Јас имам неколку дена од одморот користам барем овие 2 недели додека се прилагоди. Најмногу зависи од детето, според него ќе се договарате со учителките за часовите. Со големата немав големи проблеми, исто со точно 9 месеци ја оставив веќе 8миот или 9 тиот ден ја оставив да спие значи до 14.30 - 15.00 часот. Сега се погоди истата негователка од сестра и, се прерадував кога ја видов, жената не може да биде подобра со децата. ❤️ Знам дека е во добри раце, се надевам брзо ќе се прилагоди.
Коа се научи мојата да се успие сама во градинка, сите ќе се научат гарантирам! Дома сепак не заспива сама, ама таму нема проблем. Ама големка беше кога тргна, година и девет месеци беше, не беше баш бебе.
После колку време остана на спиење? Мојоево дете ок е прилагодено ама за кратко да седи, по 2 часа. После тоа почнува со плчки, па не знам кога ќе зголемиме време..
Не, свекрвица е одговорна за набавка и чување на храната. И моето веќе 3 недела остануваше на спиење.
Остави барем една недела з априлагодување во градинка пред да почнеш на работа. Првите неколку дена секако ќе седи само по неколку саати. Не знам како ако одиш на работа ќе организираш носење/земање. Или види опција помош од друг да носи/зема дете во градинка барем превата недела. Обично за да остане цел ден треба минимум две недели до месец дена.
@JoyJoy Да знам, обавезно ќе се организирам некако, еден месец да сме покриени барем. Само страв ме фаќја дека декември зимно време, настинки. Ама ќе се чуваме некако мора.
Сабајле кога ја чекав да ми ја дадат слушам под прозор плачење она ќе да беше, ама јас некако мртва ладна, вака од кога останав бремена се спремам психички за јаслите, изгледа ептен сум се спремила, воспитувачката излезе повеќе потресена од мене, сите ме прашуваат како? Па како може што ќе прави бебе од 9 месеци со непознати. Нормално е дека ќе плачи барем првите денови нели? Тоа е кога нема друга опција.
@Milkiway дали може да ми пишеш пп, јас не можам, би сакала нешто да прашам, доколку може се разбира.
Ај ве молам ако има некоја мајка која ја одложила ммр да ми пише дали ви направиле проблем при упис во државна градинка? Може и во лп. Фала
Мами ќерка ми почна во градинка со 9 месеци, бебе, дома ја нишкавме во корпа (нишкалка), заспиваше со цуцла.. таму друго бебе, лежејќи заспивала, децата ти се чудо, гледаат едни други, денот им е преполн со активности, јадат и се успиваат како и остатокот од групата.. Дома немаше шанси без нишкање да заспие пример, во градинка немала проблем. Така да, не се секирај, ќе се навикне на ритмот на градинката. ♡
Малиот кога одеше во првата градинка така гледаа да не ‘откачат’. Немало активности во лето, повеќе деца и возрасти заедно. Зашто да сме го носеле ако имало кој да го чува.. После во Срничка цело лето одеше никој ништо не кажа
Не. Само кажуваат дека немаат едукативни активности тој период и дека може да се случи да се мешани групите. Претпоставувам во КОВИД нема да смеат да мешаат групи.
Нас само не прашаа дали некој планира да не носи дете. Јас ја ставив на режија во август, малку на одмор ќе одиме, малку кај моите и поради тоа.
Мене денес ми рекоа дека чекале нов протокол до 15ти јуни,за да видат како ќе се организираат за летово. Режија значи дека нема да оди воопшто детето тој месец и се плаќа минималец? Тоа треба однапред да се најави? Што се слулчува ако сум рекла дека не оди,а имам потреба да го однесам?
Жени помош Син ми одеше 5 месеци без проблем во приватна градинка, значи плачеше за да излезиме од дома едвај чекаше да оди. Сега го примија во државна и го преместивме. Првиот ден одеше 4 саати без плачење воопшто, вториот ден без проблем си заспал сам, третиот ден ми звонат учителките дека плачел цело време од 8 до 12 и да одам да си го земам.. Плачеле сите деца во групата, како демек од него, и од тогаш како трауми да има детево само шо ке ја види градинката плачи корни едвај го оставам. Шо се има десено незнам, нема ни да дознаам секако, само знам дека тој без причина никогаш не плачи, цел ден му бил в раце. Денеска го однесов пак со плачење и му носев нови пижами, негователката нејкеше ни да ги земи вели секако тој не спие и земете го во 12 имаме состанок. Како неможат да залажат 2 годишно дете и да му го одвлечат вниманието незнам, ама очигледно никој ни не се труди туку така се оставени сами на себе. Јас си го знам детето дека можи да седи со било кој само да му е исполнето времето.. Значи буквално осеќам како детево воопшто не ми е прифатено, незнам дали да реагирам некаде, ми е страв да не го замразат па полошо да направам