Си знаат. Затоа и жените не ги вработуваат така лесно како мажите. Ако е млада, знаат дека 5 години ќе изгубат, ќе има дете, ризична бременост, патолошка, па породилно, продолжено породилно и болести. Свесни се за тоа, и ризикот го зеле одма кога вработиле млада жена. Ама знаат дека ќе помине, оти и они поминале низ тоа и дека кога ќе помине ќе имаат сто проценти посветен работник. Така што, само ѓубриња би те отпуштил е, а за такви не вреди да работиш. Не се замарај, не си прва мајка која зимала боледување. Првата година од градинка и дете е болно а и мајка од дете префаќа. Јас така ветив дека ќе одам викенди да одработам саати,ама освен дете со темп и јас качував
Како реагирате ако вашето дете ви каже дека некое друго дете го закача и поради тоа одбива да оди во градинка? Тргна од кога ги олабавија мерките, беше радосен едвај чекаше да оди од прв ден си остана цело време, јадел, спиел си играл се ок. Одеше со радост за по некое време да почне да одбива да плаче постојано да вика " јас не сакам таму да одам". Го прашуваме постојано зошто, дали некој го карал го закача не кажува само плаче и вика дека не сака да оди. Денес пред да си легне почна пак да плаче и да вика дека не сака да оди, почнав упорно да го прашувам за на крај да ми каже ( името) и дека го тепа. Одма ми текна дека уште пред да тргне во градинка се пишуваше на вибер групата повеќе родители се жалеа на истото дете дека ги малтретирал децата и поради тоа одбиваат во градинка. Се пожалиле кај воспитувачките и добиле одговор " деца се нормално ќе се закачаат". Ама детево пола група ја тероризира, мајкава вика дека не е такво детето, ама ајде едно дете ќе " излаже" ама пола група ли лаже дека детево ги тепа. Му спомнав на сопругот и он да каже утре дека малиов се жали од него. Не знам како да го убедам детево да оди, плаче се тегне очигледно има страв.
Немој да ме сватиш погрешно само прво провери дали е вистина. Лани и мојата секој ден се жалеше дека некое детенце ја тепа, ама на крај испадна дека измислува само за да не оди.
Prijavete na directorot na gradinkata zasto ne prijavete zasto molcete ili otpisi go od taa gradinka zapisi go vo druga gradinka napisi poplaka zatoa oti ti go maltretiraat deteto oti ne se prevzemaat merki protiv toa nasilno dete da e moeto dete ima i doma da im odam na roditelite na toa dete da razgovaram so niv
За отпишување нема шанса, знаеме сите колку е тешко да се влезе во градинка, а сега со ситуаацијава уште повеќе. Мене сега прв пат ми се случи вакво нешто, малиов не одеше година ипол заради коронава сега почна. Други родители пишав дека се жалеа на истово дете, беше кажано на учителките не превземале ништо. Кажано е и на мајката викала дека детето не е такво ќе морам пак да ја отворам таа тема па да видам и другиве родители што ќе кажат, еве го и сабајлево рика, плаче не сака да оди, а пред неколку дена со радос идеше.
Пријави некаде, штом воспитувачките не превземаат ништо. Не може едно дете да малтретира цела група. Има деца кои дома се мирни, а во градинка беснеат. А можеби мајката и да знае какво ѝ е детето па нормално дека го бране. Мора да го стават детето во ред, не може цела група поради него да не сака да оди.
Син ми пред некоја недела со рикање одеше буквално а пред тоа со мерак си одеше. Прво ме тегнеше за уше и кога го прашав кој го тегне така ја кажа учителката. Ама па почна да ја бара нејзе и нњ ми беше верно, мали деца од 2 ипол години не се за верување. Приморена бев со количка да го носам бидејки се тегнеше. Две недели беа дома. Во понеделникот пак плачеше,и кога го земав учителката толку го исфали колку бил мирен, барал да црта да игра песнички барал да му пушти. Вчера за мерак отиде, денес за раче го однесов со пеење си отиде. Биле помалце деца, баш тие што биле најнемирни не биле во градинка. Значи укапирав дека детево мое се плаши од некое дете. Полека он кажува се па после смирено ќе го прашам кој го закача. Мали се и се плашат. Ама па и неможе сите деца да се мирни, има побесни деца кој така се научени од дома а родителите не превземаат ништо. Тој од дома е такво па што очекуваме дека учителките ќе ги смират. Ама еве ќе речеш моето е помало па и потешко е со помали деца да соработуваш. Сегде има критични деца и во градинка и во школо, основно, средно.
Не мора да значи дека ако е дома бесно и во градинка ќе е такво. Јас мислам баш напротив. Мојава е бесна по дома. Мислам не е лоша во смисла да прави лоши работи, туку е инаетлива, непослушна е, понекогаш знае да се дере и се сака по нејзино да е. Во градинка е спротивна. Една од најмирните била и учителките нон стоп ја фалат. Едино што многу сакала да си прави муабет со една другарка, ама добро тоа ѝ е наследно од дедо ѝ, не можат они ич да траат.
Директно да им кажеш на воспитувачките да обратат внимание на тоа и тоа дете и односот на тоа дете кон твоето. Ако се потрудат воспитувачките нема шанси да не забележат ако има нешто. Не мора да значи дека директно кон твоето се однесува лошо туку може да се однесува лошо кон друго/ други дете/ деца, а твоето да го гледа тоа и затоа да се плаши. Колку години има детето што ги закача? Треба и да дознаеш родителите на детето дали имаат врски со некој во градинката, ако имаат проблемот ќе остане нерешен. Јас сум за да им се верува на децата со резерва се разбира ама во никој случај да не остане на тоа ‘дете е’ ‘деца се’. Ниту едно дете не е должно да трпи некој и нешто.
4 години се не се ни многу мали за да не се разбираат од збор, маж сабајле спомнал и учителкава одма знаела кое дете е не е прво дете да се жали. Му кажала дека превземале мерки па ќе видиме, сепак се работи за дете може си има некој проблем или дома нешто да не е во ред па детево така да се однесува. Во секој случај детето не е криво. Ќе видиме понатака како ќе иде, мојов е мирен тој и некој да го удри седи и го гледа жално, некогаш ми е криво што не враќа ама па не сакам и тепач да биде : D. Никако не си обично таквите понемирни деца ги закачаат мирните и тие деца обично и во учичиште продолжуваат да малтретираат деца ако не се превземе нешто на време, а скоро никој не превзема ништо дека нели " деца се ќе се закачаат ќе се смират".
Жал ми е што поминувате низ тоа. И мојов е помирен и кога имаше околу 3 години две деца нон-стоп го малтретираа. Ги тепаа сите. Потоа научи и мојов да враќа. Немаше друго. Сега со еднито се супер пријатели, ама другото дете сеуште остана да биде тепач. Ги закача сите, учителките го казнуваат, му укажуваат како треба да биде ама џабе. Мислам дека проблемот е од дома. Детето е со нормален развој ама е трето па машко. Мајката е строга кон детето, ама и презаштитинчки настроена. Кога е детето на лулашки надвор од градинка му се допушта да се закача со деца, ама ако некој него го закача мајката одма се кара со родителите. Детето и во лето е со долги да не настине и не смее мнгоу да трча да не се испоти. Кога е ваква ситуацијата за жал не знам дали учителките можат да сторат нешто. Мајката не смета дека детето има проблематично однесување.
Знам такви мајки децава буквално пред нив тепаат некој овие само немој не прави така и седи. Има кај мене три такви децава бесни цело мало од нив се жали. Кога ќе ги донесат некогаш да си играат со моево ми се темни искрено, колку пати ќе речам дека ќе иде некаде или ќе спие. Еднаш без да ме видат ги слушам се договараат да го турнат малиот додека се бркаат намерно, еднаш глава ќе му дупнеа со камен, пцујат викаат мајкиве ги пцујат овие ко зелени се смеат. Еве сега во школо тргнаа учителката ми е роднина кажува женава дека разбирачка нема со нив со сите се закачаат. Исто и за тоа децава кога тепаат или навредуваат некого они на тошо се прават, а ако некое друго нив ги удри мајкиве спремни за кавга одма. Затоа и децата им се такви.
Има мајки на деца што дома јадат супер, а во градинка ништооо? Адаптација е се уште ( прекината заради настинка), ама детево го земам порано, за да јаде....
Мене учителките ми рекоа дека (не) јадењето е прв знак дали детето добро се адаптира. Веројатно кога ќе почне да јаде ќе знаеш дека е спремно да останува подолго.
Се додека го земаш порано како ќе се навикне да јаде во градинка? Треба да останува и за ручек па покасно дома да имате втор ручек или порано од времето за вечера побогата вечера. Исто како дете што не сака да оди во градинка да не го носиш и да очекуваш да се навикне на градинката.
Какви папучки им носите на дечињата ова време ? Ние носевме топлинки, но веќе затопли, па се мислам какви да и земам сега.
Мојава си јаде таму, на почетокот носев мои каши, сакаа да видат дали одбива храна заради што не е навикната на тој вкус. Сега почна да ја јаде и нивната храна. Ја земам пред спиење бидејќи не сакала да спие. Ми нема логика, зошто ако сите спијат во 12 а неа ја успивале порано, некогаш ќе заспие па ја буделе другите деца и ме убедуваат не спие земај ја. И тоа не спие зошто цицала дома, и една недела ме напињаат да ја одбијам. Претходната недела бев на работа, и тој муабет и на свекрвата и на маж ми. Да ја одбијам, оти ако не ја одбијам немало да спие. А како што реков ја земаме пред 12 пред времето за спиење. Значи додека бев на работа, дома немаа проблем, си заспива со сите. Знам од големата дека баш во период на сепарација пожелно е да продолжам со доење. Сакам да ми пишете дајли имате деца што ги доите и одат во градинка, ептен ме напнуваат почнувам да размислувам дали се во право и се нервирам, ќе ја означам @Kaetana за совет, може ќе треба да најдам нешто официјално на нет на оваа тема што би било поучен и за нив, учителките во градинка да им испринтам да си прочитаат.
Застарени размислувања. Во градинка почна во номеври,на 13м ,го фоев до 19м ,сега во мај го одбив. Не заради градинката,туку зошто јас така сакав. А заспиваше само со цицање. Таму го научија сам да заспива. Покажи малку заби,на глава ќе ти се качат ако молчиш.
Мојава почна на годинка да оди во градинка, а ја доев до 2 год. Никој не ми кажал да ја одбивам, а немаат ни право тоа да го барат