Зависи која градинка. Сите различни правила си имаат. Другарка ја вакцинираше ќерката минатата недела, од градинка и кажаа само наредниот ден да не ја носи. Градинката е во Бутел.
Јас го носев во градинка и после вакцината, тогаш бевме на адаптација, немаше шанси да му ја прекинам. Мене на вакцини ми рекоа да не оди во градинка 3 недели, јас го носев на мој ризик, зошто секако немав друг избор. Па за среќа добро поминавме, немаше реакција и во тие три недели се адаптира. А за другите вакцини, практикувам да го носам во петок, во случај да има реакција, викендот сме дома секако.
посета на доктор би било најдобро..не значи дека ке се влоши ама за секоја сигурност доктор..Керка ми почна мала во градинка на 9 месеци.. од плачење и се фати грлото па почна кашлање со шлајм па бронхит и завршивме во козле и затоа од тогаш поука си имам ако забележам некакви промени веднаш на доктор..така со неа и со син ми
Муабетот ми е притисок треба да прават на друго место, не кај родителите. Во ред е да кажат еднаш, ова беше баш баш убедување. Многу ја почитувам градинката како институција исто и вработените таму. Детето ми порасна во градинка, и со љубов се сеќава на тој период. Многу научија таму, и дружби играње. Ама како во секоја професија и тука има залутани. Да не се погодат такви Едно лето на замена кај ќерката, споени 2 групи, вкупно 8-10 деца. Женава нервозна, муабети да јас ќе им ги чувам они нека се прчат дома, спење од 12-14 после тоа не им дозволувала да станат од кревет додека не дојдат по нив. Почнаа деца големки да се помочуваат оваа памперс им барала на родителите. Додека сфатив што е работата, уствари ќерката додека кажа дома. Исто немале програма летото. Колку пати ќе си дојде, леле мамо зошто не пееме песнички веќе во градинка? Треба да ти е во програма за да им испееш песна кажеш приказна? Толку часа си со децата таму или ќе ги казнуваш нив зарадинтоа што ние се прчиме дома. Или денес добив коментар повеќе звучеше како наредба дека ќе сум морала да ја одбијам за да се прилагоди во градинка. Фала многу. Сум за да помогнеме и ние колку што може за да олесниме престојот ама не може вчера да ме прашува кога мајка ми ќе оди во пензија, претходно да ми вика читај дере дека детето е многу мало, денес да ми наредува да ја одбијам. Испаѓа ние што неможеме да си платиме жена дома не требало да родиме ама и тие некои не требало да се вработат таму.
На мојата и се фати гласот, бевме доктор само сируп и даде за кашлање, ама беше баш онака ладна дека не е ништо и да си оди нормално во градинка, и дека секој месец вака ќе биде. Дали пак да барам друг доктор да ја види?
Не знам што и е на твојата не прочитав ама вирусов што кружи да не е таков? Зашто моево беше со зарипнат глас, малку црвено грло и поткашлува. Сестра ми пред некој ден исто, јас исто. Едно дете од групата на син ми во градинка исто е дома со ларингит.
Таков вирус кружи. Јас добив ларингит. Прво имаа растечен нос син ми и внука ми (она прва). Нив двајца за среќа им помина само со растечен нос. Мене убаво ме подбра. Се инхалирав со дексаметазонеден ден за да ми се врати барем малку гласот. Исто и јас пиев антихистаминик (лек за алергија) за да ми се смири отокот на гласните жици.
Синко денес прими МРП и го запишавме во градинка. Здравје, тргнува од септември. Сега има 12 месеци и 8 дена. Малку паника ме фаќа како ќе се прилагоди, бидејќи ептен е приврзан за мене и мм. Се тешам дека до септември, малку ќе потпорасне и кога ќе види дечиња, ќе сака да оди во градинка.
Дали има некоја мајка искуство со дете кое посетувало градинка,но откако фати пандемија-не го носи, но редовно плаќа паушал(за државна градинка,скопје)...Дали кога решивте да го вртите детето во градинка,ви направија проблем дека нема место ниту во градинката,ниту во групата?
Да, во феврѕари немаше место во неговата (15 деца) па го ставија во поголема група, одеше 8 дена па повторно паузиравме додека се смири третиот бран. Сега рргна пак во истата група како тогаш иако се зголеми капацитетот
Како шо е редот, денес, по само три дена во градинка и тоа на адаптација, син ми е болен. И тоа болен, со мрсули до колена, му се собираат во грло и кашла, не може да спие, а згора на се, качи и тт 39. Од здраво дете, силно, јако, сега веќе влезе во бубањот на болести од градинка. Тоа е, за нешто е добра, за нешто не. Мислев барем две три недели ќе тераме, а тоа 3 дена. Сега сме дома, после наново пак, никако нема да престанат плачките вака. Се испукав, фала и добра ноќ!
Имам едно прашање, па ако може некој да ми одговори? Синко од септември ќе биде во јасли. Покрај пелени, влажни марамчиња, крем, папиња, облека за пресоблекување, што е уште потребно?
Мајки од кога ќе ви јават дека е примено во градинка како е постапката? Само договор се потпишува или треба и некои документи да носам? Нема да сум во мк па да си планирам, за од септември е?
Документите потврд аод матичен, од вакцини потврда, од работа дека дте во редовен раб однос , не знам др нешто дали имаше нек аме дополни некој
Освен потпишан договор се носи -потврда од брис -потврда од копрокултура -крвна слика -потврда од матичен лекар -копија од вакцинален картон или потврда -потврда од родител дека е во работен однос