Фала ти на одвоеното време, во право си, мене веќе мозокот не ми функционира. Логично, ќе прашам кога ќе одиме по резултатите колку време да пие.
Кај нас матичниот кога дава антибиотик секој ден не вика за контрола. Не дал досега сумамед, само амоксиклав, ама првите три дена секој ден сме таму.
За ушиња ми останало @Ano една многу добра докторка дека препорачуваше. Со ушиња шала нема, одма мора да се проверат. Со помин
Убаво ти вика @emkaemka Според мене обавезно ушињата да ги видат. Син ми има лошо искуство со лечена недолечена инфекција на крај на клиника завршивме. Ако можат да ти најдат термин кај Мирка Шаљиќ топло ти ја препорачувам. Ако не најдат термин, она работи и приватно па барајте дали ќе ве прими. Евентуално за итен преглед да видиш и атиккор они работат до 8 вечер и исто работат и приватно и државно.
Побрзо да помине...И моето баш на таа возраст со сумамед заврши,после три типа испиен антибиотик..лечено-недолечено мислевме.Но на крај се утврди бактерија една.Со сумамед се ќе исчистите,а педијатар ќе одлучи колку дена.Вие имате прилично високо црп(толку беше и на моето).Само да знаеш,ако планираш уринокултура,тоа се прави пред да почнеш антибиотикот. Не се секирај,така растат децата,ќе мине <3
Мајки консултација Малото ќе му тргне во градинка на 10 месеци а во договорот стои дека е во група од 18-24м... Има логика тоа ги ставаат така? Многу е мал за таа група или ради коронава ставаат кај се најде место
Јас мислам дека јасли се до 24м. Може имаат некоја грешка во договорот, тоа е мала граница од 18-24 месеци да е само.. Во која градинка се запишувате ако не е тајна
Моето е од 8 месеци тргнато (веќе 1 месец и 1 недела оди) и е во група со деца до 2 год. Нема мала и голема јасли група во нашата градинка. Инаку е во Орце Николов, К3
Дали коксаки вирусот е опасен за мали дечиња? Дали поминува со лесно или ќе му остави последици? Совети за третман ве молам!!
@Jana06 Обочки од Систина ни предложи ацидосалус да прскаме во носе за заштита од бактерии и вируси од градинка. Другарка го користи за малата цела година, многу е задоволна. Кога ќе има зелени мрсули можеш локално да ставаш цитерал капки, максимум 5 дена, сабајле и вечер по една. Нас тоа ни помага, и еве веќе 1 медец ок е. (Пу,пу). Мене секое сабајле на оставање ми викаат 'мајка земете го пред спиење, топло е, многу деца се, дома ќе се наспие'... Јас работам од дома и ајде ок ќе го земам, ама до кога. Треба да го оставам сабајле и да им кажам дека ќе го земам после спиење. Они си прават ко шо им одговара, помалку деца да имаат. До колку саат им е спиењето?
Извини вака што упајѓам за ацидосалус и мене ми го препорачаа да го прскам но има и за во грло или грешка сум. Ако има дали можам и во нос и во грло да прскам? Чисто преврнтивно. Но дали 2 годишно би ме оставило во грло да прснам е знак ? Иначе и јас го земав сега за нос спрејот. Се само настинат е . Без кашлица само секрет. Но малиот од него префајќа и се на плуќа спушта
Ставав Цитерал 3 пати на ден, 5 дена и ништо, во меѓувреме закачи уште една бактерија. Сега со Сумамедот се надевам ќе се исчисти. Го отпишав од градинка, ќе го запишам да се оправи малку и да ја прими ммр. Денеска е 5ти ден, конечно намали температурата. Памет немам 40ка кога ќе видам на топломерот. Изгоре.
Истиот е, за грло и нос. Можеш да прскаш во грло, ако успееш, зошто од другаркиве што слушам, не даваат маливе. Инаку природен е целосно препаратот Јас не сум пробала во грло, само во нос за сега. @Jana06 со помин мајка. Така растеле, ние така старееме.