Ние имаме во нашата градинка деца кои тргнаа (а имаат мајки со бебиња дома), претходно не одеа, а сега си одат. Отиде праша директно кај стручна служба? Зошто воспитувачи и негуватели ако прашуваш, ќе викаат не зошто на некои изглеа така им одговара. Оди убаво прашај си во стручна служба.. Многу ме нервираат бе, демек ако си дома со бебе, можеш да ги чуваш и двајцата и немора да оди
Jас сум таква ситуациjа ми издадoа пoтврда дека сум вo редoвен рабoтен oднoс и дететo си oди вo градинка.
Мала помош. Предлог за поклон за роденден за другарче од градинка ( 3 год полни). Што и кај да барам?
Мојот исто правеше. Во скут кај еднат учителка, и плачење ако земе друго дете. Престана после една недела,ама таа неговата учителка отиде на одмор,а оваа на замена не ја сака баш. За второто прашање не знам зошто мојот откако дојде оваа на замена не спие. Ќе ми се јави дека не може да го смири и го земаме. Два пати остана до 3, не спиел си седел ссмо. И не ми е уште јасно како не спие кога дома спие буквално во исто време по 2 саата.
Претпоставував дека ќе се разболува кога ќе почне во градинка, ама не ни замислував дека нема да оздрави салам. Два месеца како е тргната, постојано има нешто, или кашлица или мрсоли или тт. Три дена оди, два не и така во круг. 2 години и 4 месеци е, до кога ќе биде ова вака? Не знаевме што е настинка пред да тргне, а сега заборавивме што значи здраво дете Се осеќам како да нема излез. Се што планираме ни пропаѓа, затоа што се има по нешто.
Ќе помине и овој период. Претежок е и изгледа вечно, но поминува. Може да трае само неколку месеци ама колку и да трае се поретко ќе ви биде вака. Шетајте во природа, на свеж воздух, тоа помага најмногу. Не правете паузи од градинка освен кога мора да седи дома нели.
Навистина не очекував до волку. Се осеќам како во лавиринт без излез. Само се испрашувам дали ја носам на право место на лекар, да не грешам некаде што неможе детето да ми се опорави како што треба. Потоа ќе прочитам дека повеќето се така и се тешам. Се трудам да не и правам долги паузи од градинка, освен кога има тт и многу кашлица ама пак е истоштувачки
Исти бевме и ние и тоа веќе 3-4 месеци, ама мојот е поголем, 4.5 год. Затоа закажав на специјалист приватно и денес бевме, се надевам ја откривме причината и ќе се подобрува. Но градинката е тоа, баш само што почна се појавија разболувањата. Ако ти треба инфо слоб пиши пп.
Глава горе и позитивни мисли и мнооогу нерви мајка Ќе пројде, сите го миневме тој период. Мене и покрај тоа што е лето педијатар ми препорача да пие сируп за имунитет баш заради тоа што почнувавме баш пред еден месец.
Мојата тргна на 2 год и поминавме таков период со разболувања. Цело време беше со мрсули. По пауза од година ипол есенва пак трга. Има полни 4 год и се надевам дека нема толку да се разболува
Исто е и син ми, 4 месеци само болен, се помина, бактерии, проливи, температури, мрсули цело време..........
Јас го отпишав, не можев веќе да издржам, а и страв ми беше зашто веќе 3 пати пиеше антибиотик. Ќе паузираме до октомври најверојатно, сега е супер.
Не знам во која тема да пишам веројатно оваа е најсоодветна. Син ми ќе тргне на 11м здравје во градинка. Ми рекоа можам да ја оддложам МРП вакцината валда некој месец дури наполни 1г. Мене ми е општо страв без мрп да оди во градинка да не букнат морбилите. Какви се вашите искуства? Кога ја примија вашите деца и колку време невакцинирани одеа во градинка? Што ве советуваа педијатри и диспанзер? Ако ја прими мрп после 6м ќе прима ревакцина на тие другите па пак не е целосно заштитен во градинка. Во секој случај ептен ми е страв невакциниран да оди и не знам што да правам
Jas na dvete deca im gi stavav ma vreme vakcinite i voopsto ne veruvam vo onie stvari sho gi zborat antivakserite. Ako sakas da si go vakciniras, stori go toa, pa pustaj u gradinka.
Можеш да ја одложиш до 15 месеци ако сакаш, до толку толерираат. Е сега ако се решиш да ја ставиш на време што мислам дека е околу 12 месеци ќе мора барем неколку дена да го изолираш, имај предвид дека може да има реакции до 3 недели, па да треба и подолго да остане дома. Значи ќе треба да имаш план б кој ќе го чува. Мене во градинката срничка ми рекоа 3 недели да седи дома ама гледам дека ниедна мајка не го оставила детето толку долго дома. Најдобро е ако можеш на време да го вакцинираш за да биде заштитен и мене не ми беше сеедно што идеше 2 месеци во градинка без вакцината ете имавме среќа. Се консултирав само со педијатарот во диспанзерот (ја знаеш нели на исто место ги носиме), ме уверуваше дека вакцината е потполно безбедна ама одлуката е наша. Ја прашав за нејзино искуство, ми рече едното дете го вакцинирала на 18м, другото на 3 години Така да, не знам што да ти речам, не сум паметна, одлуката е целосно твоја. Јас конкретно ќе го вакцинирам сега во септември на 16+ месеци зашто сакам од октомври пак да го запишам и не ми се ризикува веќе да чекам. Инаку, ќе чекав до 2 години.