Квази држава, со глупи мерки. Тие не се секираат што зјаат празни дворовите и децата седат напикани во една просторија цел ден, па демек водат сметка за климите
Сега откако изнакажа еден куп глупости и клетви подобро ти е? Помогна ли нешто тоа што посакуваш лошо некому? Што буквално сакаш нечии деца да страдаат и тоа со генерации? Браво за тебе. Инаку пуштаат клими во градинките. Не се мачилишта без грижа. Вештачка вентилација и клима за ладење не е исто. Рециркулација на воздух е, обично ладење не. Плус пуштаат клима со отворени прозори само да разладат. А новинарите дефинитивно ни се само сензационалистички и ништо друго. Срамота.
Јас го запишав кога имаше 3 м. Сега здравје за второ, со ситуацијава планирам само што ќе се роди. Зависи од градинката, но пробај што побрзо. Кога ќе го примат, недела дена пред да почне ќе ти се јават што треба да однесеш.
Прво се аплицира, па од кога ќе го примат детето се носат документи за упис. Јас аплицирав во април, ќе тргне во октомври.
Јас сплицирав во Март/Април за да почне од Септември. Мораш порано да аплицираш. Јави се во градинката каде што сакаш да оди детето и прашај што треба да однесеш од документи. Јас на пример пополнив пријава и носев потврди уште на упис. Кога појде само потврдата од матичен дека е здрав и чисти брисеви носев. Се друго при пријава.
Ве читав сега, уште важи потврда дека и двајца се вработени? Побогу, како да се вработам и како да најдам работа ако е детето цело време со мене, на интервјуа да го носам? Има надеж дека ќе се смени ова? За уписи мислев да не има класични уписи како за на школо?
Чим до сега не ти требале тие пари, значи можеш и без нив, а и не е време за дружење, чувај си дете За потврдите прашај си за конкретната градинка каде сакаш да оди. Во многу не бараат, некаде без неа не може, најверојатно зависи и од "гужвата".
Дали е можно секој втор ден, точно пред време за спиење да ми се јавува учителката со изговор ' дојди земи го, има пролив'. И дали пролив е доволно сериозна причина да излегувам од работа и да го земам? А дома кога е, сите денови, немал ништо. Ај тт, повраќање или некоја друга состојба, ама ова? Се осеќам како да ме лаже, зошто секогаш за најмала ситница сум идела да го земам. Притоа, кога и реков неможам да излезам од работа, ми спушти телефон. Што би направиле во ваква ситуација?
а има пролив дома? или само таму...може да е од стрес,а може и измислува учителкава како и да е има вирус со пролив и повраќање,ама ако е само еднаш во денот пролив малку чудно е на крај краева однеси го на матичен ако ништо не му е кажи им и не го зимај
Го однесов на матичен, не му е ништо, само пробиотик му препиша, зошто не повраќа и нема други симптоми. Не отидов да го земам.
ете така најпаметно,не им се работи бе,што помалку деца полесно да им е...И кажи им дека е прегледано детето дека неможеш да го зимаш,што најреално така си е
Леле мајки, кажете што да правам. Малиот тргна во градинка крајот на мај, еве денеска четврти пат качува температура. Да го отпишам да паузира некој месец или само полошо ќе направам пак да се разболува кога ќе тргне?
Исто. Оваа недела е прва што ја издржа цела и еве пак болен. Година и 2 месеци е, два пати пиеше антибиотик откако е тргнат, ептен се нервирам. @fana И јас мислам исто ќе е, знам подобро е да го оставам. Читам овде првите два месеци многу деца се разболувале ама мака ми е ептен ваков да го гледам. Може и од лулашки вчера да фатил нешто, копаше и по песок ама не можам да го изолирам од светот.