Јас по ова сфатив дека скоро адаптирани се вашите деца. Скоро сите деца ја поминале таа фаза односно составен дел од адаптацијата кога стојат до учителките. На учителките кажете им дека е нормално да ве бараат, дека и тоа е дел од адаптацијта. Нормално дека ќе ве бараат исто како што ги мислите и вие. Порано земање никако. Дома зборење се најубаво за градинката, децата, учителките, за се. Излажете ги учителките дека адаптацијата треба да се убрза дека тргнувате на работа. Ако се разболи нормално ќе биде како од почеток адаптација, но сепак секој пат ќе е се полесно. За јадење и спиење истото важи. Ако смените храна и место на спиење и вие не се навикнувате од прв пат, но како би се навикнале на новата храна и новото место на спиење доколку си одите пред времето за јадење, доколку продолжувате да спиете на старото место.
Учителките сметаат дека ако ја пуштиме на спиење полошо ке направиме, демек поголем страв ке набие. Не ми е проблем нека се адаптира колку е потребно, се надевам само дека ќе ја засака градинката.
Дека ги мрзи да се потрудат да ја заспијат? Ти најдобро го познаваш своето дете, ти најдобро знаеш што е најдобро за него, зборовите од учителките секогаш слушај ги со резерва.
Ова верувам дека е кажано од учителка што ја мрзи да се потруди. Малиот кај мене почна да оди во јасли точно на годинка и имаше само една недела адаптација и тие инсистираа да останува повеќе да се привикне и да спие. На почетокот дури легнуваа и до него само да заспие. После дете само си заспивало или ако не спиел си играл ма страна да не ги разбуди другите. А сега некако незаинтересирани ми се овие воспитувачки, но сум упорна дека од наредна недела ќе останува на спиење. Те советувам и ти така да направиш.
Ќерка ми на есен повторно ќе почне со градинка по корона паузата. Ме Интересира каква е таа потврда за вработување што ја бараат. Некој образец е или?
Исто се исто, моето почна нс 2 год и 2 месеци во февруари можам да кажам дека почна да се опушта после 2 месеци и пак кога си играат на песнички децава тој не игра си седи на под, ова од слики што гледам. Уште не е скроз опуштен, за јадење слабо, само ми велат каснува, не велат јади
Дечки имам неколку прашања во врска со градинките? 1.Дали градинките работат во сабота? 2.Колку отприлика се плаќа за целодневен престој? Благодарам!
Нас ни побараа потврда за вработување откако ги отворија градинките, после карантинот. Не верувам дека има некој посебен образец, мене ми ја спремија на работа. Во потврдата беше наведено мое име и презиме, адреса, работно место и дека сум вработена во компанијата со полно работно време. Имаше наведено и дека работата не можам да ја извршувам од дома, туку од канцеларија. И дека потврдата ми се издава за запишување на детето (наведено со име и презиме) во градинка. Потврдата беше заверена од страна на фирмата, со печат и потпис од Управител / човечки ресурси. Верувам во моментов не бараат да биде наведен делот дека не можеш да ја извршуваш работата од дома, туку само дека фирмата потврдува дека си нивен вработен.
Gradinkite ne raborat vo sabota Cenata e 1490 za cel mesec za otsustva se odbiva zavisno kolku ide ima shema mora da ima spoeni denovi vo eden mesec za da se odbie. Dokolku ne ide cel mesec se plaka 521 denar. Vo vrska so prijavite licni podatoci, mesto kade rabotite i deka rabotata ne moze da se izvrshuva od doma. Toa moze da bide napishano i na bel list vazno da ima potpis i pecat od firmata i zavereno arhivsko brojce.
@karak , @kukla21 тоа беше битно само првите две недели од Септември. Потоа стана битно само да се двајцата вработение и затоа се укина и продолженото породилно и мерката за ослободување на еден родител на дете до 10 години од работа. Така што само со потврда за работен однос сега детето има право да посетува градинка. Не смее да се бара кој од каде извршува работа (затоа што не е ни битно дали некој е физички присутен на работа или не за да ги извршуав работните обврски во одредени сектори се разбира).
Почна сезона со мешање на групите и други негувателки. Децава вриштат плачат мијов гајле нема а колку се секирав дека нема да прифати. @fana Нашиве заедно се сега
Знам. А таа потврда ми бара дека Ева кај баба ѝ беше. Ѝ пишав ќе се распрашам како е точно со протоколиве во управа, па ќе Ве известам што ми кажале. Абе ај, за 50 деца заедно - може, за кај баба ѝ потврда дека е здрава требало. Многу почнаа да се занесуваат
Ама и она е лошка малце, не му ги прими количките сабајле внатре а он без количка не оди. Мене ми бараа и фотокопија од решението од изолација што беа. Зар они незнаат па доказ бараат
Дозволија да се мешаат групите во градинките? Јас минатата недела ги прашував ми кажаа дека уште не знаат како ќе биде.
https://deca.mk/gradinkite-ne-smeat-da-vkluchuvaat-klimi-detsata-i-vrabotenite-vrijat-na-plus-40/ Да цркне тој шо ги донесе протоколите. Бел ден не видат сто негови поколенија. Ужасно се изнервирав, ми се плачи од мака и гнев
Кај нас мислам работат климите, секогаш кога ја зиам од внатре баш ладничко ми доаѓа, а и дете нит е црвено нит испотено.
И кај моево во градинка се пуштени климите и прозорците се на кип за да не биде премногу ладно да врти воздух. Не сум го земала до сега испотен, а и башка на жештинава уште учителките со маски ќе попаѓаат таму.