koga o da trgne pak niz istoto ili slicno ke pominuva ete i mojot otkako e trgnen vo gradinka 6 meseci polovina od vremeto e bolen de kaslica de mu tece nosot pa dvere raboti pa temperatura i se vo krug.
Здраво, малиот (2 год скоро) веќе 2 месеци оди во градинка - повеќе дома него таму од што се разболува ама нејсе. Од 7.3 до 4.30 не јаде ништо. Кажуваат дека му нудат да јаде, но се мрштел и одбивал. Исто така почна и дома да одбива да јаде и бара само млеко, ноќе почна пак да се буди и да бара. Совети се добредојдени
Исто беше и мојата.Почна на 3 дена да се разболува , на недела (секој петок),па на 2 недели да се разболува ,па на месец.
Ќерка ми беше иста 3 дена во градинка, па 1 недела дома, пак ќе тргне, пак дома. Првиот период е доста мачен. Кај нас тоа траеше 7 - 8 месеци, следните години дали еднаш ќе качеше температура и чат пат нос да потече.
@BabyT* @Мравојад Многу мачење е тоа Уште ова да ве прашам дека повеќе искуство имате. Доколку температурата е од бактерија (99% сум сигурна дека е зашто зелен секрет има од нос) нема да помине температурата додека не почне антибиотик? Утре ќе го носам за брис ама резултати веројатно дури среда ќе има, до тогаш што да правам? Качува на 2-3 саати 39.5 денеска, вчера подобро беше.
А да го однесам на дежурен со антибиограмот пред една недела да препишат некој од тие антибиотици? Не ме карајте, знам дека антибиотик не е шала ама од очај прашувам.
Јасно ми е. Малку ми изгледаше една недела и помислив да му продолжам 10 дена ама ај си викам да не се правам лекар. Сега се одново. Само ноќва мирно да помине, утре ќе го носам. Фала на сите
Парацетамолот до тебе, почесто мерење температура и вооружи се со трпение. Се надевам мирно ќе поминете.
Знаеш и кај мојата дека покажа моксарела ама помина без терапија.Имаше зелени мрсоли и наеднаш престанаа ,еве 2 недели е океј.
@Jana06 мој совет утре направи брисеви па почни веднаш со антибиотик. Прашај матичната според предходниот да ти препише па после ако треба ќе го смени. Подобро да си покриена.
Ние од недолечена бактерија заглавивме месец дена. Еден ден се разбуди и вика не слушам ништо. Мојот има природно голени крајници, голем трет крајник и тесни ушни каналчиња. Лесно се налепуваат бактерии, а тешко се лечат. Брисот покажуваше мораксела и сличн што не би требалод а прави големи проблеми. Матичната се сомневаше дека има бактерија во задниот дел од крајниците што не може да се открие со брис. Пиеше Амоксиклав (за гнојна ангина), па Сумамед и пак ништо. Стававме капки натибиотски во нос и уво една недела. На крај се излечивме со инхалации со Гарамицин ампула. Знам дека ти си од некоја причина ептен против инхалации, ама нас многу ни помагаат. И мене како дете во ОРЛ амбуланта во болница ме лечеа со антибиотски инхалации кога ништо друго не ми помагаше (тогаш само на ОРЛ одделение и во ОРЛ амбуланти во болници имаше големи бучни инхалалатори за кои се чекаше ред). Мене ме лечеа прво со аспирирање на мрсули од нос со голем аспиратор во ОРЛ ординација и веднаш по аспирирање инхалација со антибиотик. Сега на детево јас сама му прскав прво солен раствор, влечев мрсули колку можам и потоа инхалација дома со антибиотската ампула. Ако не поминува на еден начин мора да се најде друг начин. Не може нон-стоп да му даваш антибиотик (системски), ќе му ја уништиш цревната флора.
Не, апсолутно не сум против инхалации. Го инхалирав моето се до моментот кога излегоа две бактерии во нос тогаш матичната рече да прекинам. Се разочарав сега кога те прочитав за сумамедот. Денеска на преглед црп излезе 141. Му препишаа сумамед 3-5 дена, чекаме резултати од брисеви. Мм го носеше, па не бев таму да си препрашам убаво. Му рекла дека се сомнева на трет крајник, па сакала ушињата да ги провери ама веќе на крај бил многу немирен и рекла урина да провериме. Значи испаѓа дека може било што да е. Да ве прашам за сумамедот не ми е јасно како да одлучам дали 3 или 5 дена да му давам? Или да давам 5 дена да не испадне пак недолечено?
За дозата на Сумамед одлучува лекар. Не може на своја рака да решиш колку да даваш јак антибиотик. Јави се и прашај кај матичната колку дена да даваш. Ушите обавезно проверете ги. Не знам ако пие антибиотик колку ќе може да бидат веродостојни резулатите од антибиограм (ова за мокраќа зборувам). Или земи му одма мокраќа па потоа дај му Сумамед.
Сумамед обично се дава или 3 дена (тоа е како една доза) или 6 дена (две дози). Давај како што ти пишале тогаш. Сумамед има и продолжено дејство.