Гледај од друга страна дека и да се изградат тие градинки за толку деца, дел би биле празни бидејќи "чуваат место". Прво нека се реши тоа да не може да се чува место и потоа нека градат нови градинки.Во ред дете да е болно и да не го носиш ама со месеци да чуваш место за не дај боже не е во ред. Ги разбирам и родителите приморани се на тоа бидејќи кога ќе сака да го прати во градинка нема да може и нема да има место за неговото. Не се виновни родителите институциите се.
Во нашата градинка (во Охрид) ако детето не оди 2 месеци со ред, ќе го отпишат. Исто ако има повеќе од 2 неплатени сметки. И мислам дека е во ред. Не може да се чува местото со години, а за тие шо чекаат да нема место. Сега и јасно ни е на сите дека и тие на листата можат магично преку ред да се примат ама тоа е веќе друга тема.
Д аама има и деца кои што од оправдани причини мораат да прекинат некој месец и после да продолжат, вие ги ставате сите во ист кош... според ѓуабетиве што ги читам сите кои не датво моментот мора да се отпишат без разлика причината. Не оправдувам ни јас да де чува место безпотреба дома да има кој да го чува ама има и такви кои мораат да отсуствуваат период, тие треба да си го имаат местото.
Јас се изјаснив за децата кои седат дома без причина. Не знам која оправдана причина може да биде да седи детето неколку месеци дома.
Добро, во ред, такви работи не ми дојдоа на памет. Секако се известува градинката во таков случај, си приложуваш извештај од лекар.
Има деца кои има кој да ги чува, а седат дома. Не ги пуштаат во градинка дека немало да има многу деца поради одморите, не била неговата учителка, ладно во јануари не знам што. Август и јануари се празни градинките. Баш една пријателка ми кажа денес дека само едно дете било во таа група кај што е нејзиното. Греота. Епа ок одмори, а на одмор се најчесто две недели, а други две недели значи има кој да го чува. Ама тоа е некој чека ред, а некој не знае што да изведе. Преку ред се запишуваат, се прават групи, се делат децата на побогати и сиромашни, па да било во онаа подобрата група итн. Нека плаќаат тродупло ако не оди во градинка без оправдување, па да видиме дали ќе чуваат место.
Еве кај нас на пр не бараат нитшо туку кога ќе треба да се врати само потврда дека е здраво. Не знам има мн фалинки во системот секако
Ќе приложиш потврда од лекар и никој нема да ти го отпише. Дете на другари е запишано од ноември, 2020. Плаќаат 500 мкд за место, а не било ниту еден ден. Ковид има, па други вируси, па лето е, па на есен пак ковид, и оп во школо ќе тргне пред да се одели од дедо и баба. Фаќа место на дете кое нема кој да го чува. Без осет е малку. Детето мое се запиша во градинка за 24 часа. Одма му најдоа место во градинката во која сите бараат место зошто ја водат кај најдобра. Да, знам дека не е во ред, ама немаме баби и дедовци, и нема кој да го чува. Заради ММР тргна 1иполмесец после упис. И мене ми се јавија зошто не е тргнат, и ми кажаа дека ќе го отпишат, и покрај тоа што беше запишан без проблем. И така треба да биде без разлика кој ти е врска.не одиш,отпис. Па ќе ни дојде памет.
Факт е дека фалат градинки. Па во нормални услови по 40 деца беа во група. Дали тоа според вас е нормално? А секој си има причина зошто чува место. Јас и да сакав да го вратам до пред еден месец не ми го примаа зошто не можев да ги однесам фамозните потврди за физичко присуство на работа. А тоа како е да се работи од дома со дете да не почнувам. Значи проблемот е поголем од тоа кој и зошто чувал место.
Да чува ради болест океј. Ама да го чуваат баба и дедо година дена и да чува место нема никакво оправдување. Државата ќе отвори градинки и пак луѓево нема да ги носат и ќе плаќаат за место, а во група ќе бидат помалку деца, треба и кадар да се вработи и да се плати за тоа. Они треба да го укинат чувањето место и готово.
од кога? Последно кога јас зборував со градинката зошто имав заборавено да платам два месеци, кај нас уште бараа потврди. Сега кога ги однесов ми рекоа дека ќе видат како ќе биде кога ќе ги прават групите во Август. Во ситуацијава може и си во право, ама генерално градинката треба да е право на секое дете. Не е само згрижувачки центар, туку и едукативен. Чување место не мора да има, ама право да пратиш дете кога сакаш да. Ако ситуацијата дозволува да запишеш дете кога сметаш дека има потреба, верувам никој не би чувал место. И што дека јас плаќав за место цела година, кога сега не знам дали ќе ми го распоредат детето да оди. Само и на нив им одговара, да земаат пари за деца кои не одат. Им се бројат, а реално имаат помалку деца за чување.
Нас не известија дека сега во август ќе ги продолжиме договорите. Во неофицијален разговор немало пак да бараат потврди за вработени родители. Јас лани во ноември кога ја однесов не ми пишуваше на потврдата од каде ја извршувам работата. Не прашав, да не ви спомнале на вас како ќе биде од септември со времето за прием? Пак ќе се продолжи исто или ќе има промени?
Па јас мислам дека ако има доволно ме Сто во градинките нема да ги држат запишани и да не ги носат туку ќе можат во било кое време да бидат запишани кога ќе имаат потреба. А вака зошто би немало место кога ќе им треба па ги запишуваат во прв можен момент и го чуваат местото
Незнам искрено ништо не ми спомнаа. Многу многу не сакаа да коментираат кога оставав документи со најава за Септември. Јас секако планирам да се јавувам кај таа девојката од администрација што ме контактираше па ќе прашам.
Со чување на место треба уште 30 да направат, а ако би го немало тоа ќе треба да изградат помалце градинки. И стварно нема потреба од чување место ако детето не оди со месеци во градинка. Има многу мајки што ќе го остават еден ден во градинка само зошто бабата и дедото имале работа и немало кој да го чува. Тоа не е во ред за детето. Или го носиш или не, може одстапка да се направи за болест али за било што друго не треба да се дозволи.
Знам се ама не може да се има градинки кои цело време немаат место за нови, ако има доволно градинки секогаш ќе се најде место или бар и да се чека д ае месец два а не со месеци чекање н алистата за прием. Во никој случај не поддржувам чување место а да има кој да го чува и да не го праќаат