@KuklickaSk, @Happyinlove, @Jana06 и нас ни препорача матичната Ацидосалус за во нос и грло. И за мене зашто имам хронични проблеми со синуси и за детето да биде заштитено од бактерии. Спрејот е еден, само што е толку многу јак што мене ме пече многу кога го ставам. Детето се уби од плачење кога му прснавме. Плус мене почна да ме боли уво после прскање три дена во континуитет и го баталивме. Сега два спреја ми стојат неискористени. Јас секој ден пред градинка и пред спиење му прскам или спреј од Оригано или Синомарин во нос, и плус прополис во грло (прво да проба мед па малку прополис околу уста). Тоа најмногу му помогна.
@Jana06 да потврдам, пече Ацидосалус, ама баш е незгодно спрејче и не е она да мине во следна секунда, па да речеш ај ќе се издржи. А не е ни евтин. Го зедов и јас џабе, на крај беби оригано зедов и јас. Душа се изнамачи, тешко е кога се болни Нас денес ни пратија слики од групата, бебе се прерадува, ама кажа немало потреба пак да оди
Може е добар али немој Ние прскаме ,дете пишти еден саат потоа Па кога си прснав кога видов како пече, се покајав . Малтретирање
И јас се надоврзувам на задоволни од бејби оригано. Од ацидосалуса аир не видов. Оригано јас и за мене користам превентивно цела година пред работа.
Затоа прво се прашува за искуство пред да се фрлат 1000 денари ај за памет за друг пат. Туку, како ви се децата сега во мешани групи? Јас вчера го земав уплакан и ми покажуваше на лице и викаше бам бам. Денес и кажавме на учителката која е на замена (неговите се на одмор) дека покажувал дека е удрен, она само ни кажа 'епа има и поголеми деца, може го удриле, гужва е'.
Од кога е во поголемата група кажува дека некое дете ја удара ,кубе и сл.Што знам мене ми е нормално за деца да се поткачат ,не би реагирала воопшто .Само и кажувам да се тргне од него и да не си игра со него веќе .Знам боле за твое дете и мене ми беше така на почеток
Не паѓајте на тие финти. Оставете дете да си седи до крај. Седеа дома со месеци, потоа со малку деца и сега многу тешко им стана од еднаш. Вакви финти проба и учителката на ќерка ми ама не паѓам на нив. Да сме ги одмореле (мојава тргна пак пред 1.5м) цела година иделе рано и сл. Како бе до пред корона беа по 20+ деца па се беше нормално?
Има надеж дека некогаш ќе оди без плачење во градинка? Веќе 1 месец оди и уште рика и се влечка по пат за натаму. Не смеам ни да спомнам градинка па го лажам дека ќе прошетаме, само да се облече и да излезиме од дома. Ама најчесто урла уште од кревет "не сакам да одам никаде", цела зграда веќе не слуша. Кога го земам го прашувам дали убо си поминал ми вика не. После дома раскажува што правеле, се гледа дека му било интересно ама некако со тага ми кажува, дури некогаш плаче. Вика дека бил умен и не го карале ама пак е тажен. Жал ми е да го гледам така, се осеќам ко да го малтретирам шо го носам. Овие 2-3 дена и дома е тажен, само цимоли, одбива јадење, згора на то носот му тече и коњуктивит фати па дополнително рикање за капки. Не знам веќе кој крај да го фатам, најмалку шо сакам е да го отпишам, ама па и не сакам вака да ми е тажен нонстоп.
Дека прво дете, првпат градинка итд. многу работи првпат се, ни пуштаат во група слики од роденден што слават децава, 20 кога ги видов пред тоа 10 идеа. Летово фузирање ко сегде и многу ми дојдоа. Одам да го земам и воспитувачката се туфка, го каснало друго дете за количка. Е арно де викам, утре он може ќе касне некого, деца се. И кога дојдовме дома видов добар угриз беше ама ај дечиња. Малце се напнати воспитувачкиве ради гужва али ќе се издржи.
До 13.30 некаде спијат. И мене за што и да е пред спиење ме бараат. А плус, сега се мешани групите и секоја учителка своја политка тера. Ништо не се знае. Секој ден различно шише и маица има на себе детево.
Тие што се родени јануари имаат право на избор со која група ќе одат дали помала или поголема., исто како што на училиште избираат со која генерација ќе почнат.