Немаат право, уште се воздржувам, на фино им кажувам, дома нема проблем седи со било кој и заспива, плус имам искуство со првата, ама ептен ме напнаа, ќе мора малку поостро. Ми ја носи јадеше, си игра, е ама знаеш, плаче некогаш, а ти знаеш што и е проблемот не си ја одбила
Значи цел месец бараат да се зема порано за адаптација, а од друга страна ми вика од 1 ви Јули, гледајте да си земете одмори зашто почнуваат и тие да одато на одмор, па да си ги повлечиме децата. И после што во август пак на адаптација? Кога се реагира кај директор, уствари ова не треба директор да си решава како ќе се организираат со замени, сме застанале некни 3 родители и еден по еден се правдаме секој си кажуваме домашни проблеми плус проблеми на работа зошто не можеме од 1 ви да земеме одмор.
Од градинка ти рекоа дека не спие затоа што цица и да го одбиеш??? Баш синоќа кажуваа дека мајките најчесто одбивањето го поврзуваат со почнувањето на работа односно тргнувањето во градинка. Доиш додека сакате ти и бебето. На тие во градинка не им треба лист само за доењето туку цели книги треба да им се сервираат да ги прочитаат па да работат во градинка. Ако го земаш во 12 нема никогаш да се навикне да спие во градинка. Вработените може една по една да одат на одмор и нема да се примети разлика исто како е некоја болна на пример. Синоќа кажуваа и за кога мајката оди еден саат го зема детето од градинка за да го дои во Мк што еве не знам дали се десило, баш би сакала некој пример да ми каже да поверувам.
Има одобрено законски 1ч. или 1.5 ч. заедно со паузата, пауза за доење. Државните ја даваат, приватните зависи како каде, јас работев подалеку од местото на живеење па тој час го користев за порано да излезам од работа. А и не знам дали баш во градинките има просторија за тоа. Верувам дека има жени што ја користат оваа опција. Додека наполни бебето година.
Ќе кажеш дека одморите ви се потрошени и детето мора да доаѓа во градинка. Тие стварно си земаат многу слобода бе??? Малку построго постави се, кажи дека ќе се распрашаш кај директорката како ќе оди со нивното одмарање и од неа ќе бараш совет како да постапиш со твоето дете. Околу земањето. Кратко и јасно: На работа сум до 16 и денес останува со спиење. Ако ти се јават да ја земеш, ќе кажеш, јас ви кажав дека сум на работа и ќе им затвориш. Ако вака не пресечеш со години може да те мафтаат да си го земаш рано.
Да, на лист има многу поволности, човек ќе си помисли навистина. Во живо сосем друга приказна, исклучоци има секако,
Мајки детето бара доење само ако ја гледа мајката. Ако ја нема не може да побара. Не им се грижете ќе се навикнат. Разболување на почеток имавме нон стоп. Сега фала богу освен вит ц ништо не им давам, па и корона прележавме тие без симптоми беа. Не подпаѓајте под влијание доење, порано земање... Моите беа презадоволни од градинка. А и јас и од наставнички и од третман на децата.
Хах ова негователкиве се не знам двигател на општеството робовладетели Ја на твое место не би се докажувала да им принтам...џабеее нив не можеш во ништо да ги убедиш. Со неколку сум била во конфротации ради внук ми не бе си се бранат и по нивно. На твое место после 7д ќе кажам малата сама се одби скроз "млекото ми се расипало" и баш да видиш дали тогаш магично ќе почне да спие. Една мајка од кај внук ми вака им викаше и на излез во градинка во соседното паркче на клупа го доеше и им викаше: Не бре не го дојам го одбив не сте виделе пошто и се јавувале демек не се смирува барал цице
Јас не можам да сфатам зошто ги земате порано затоа што не јаделе или не спиеле? Ќе видат вработените дека пали тоа и на секоја следна мајка така ќе и прават. Нема земање порано и крај! Како ќе се навикне да јаде ако го земаш пред јадење? Како ќе се навикне да спие ако го земаш пред спиење? Најчесто ова го читам во темава дека се земаат децата порано поради некоја причина. Кажете им да се потрудат за да јаде, да се потрудат за да спие или нека си бараат ново работно место кај што не треба никалов труд да вложат, кај што не треба гзот да си го мрднат.
Mojata doma zaspiva popladnevna dremka so mleko i ako ne i e shisheto do nea se budi i nema prezaspivanje i doma spie pi eden saat. Vo gradinka magicno zaspiva bez mleko molbi i trista trakatanci i spie mashala po 3 saati so molbi da ja budat. Taka da sekade dete e razlicno ....
На девер ми детето 8 месеци со нишкање заспиваше и никако поинаку. Еве го почна во градинка и сам си заспива. Само треба негувателките повеќе да се потрудат, децата бргу ќе се навикнат
Јас го доев уште 6 месеци откако почна во градинка. Дома заспиваше со цице, ама таму си се навикна да заспива сам. Нема врска доењето со адаптацијата. Плус во тие месеци додека го доев не ми се разболе воопшто во градинка. Откако престанавме со доење почнаа проблемите две недели дома две во градинка, па имавме некој таков период од 2 - 3 месеци. Може е коинциденција, може не, јас имунитетот во првите 6 месеци го препишав на доењето.
Нема врска ѕоа малаѕа од 13 месеци одеше на графинка а до 31 медец цицаше.И мене исѕиот муабеѕ одбиј ја голема е сажо она цица ама не се замарав.Така да гледај шо можеш ппвеќе да даваш цице здраво е за детето а ќе пројадр и у градинка не се плаши
Мајки, колку време им траеше адаптацијата на вашите дечиња во градинка? Ќерка ми 3 ипол години веќе втора недела оди, денеска почнавме и повеќе да ја оставаме од 8 до 12, ама тешко се адаптира. Не плаче, вели дека сака да оди, меѓутоа таму ниту јаде, ниту се заигрува со дечињата, цело време е до учителките и едвај чека да ја земеме, ко да се плаши. Она е срамежлива по природа ама многу дружељубива. Учителките велат дека веројатно подолго ке трае адаптацијата. Какво искуство имате вие
Моето дома заспиваше со нишање во раце, в градинка заспал сам уште првиот ден ко пробавме, одеше прво 7 дена од 8 до 12ч после 7 дена го оставивме со спиење и заспал, не ми се веруваше дека заспал
Ние сме 2 години и 11 месеци и сме иста ама баш иста приказна. Одевме една недела од 8 до 10, па наредна тргнавме од 8 до 12 и одма се разболевме и седевме една недела дома и еве од вчера пак сме од 8 до 12 и постојано како навиен зборувал кога ќе го земам и се така без престан дури не отидам по него. Не играл со другите, седел до учителката, но јадел и појадок и ручек. Во исто време се одвикнуваме од пелени. Инаку тој си е многу комуникативен, не е срамежлив и дури зборува и повеќе отколку што треба Јас планирам од наредна недела да го оставам со спиење до 15 ч. зашто ако им дозволиш на учителките ќе ти се качат на глава со таа адаптација. Како ќе се навикне дете ако постојано го земаш порано? Затоа пуштај ја и ич не се грижи дали ќе игра и ќе се дружи. Кога тогаш ќе прифати дека едноставно мора да оди и ќе влезе во шема. Среќно
Треба време, уште е во фаза на набљудување, до девојките е бидејќи до нив се чувствува сигурно. Не игра можеби и затоа што и пред не била баш во контакт со деца. Ќе пројаде, супер и оди чим не плаче и сака да оди. Секое дете е индивидуално за колку временски ќе се адаптира. На мојов му требаше 1м, нешто помал по возраст од твојата беше кога тргна.