Реагирај...не смееш да оставиш така. И мене ми се има случено да ми кажат земи ја, не спие ама тоа откако ќе пробаат се. Нареден ден пак викаат ако има нешто ќе ве бараме и ако се успие ми пишуваат заспа не ја мисли. Периодот кога плачешена носење, воспитувачката стално ме тешеше, мајка оди, не се секирај нормално е, ќе ја средам јас. Тука ме советуваа да ја носам дури и по пижами и така и ја носев, никогаш немало проблем. Ќе нагласам само не и е сменета пелена, нема проблем сега ќе смениме.. Милион ситуации каде што ми излегле во пресрет. И многу си ги сака.. една да не е на работа одма плаче и ја бара. Таа мора се да направи за дете да се привикне и да ја слуша, а на овој начин само ги одбиваат децата од себе.
Фала ти мајка. Премногу се нервирам и стварно ми е криво, детево многу лесно се адаптира ама овде излезе проблем. Денеска еве ке го земам ама утре ке им речам нема кој да го земи, па нека се потрудат малку.
Се му е сменето на детето, сега како од ново му иди и мислам дека потешко ќе му биди прилагодувањето, за тоа што не се трудат воспитувачките буни се, речи му, ама за детето е скроз нова средина.
Нова средина, ги нема другарчињата што си игра, ги нема уителките... се е ново. Заради страв од ваква ситуација, кога конечно ја отворија градинката у маало, на 3 минути од дома, не ја отпишав малата. Ми беше страв од тоа како ќе се одрази на неа. Пробав да ја носам во државната од надвор, не пуштија и у двор, ама кога ја прашував, вика, оваа е убава, ама јас ја сакам мојата градинка. Не сакам да и направам траума оти е многу осетлива, и решивме да си остане уште две и пол години у приватна, а за у школо и целата промена имаат програма у градинка за подготовка за да нема стрес. Некои деца пак не се токлку осетливи и немаат проблем со промена на другари, градинки, учителки... ама кај осетливите треба да пазат и учителките. Не е само до учителките, у моментов е промена на средина. не знам колкаво е, ама пробај да му објасниш некако зошто каде како... да се спреми. верувам досега сте го спремале психички за ваква промена. Му било убаво и сега прекинало тоа и додека навикне на новото место ќе биде вака. Додека најде другарче да се врзе со него. Или учитеките да седат со него колку што можат најмногу и да му помогнат.
Ако не се лажам од Битола и ти си. Во која државна го запиша? Ние почнавме мали чекори од денес. Ќе биди тешко финансиски, јас двете ги носам, ама тешко дека ќе се адаптираат и ваму, не па да сменам. Требаше државна од старт, ама немаше место.
Уште на почеток сте направиле грешка, од старт сте го оставиле предолго. Ќерка ми одеше во приватна градинка, има 2,5 години, решивме да ја преместиме во државна градинка, и дента пред да тргне кога отидов да се видам со воспитувачката ми кажа првиот ден да ја оставиме само пола саат. Искрено ми беше чудно, кажав дека доаѓа од друга градинка, дека не правела проблем досега, дека нема да може долго да трае адаптацијата само два до три дена, но сепак тие инсистираа. Јас искрено бев разочарана и лута, но сега (по десетина дена) гледам дека имале право. Првиот ден ја однесовме во 9 часот и иако не сакаше да си дојде со нас остана само пола час. Следните два дена остануваша по еден час. Потоа зголемивме до 12, ручаше, па ја земавме и така десетина дена. Ја прифати супер градинката, сака да оди и утрово сама побара да и ставам пижами за да спие таму. Се договоривме доколку изрази желба да остане да спие, ако не да се јават да си ја земеме. Само што ја зел татко и, спиела јадела и убаво си поминала. Зборот ми беше дека требало постепено да оди адаптацијата, барем неколку дена, зашто на почеток не се свесни што им се случува и потоа даваат отпор. Секому промените тешко паѓаат посебно на децата. Не треба да се откажувате, но доколку сте во можност да го оставате пократко за да се навикне. И уште нешто, во приватните градинки посветуваат повеќе внимание, за детето што побрзо и полесно да се адаптира, бидејќи тоа е во интерес на двете страни, државните се друга приказна, па треба малку повеќе соработка на родителите со воспитувачките за да ,,тргне работата“.
Конечно и моево почна во градинка, ова коронава се ни поремети. Прв ден, четврток, радосен дека оди во градинка. Па не сакаше да влези, одма се исплаши од топломерот, ич не сака. Ајде се излажа со друго детенце си влезе внатре и си викам ко за прв ден супер по 2 сати одам да го земам, потечен од плачење, вика воспитувачката цело време плачеше, едвај да се смири на кратко. Само шо го зедов ми рече "не сакам појќе да одам" другиот ден петок, кога рече не сакам да одам и крај, плаче рика, во воздух ја крена зградата. Ајде попуштив, си реков од понеделник ќе пробаме. Денес едвај го однесов, да влезе никако не сакаше, ајде го зедоа, се откорна од плачење, јас готово, кнедла во грлово. По 2 сати одам, доаѓа среќен, добил 2 петки, го испофалија дека бил многу паметен и не плачел, си играл, јас посреќна од него. Па на сите им кажа кај бил, утре пак ќе одел... ќе видиме, дај боже да нема драми, многу тешко прифаќа непознати. Оваа недела ќе оди по 2 сати, па после ќе зголемиме. Се зависи од него како ќе се прилагоди. Туку сакав да прашам дали им давате нешто за имунитет? 3 год и 8 месеци е, до пред 2 месеци пиеше молерс, прво супер си го пиеше после почна да глуми дека не било убо, а супер му одговараше, во цела зима еднаш настина.
Во мали чекори беше и син ми, преубаво му беше таму едвај чекаше да оди. Сега му дојде ко од коњ, на магаре.. Превозот ми е проблем инаку пак би го вратила таму.. То е, со нивна дозвола остана на спиење башка и самиот сакал си заспал не го присилиле.. Не ми трпи мене работата да излегвам секој ден во 12 да го земам и да се чуваме. Значи јас вервам дека ако малку повеќе се потрудат ке остани и на спиење, си го знам детето, многу лесно се адаптира со секој човек само да му е исполнето времето. А не препуштен сам на себе мн нормално ке ме бара, па и ако слушнал викање се има исплашено.. Еве денеска бил супер, имале приредба, ми кажа дека боеле со боици, насмеан беше ко го зедов душата ми ја исполни. Дете како дете, малку му треба за да е среќно, само на некој му е тешко да си ја работи работата, тоа ме нервира.. Значи 9 деца се со 2 воспитувачки можат да се снајдат и те како, само ако сакаат. Морам со убаво да ги фатам, друго чаре нема, а колку само мразам улизување.. Фала ви мајки
Moj sovet ti e premesti si go ako imas uslovi pak vo privatna gradinka I jas mojata kerka koga ke ja zapisuvam vo gradinka dogodina zdravje boze ke sakam da ja zapisam vo privatna gradinka
Не можам, инаку немаше да го преместам. Инает ме фаќа, ќе пробам со убаво ако не пали ке реагирам кај директорката, да си играат со мое дете нема да дозволам.
Не знам зошто автоматски мислите дека си играат со детето. Ако врискало со саати, сигурно пробале да го смират па потоа ви се јавиле. Јас како мајка повеќе би сакала да ме побараат отколку да се трудат неуспешно со саати и саати, а детето да не се смирува, туку само да се нервира. Грешка во старт ви е оставањето 4 саати. Нова градинка, нова средина, нови деца, нови учителки. Додека сфатат децата што ги снашло и потоа даваат отпор. Затоа се оди со 30мин-1 час, па се зголемува постепено според однесувањето на детето.
Мајки здраво, дали имате инфо за тоа дали почнаа да ги примаат и оние дечиња со еден вработен родител, или уште бараат потврда двајцата да се вработени?
Не зборам за тогаш, мн нормално дека и јас сакам да ми се јават ко ке не седи. Ама еве сега уште во 12 ми велат да си го земам, ни ручек ни ништо, како ке се навикни ако не пробаат пак. Најлесно е јави се дојди земи си го..
во приватните лесно се адаптираат децата, во државните се специјален режим треба. Ај многу деца, ама сега не се многу
зависи од дете. Имам роднина на кое детето до ден денес и оди со плачки во приватна градинка. За почетокот да не ни зборувам како им беше. треба да се потрудат, но во овој случај оставање 4 саати во скроз нова средина е огромна грешка.
Така е, во тој случај побарај да зборуваш со директор на градинката. Стресно за сите, но треба да се потрудат.. ништо не правиш ако си го земаш секој ден
20 деца во група се сега. Не се малку. Кај син ми во група толку беа и пред Ковид, толку се и сега. До пред две-три недели беа 15 деца во група. Инаку адаптацијата зависи и од детето и од родителите и од градинката. Јас лично знам дете што никогаш не се прилагоди во приватна градинка па и ја менуваа градинката. Знам и луѓе што се позадоволни од државна градинка отколку од приватна и обратно. Од моите пријатели сите што имаа прво дете во приватна градинка вторите во државна ги запишаа. Не е се така црно/бело.
Жената пиша дека се 9 деца. Јас зборувам за конкретен случај. и јас мојата во државна ја оставив до 12 од прв ден. Еднаш не рекоа дојди, земи ја. Овие не ни пробале да ја смират, дојди во 12. За вториот случај. Нормално дека второто ќе оди во државна кога за едно дете е 15к. 500 за две. Па не е баш малку.
Моето оди од 10 фев во државна, 20 дена во изолација беа во март, уште не опуштен салам ама таков е по природа, не се опушта лесно со деца посебно, не е како на почеток се дружи сега, се вклучува во група ама пак не е скроз опуштен, еден период не плачеше на оставање сега пак плачи и е залепен за мене по дома од јадење таму претежно леб е и ужинките благи Се на се имаше тежок почеток, не плачеше внатре мирен бил ама беше тажен и настрана стоеше сам. Како што гледав на слики Сега да треба да се префрли моево мислам дека ќе биди невозможно, како што го гледам.
За конкретниот случај во ред. Ама јас сфатив општо дека пишуваш зашто пиша само во државние има драми во приватни не. Инаку случаите со второто дете е за деца со возрасна разлика. Едното оди во школо другото во градинка. три такви случаи знам од блиска околина. За едната со сигурност знам дека била разочарана од приватни градинки (три сменила жената). Второто дете одеше во истата градинка со моето и презадоволни беа. Другите не сум ги прашала зошто не во приватна пак.