуваат да ги научат во креветче, не очекувам јас во државна да го нишкаат ама постепено да се прилагоди не да ми го враќаат
Јас сум видела кај ќерка ми кога беше во јасли како ги нишкаат некои деца во раце. Ама се зависи од негувателките.
Ама ти не си ги намалувај очекувањата само затоа што е државна Тие се вработени за тоа, уредно платени и имаат огромна одговорност. Нашето најмило им го оставаме на доверба и треба да се грижат најдобро што можат така? Без разлика дали плаќаме 1500 или 15000. Ќе си кажеш фино лепо и за ова, и за се друго што треба. Додека ние мајките прогледуваме низ прсти, тие се повеќе сила ќе си земаат. Ич да не се потресуваш што ќе мислат или што ќе кажат.
И во државна се прилагодуваат. Конкретно за јасли, им кажуваш дека не заспива само и му помагаат на детето. Кај мајка ми лежат до нив, ги тапкаат, ги галат и слично. Мајка ми вели дека брзо се адаптираат затоа што претежно копираат што прават другите деца.
Дај боже може ќе се научи таму сам да заспива па и дома ќе ме спаси, мене ме исплашија дека ако не заспивал сам се јавувале да си го земеш, а не верувам дека сите деца што тргаат во градинка имаат навика сами да заспијат
Јас да се уфрлам во разговор, а зошто не почнеш да го учиш дома сам да заспива. Син ми заспива сам. Му врзувам играчка за креветче кога ќе го видам поспан и се заигрува и заспива, ако е многу кенкав во релаксатор му пуштам песнички му читам нешто и со тек на време заспива па го носам во креветче. И он плаче ама не го земам во раце ќе се измори и ќе заспие. Или го кревам да се смири пак го враќам. И во градинка ако плаче не ги креваат одма се учат сами да се смируваат. Почни малце по малце одучувај го од нишкања. Јас 5мин ќе го држам раце ми паѓаат не знам како издржуваш па и ноќе и дење да го нишкаш. Сега и лето ќе дојде рачунај жешко ќе ти е тебе па и него и само ќе се напнувате. Почни со читање, пеење остави го во креветче биди до него ама не го кревај на прво плачење. Верувај ќе заспие... по мое искуство колку е повеќе во креветче игра и се занимава толку полесно и ќе заспие.
Па мислам дека не се препорачува летно време ,зошто нема толку респираторни вируси и настинки како на есен и зима.
Пробувам ама не бива по 2 саати плаче, ако го кренам ќе се смири го спуштам пак одново, да не го кревам седела не седела до него вреска и по 2 саати не заспал. Епа немам душа да го гледам да плачњ толку време. Во релаксатор неможе станува го тргнав пошто ќе се преврти. Верувај сакам да го научам и ради него и ради себе дури со саати лежам со него така да пробам ама и тогаш заспива после саат ипол со плачки врескање и се со ред
Мојава носи платнени сандалчиња со покриени прсти. И други деца гледам носат така. Ама па заљубена е хулахопки, чорапа не сака бре да види Порано, не можеше хулахопки да смисли. Изгледа од нив директно на босо ќе одиме.
Можам да замислам. Опреми се со играчки пробај да си игра во креветчето ја го оставам и си изчегувам од соба и на камера го гледам да не се повреди. Секој ден малце по малце и кај мене не беше преку ноќ. Значи мм имаше период кога се уфилма и го успиваше на раце ( од бебе што никогаш не било на раце заспивано) и се навикна бебе па морав и ја еднаш, два пати и се напнав реков нема шанси му забранив и на него иако убаво му било ама тоа е утре ако го чуваат бабите не знам дали ќе можат толку да го думкаат и мене ќе ми ѕвонат да си дојдам дома... тоа сакам да го избегнам. Само пробувај со играчки изнакупи нови секој ден по нешто ново давај му. Нека се научи дека е негов простор тоа. Ако е преуморен џабе. Јас го ставам во игрална се преморува после во креветче уште 30мин и така заспива. Има во џамбо висечки играчки се врзуваат по 200 300ден се тие мислам дека ми се спас што се научи сам да спие си ги фаќа, тегне се изморува од нив. Некогаш само 20 минути ми спие и ќе се разбуди ама тоа е не го презаспивам ќе се доумори за 2часа и пак ќе спие.
Нина те читам од вчера се секираш. Моево дете 90% заспиваше само со цицање. Некогаш и во кола ,количка. Тргна на 13м во градинка и од третата недела почна да заспива во креветче. Негувателка го галела или нишкала по газето. Си цуца и цуцла. Јас и ден денес не можам да се начудам како сам заспива,но ете таму од спијачка атмосфера понесен си спие Немај гајле ќе се научи во градинка.
Не знам како ги успиваат, ама денес прв ден и ја успале. Инаку дома заспива со цицање, ако ја оставам на друг со цуцла, а не ја носевме цуцлата во градинка зошто инаку не ја ни сака. Само што наполни 9 месеци, и ја оставивме 2ч.
@SkarletOHara Ви посакувам лесно прилагодување. Како ви рекоа на почеток колку време се носи само по 2 часа, кога се зголемува времето? Немам претстава колку време би било потребно за да почне по цел ден да седи 9 месечно бебе. Рано ми е мене ептен, ама морам уште сега да мислам да се покриеме за чување некако барем тие недели. Во исто време она ќе почне со градинка јас со работа.