Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка има искуство со алергија на белка од јајце и ммр? Ја прими без испитувања? Одевте на имунологија? Како иде тоа? Може да се одложи со потврда од матичен? Во градинка дали би важела таа потврда или мора од имунолог извештај?
     
  2. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Мрп на 13 месеци е по календар, тогаш и ја прими моето, беше почнат со адаптација. Сите вакцини си ги има примено по календар, не сум му одложила би една. И мене ми рекоа да не иде 14 дена после вакцина, ама тоа беше неизводливо и јас го праќав на мој ризик.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Ако можеш да извадиш извештај дека е алергично на белка од јајце сегде ќе и го важат. Ако има алергија на белка не се вакцинира со ммр.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    @Milkiway Синко ја прими МРП на 12 месеци и 8 дена. Фала му на Бога, немаше никаква реакција.
    Утре полни 14 месеци. Запишан е во градинка и треба да почне на 1 септември. Тогаш ќе има 15 месеци.
    Но, вчера разговарав со педијатар и ми кажа да не го пуштам во градинка. Вируси имало, плус ковид.
    Неможам веќе паметна да бидам.
    Што ќе правиме, само Господ знае.
    Инаку јас не би пуштила во градинка без МРП. Тоа е мој став.
     
    На Milkiway и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.834
    Допаѓања:
    145.550
    Ковид и вируси секогаш ќе има. Посебно вируси. Ете сред лето во полн ек се.
    Кога според педијатарот треба да се пушти дете и кога е тој период без вируси?
    Глупости. Ако ти е желба и мислиш дека треба пушти го.
     
    На mal.ecka, Oneo, Izzy_0504 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека има вируси, не само сега, секогаш имало и ќе има, и вирусите се нормален тек од развојот и стекнување на имунитет на детето, работата е што мораме да ги пратиме во градинка и на работа не не прашуваат дали има вируси и ковид. А на педијатрите тоа им е работа, што да ти кажат друго. Мене првата матична се дрзна да ме прашува па што не го чувал некој, морало ли во градинка, па не го праќај греота е. Сакав да и кажам дека то не е нејзина работа и не треба да ја занима, ама ај преќутев. И на прво разболување го опишав од кај неа.
     
    На azelea, CurlyBlossomGirl, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас не памтам лето со толку вируси, не знам што е ова. Што вика Лисичко, што повеќе да каже педијатар, тоа е 'полесниот' начин да го заштитиш. Не можеш да знаеш каков имунитет има детето додека не се измеша со други деца, може нема да фати ништо или ќе поминува лесно. Син ми на 12 месеци кога тргна во градинка од месец ипол беше само 6 дена, другите денови болен дома седеше. Друго детенце што тргна една недела покасно на 9месеци ниеднаш не отсуствуваше. Ниеден вирус не го фати. Може и твоето ќе си оди без проблем, мораш да пробаш.
     
    На Izzy_0504, Meckicja, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.301
    Допаѓања:
    125.625
    Мислам оти сите педијатри се против градинка!
    Мојава стално ми вика не го пуштај штом имало кој да го чува, или ако одел веќе од септември никако само на пролет!
    Која логика бе жено, ене ги градинкиве празни па болни има за извоз .
     
    На azelea, fana, Lisicko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.669
    Допаѓања:
    19.607
    Фала ви за одговорите девојки
    @Jana06 он сега пролет лето ти одеше мене ми фуфка дека ќе почне септ/окт ќе фати есен зима а мислам морбилите зимата се појавуваа. Се сеќавам пред 4 год имаше пандемија ако не се лажам, во ремедика уште стоеше листот на врата залепен во собите дека нема посети заради морбилите. Твојот прозборен е наводно со тоа ја поврзувале т.е. да чекаш да прозбори.
    Ќе се консултирам и ја секако ама окт ноем ќе ја прими а и нека тргне прво малце да не остане дома цело време те читав мака дека си имаш со вирусите. Да видам он колку ќе е имун со оглед на тоа што не мрдаме нигде со него.
    @Bebac и јас така размислувам
     
    На Bebac и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Нема правило лето/зима, ако биде во контакт тоа е тоа. Мислам на @BabyT* (се извинувам ако грешам) фати сипаници сега скоро.
    Мојот да, почна со зборчиња, прооден е, па се опуштив малку. Не дека имав некој страв ама пак кога гледаш други случаи нормална појава е да си скептик како мајка, друго е од страна.
    И докторката ми објасни дека ако има таков ген било што може да биде тригер меѓу кои и вакцината и затоа нема потреба да се плашиме и да чекаме. Со лесно како и да одлучиш.
     
    На Izzy_0504, Bebac и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. AnonimnaDevojka

    AnonimnaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    ме интересира има ли место за тие дечиња што од септември се враќаат во градинка, а си плаќале редовно преку зимата и летото. Само за моево ли викаат нема место во цел ланец буба мара градинки. Испаѓа џабе плаќам со месеци редовно за место
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    А нели имаше некоја информација скоро дека тие деца што не одат во градинка, а се запишани ќе може да се вратат само доколку има слободни места? Може грешам ама како да прочитав некаде.
     
    На KuklickaSk и AnonimnaDevojka им се допаѓа ова.
  13. AnonimnaDevojka

    AnonimnaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    не знам дали има јавна информација ама тоа ми кажаа уште лани во септември кога прекинав да го носам, меѓутоа мислев за тие што пишуваат на форумов дека децата од септември им тргаат во градинка.
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Да да, секако ако има некоја инфо ќе пише тука, инаку од тоа што го видов и слушнав досега по градинките, ќе влезат децата со најдобри врски. Јас во друга градинка го пријавив и ми рекоа ќе имам информација дали е влезен во група после 20ти август.
     
    На AnonimnaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.206
    Допаѓања:
    40.582
    Пол:
    Женски
    @AnonimnaDevojka и јас планирам да го вратам од септември. Исто си плаќав редовно од Март лани. Однесов потврди пред еден месец дека сме вратени на работа и јас и сопругот. Многу не коментираа, само ми рекоа дека средина на август ќе ги правеле групите. Ова за Срничка во Аеродром вака.

    @Jana06 во средина на август и мене ми рекоа дека ќе се прават групите.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnonimnaDevojka

    AnonimnaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    ама вашите групи се нови тек сега ќе се формираат, а на малиот веќе е формирана и наводно била исполнета, 20 деца одат. И наводно сите групи низ буба мара биле полни до максимум по протокол. Луда работа значи, не знам чаре...
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сфатив веќе си постојат групите и има по 15 деца, ова за јасли. И сега чекаат одговор од министерството да видат како ќе биде ситуацијата со ковид и ќе знаат колку деца плус ќе влезат. Фактички затоа не може да се вратат некои од старите дечиња без разлика што плаќаат. Таа ми вика едноставно нема место, сите групи се преполни дури направиле некои отстапки, некаде веќе имало и 16 деца :wasntme:
     
  18. AnonimnaDevojka

    AnonimnaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    не се фер зошто дете што не оди а плаќа го третитаат исто како незапишаните.
     
    На CurlyBlossomGirl, Martka и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Па не знам како ќе ме сфатиш, реално и јас сум во иста ситуација како твојата можам да го чувам, а сакам да го запишам. И сега, некои родители таму кои немаат каде да го остават детето ќе дадат отказ затоа што за нивното дете нема место во градинка, а од друга страна некои чуваат место, а детето си седи дома. Ги разбирам и двете страни, не е фер за никој. Најфер е да се направат уште 20 градинки во Скопје.
     
    На Bilbilce, KuklickaSk и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Мајки, има 21.000 запишани деца во сите градинки во земјава. Од тие, 7000 деца се запишани, а не одат воопшто. Од друга страна, има 7000 деца на листа на чекање кои не се примени зошто нема место. Фер е?
    Не треба да постои опција 'си чувам место за детето'. Или оди, или не оди. Имаат и директорите на градинките одобрување да ги отпишат децата што не дошле 2+ недели и да го дадат местото на друго дете. Тоа што земаат пари за дете кое не иде, не е во ред воопшто, ама не може и не треба да има чување место.
    Во Битола има 1100 деца на листа на чекање. 1100... Тоа се во просек 10 нови градинки. Во Аеродром во Скопје исто.

    Фалат градинки и мора да се градат нови за да се згрижи повеќе од 30% од децата колку што се згрижени сега, а дотогаш сите треба да сме свесни и ако е запишано, да оди стварно.
     
    На Oneo, happygirl, azelea и 7 други им се допаѓа ова.