Ние почнавме. Во множина зборувам оти се адаптираме цело семејство. Ќерка ми е одлична, си оди, јади, се дружи и среќна е. Два дена ова, рано е за впечатоци. Ама мислам ќе ја биде. Инаку има, 4 и пол години, прв пат оди воопшто. А син ми..... Денес втор ден, никаква разлика во плачењето, плаче од почетокот до крај. Вчера седеше пола саат, денес саат и десетина минути отприлика. Пробале и да му дадат ручек, не бре брате, одбивал. А јаде, дома немам никаков проблем. Иако е само два дена и се уште е рано да се каже, јас мислам дека многу тешко ќе му оди. 18 месеци е. Да си плачам или да се стрпам, прашање е сега
Со среќа. Ќе се навикни без гајле, таму ги чуваат преубаво, само му треба време. Ехх колку ми е мака за таа градинка
Можеби малку глупаво прашањето ама јас стварно сум во недоумица. Бебе од 9 месеци може ли да тргне во градинка сега? Упорно ми ја запнале МРП-то и дека неможе без неа а после година е таа нели. Дури воспитувачка во градинка на мм рекла ааа не ништо без МРП. Дај малку просветлете ме
Прашав во Чекорче Аеродром, ми рекоа дека толерираат до 15 месеци. После тоа мора да се вакцинира и да седи дома 3 недели од вакцина. Мрп е на 12 месеци и не може како услов да го стават на 9 месеци.
Mrp se prima nekade okolu 1 god nie ja primivme po prviot rodenden rano e so 9 meseci da ja prime mrp
Mislam deka veke ne vazi deka deteto treba da e vakcinorano so mrp da ne ti pravat film poradi mesto poradi leto..... Mojata e zapishana bez mrp a e bepolni 3 god
Ќерката кога одеше во градинка, да правеа притисок и тоа не само во нејзина група, сите договорени, на фин начин, ама секој ден од мај почнуваа "ако можете некако да се снаоѓатр летово, џнаете по одмори сме, многу деца веќе НАЈАВИЈА дека нема да идат летово, ќе се групираат групите ќе им биде неубаво на тие што ќе останат, да гледате некако да се снајдете. Мојата одеше, цело лето, освен тие денови кога јас користев одмор.
Ќе се прилагоди. Супер возраст е. Мора само упорност и трпение. Нема деца што не се прилагодиле, има родители што попуштиле. Еве и мојата бебе, два дена го пуштам татко и да ја остави. Денес со него без плачки ја внесоа. Тажничка е кога се враќа дома, ама ќе издржиме сите заедно.
За мало дете тие месец/два може скроз да смене и да влијае на адаптацијата. После и за нив ќе биде потешко со плачки и тегавења. Така прво ми искоментираа за зимото демек ладно, сега и за летото. Како и да е јас ќе ја носам.
Абе бебево ако има кој да го чува летово ќе го чува и пролет и есен, не го носам за мој кеф нс 9 месеци. Јас знам дека и на нив нр им е лесно, посебно во јасли. Ама нека се обратат таму кај што треба, нека бараат плус една вработена, нека бараат повисоки плати. Јас не сакам со чувство на вина да ја носам секој ден, а така прават со некои нивни коментари. И јас не сум среќна моментално со мојата работа ама не истурам на странките.
Заради користење годишен одмор им е. Плус на лето примаат и деца кои одат во школо (до трето одделние мислам) и нема кој да ги чува. Затоа гледаат ако може да се намалат групите. Инаку на лето стварно во групите остануваат малку деца, особено Јули до средина на Август. И нормално спојуваат групи и претпоставувам дека јасли им е најтешка во тој период зашто се мали да ги спојуваат со други. Затоа прават некој вид притисок. Ама ако им речеш ќе го носам не смее да не ти го примат.
Годинава нема да спојуваат групи, и да мешаат деца како претходните години. Ќе одат на одмор една по една воспитачката и негувателката. Па ќе им дојде напорно една на 20 деца на пример. Затоа бараат од родителите да не ги носиме децата ако може тој период.
ке се навикне..не грижи се..само внимавај да не фати ларингит од многу плачење.следи го кога ке е дома..син ми почна пред два месеци на 2 години и три месеци и по малку плачеше но олеснителна околност беше што и керка ми одеше во истиот клон па нон стоп му зборевме за дада му и колку и било убаво а плус кога ја носев неа го носев и него...презадоволна сум од учителките кои како со керка ми така и со син ми се однесуваа трпеливо и смирено и со кои можев да разговарам за што и да било во секое време..
Леле, а баш денес го приметувам како зарипнат ми е. Дефинитивно од плачење. Што друго да следам? Премногу се плашам од ларингит Немам искуство, само од слушање знам дека е страшно. @MACKICA1902
Да те прашам а тие 3 недели како ќе се регулираат да се снаоѓаме сп чување или има и боледување за тоа?
Како и се друго во државава... Снаоѓај се. Јас сега почнав со работа и имам само 5 дена одмор, ќе ги чувам за барем една недела од тие 3 да бидам дома со него. Мене така ми кажаа во Чекорче кога прашував информативно, инаку моето во приватна е. Кога ќе дојде ред за ммр баш ќе ги прашам дали и кај нив важи тоа правило 3 недели.