Од каде ви се овие податоци за број на деца. Дали се официјални. Кога секој би можел да си го запише детето тогаш кога ќе има потреба без УРГЕНЦИИ И ВРСКИ, никој нема да чува место. Сепак рибата смрди од главата нели.
Од министерство за труд и социјала се бројките. Не се објавени. Да, мора да има систем во кое секое дете ќе биде запишано без врски, и мора да има држава во која ќе има доволно градинки за сите деца. Ама нема градинки. А да, системот го прават луѓето. На секое ниво. Ама тоа е друга тема и е многу, многу подлабока. @Ano има нови групи во Срничка, ќе ја примат.
Да мора да плаќаш полна сума без разлика дали оди или не оди детето, одма ке се намали бројот на резервирани места. 500 денари се ништо месечно ама по 2000 цела година нема шанси. Најголем пропуст е тоа со потврдите за работа. Ке се осигураат во фирма за потврда и потоа ке си тераат. Ама ги разбирам и мајките, на децата им треба социјализација, а на лулашки се мешаат сите возрасти и нема простор за игра.
Да го видов. Само се дигна на почетокот галама само со потврди за физичко присуство, а за ова не се објави. Како и да е ние бевме во ротации до пред еден месец и покривавме дете, па секако оставав за да можат други кои имаат стварно потреба да носат. Сега веќе се смени ситуацијата и од Септември ќе треба да оди, а и сакам и он сака да оди. Како ќе биде ќе видиме во Август кога ќе ги правеле групите. Се надевам само дека се ќе си биде регуларно па нема да има потреба да се расправам, зошто фаќање врски ми е последна опција.
Кај внук ми во градинка обавезно лето/ зима им кажуваат на родителите :"Најдобро да се снајдете некој да го чува, ние сме редуцирани, одмори, празници, топло е ладно е, малку деца, мењаме негователки тинтири минтири" и има родители што се снаоѓаат и не ги пуштаат, некои секако одат затоа што немаат можност да седат дома со нив. Се понашаат како школска година да е и толку во јуни они "завршуваат"со активности. Истово ми го рекоа кога прашав зошто син ми во јуни не го примаат кога и ми завршува породилното е дека нели немале групи, па биле они на одмори, па немало деца,па не знам што...ајде бе ... Така да од двете страни има кривица Едит: ова со учителка е точно кај внук ми ниедно дете нејќеше да оди само 2 оделе, другиве родители ги оовлекоа. Таа што дошла многу ги карала, ги терала да ќутат, не ја сакале...ова он ми го кажуваше. Штом им се врати од одмор нивната сите се вратија назад. Зборам за дете од 5г
Така им одговара на воспитувачките за да имаат помалку деца. Ај ако не сите родители нека земат одмор во исто време со неа. Инаку и нека седи дома да кажеме додека неговата не е таму, ама пак се претерува со отсуството на некои деца. Цел јануари или август сигурно нема да е на одмор, па да одбиваат децата да одат кај друга.
Според мене тие изговори на воспитувачките се без врска. Тие се ќе ви кажат за да чуваат помал број деца о порано да си одат. Ако е запишано не гледам причина зошто да не оди? Имало вируси, па што ако има, тогаш чувајте ги децата под стаклено ѕвоно.
Совет од негователка сега е во пензија веќе ми кажа нема дете што не сака да оди во градинка ако не сака да оди има нешто. Една што ја знам и едвај ја избркаа партиски влезена ги затварала децата во шкафче и им викала внатре дека имало бубачки, среќа поново време направиле група родителите на вибер па дознале дека не е едно дете да се жали повеќе биле. Секакви има и никако не си и да го оставиш не знаеш како ќе се однесуваат со него особено ако е некое повлечено дете.
Пак ќе кажам не ја орави споредбата на отсуство со деца во јули/август и јануар. Значи самите кажуваат да не се пуштаат деца во градинка се понашаат ко на летен распуст- нели не сите има и исклучоци. Исто како што моето бебе не го примија да почне во јули затоа што "немале групи, било време за одмори" што поголема глупост немам слушнато...градинка е не е школо. Ги повлекуваат затпа што ќе с епогодат повеќето на одмор, бебиња мешаа со 2г деца никој не ги пази натрупани со 1 негователка во група. Буквално познаничка што работи во градинка ми вика ауу едвај чекам јуни им викаме на родителите ако може да се снајдат со чување па зимаат сите одмор ротираат . Зборот ми е за отсуствата јули/август и јануари има оправдување од она што сум видела дека го прават. Иако самите родители грешат не треба да го повлечат нека одат сите деца па нека се снаоѓаат.
И тоа како треба да се градат нови градинки, може не треба во Јурумлери и во некое село кај што деца се раѓаат 2 деца годишно, ама и тоа како треба ВО аеродром каде нови згради никнуваат како печурки, а капацитетите на градинките се исти.
Треба али не до толку многу како што изгледа, кога ќе се ослободат местата од тие што не ги носат децата и плаќаат за тоа тогаш ќе можат и повеќе дечиња да одат. Ама лошо е и што некој од по селата си ги запишуваат во градските градинки зошто таму работел родителот, а тој што живее во таа општина нема да може да го запише и нема да има место. Колку деца знам што се од Бардовци и ги носат децата во Карпош зошто не им е свиѓале негователките во Бардовци како работеле.
Групите во Аеродром се фул, не верувам дека има некој што може да чува место, барем кај моето е полна група уште од сам почеток, а и во другите клонови исто. Колку што знам има 300 деца на чекање, тоа е една цела голема градинка. За другите градинки не знам. Тука немаше место и пред корона, ако не беа ограничени групите.
@Kataklinkers значи дете оди во градинка само ако нема кој да го чува според тебе? Моево има кој да го чува ама 4 години е и сакам да оди. И ако еве го примат, јас виновна ли сум што сум го запишала!
Колку пати во денот им даваат да јадат и временски како им се поделени оброците? И што им даваат да јадат и во случај ако не јаде нешто од таму дали смеам јас да носам па они да му дадат(купечко)? Сакам од септември да почне па ме интересира
Не знам каде конкретно прашуваш, ваму кај што го носев во Колорес имаа доручек житарка со овошје во 9.30, овошје во 10.30, ручек пред спиење околу 12.30-13, супа во 15 и доколку го зимаш покасно им даваа ужина накај 16.30. За храна од дома не сум прашала зашто без проблем си јадеше. Не би требало да има проблем со јадење зашто во повеќето храната е таа, нешто слично како дома што им спремаме.
Во државните има доручек, ручек и две ужинки. Доручек во 8:30, ужинка во 10:30, ручек во 11:30, ужинка во 14:30. Си има различно мени секој месец, претежно кашички и пасирано. За носење мислам не дозволуваат, тоа што има, тоа ќе јаде.
Кај нас има само 1 ужинка од ко ќе станат, доручек 8:30, ручек 11:30 и од ко ќе станат ужинка (обично купено благо). Моето сеуште јади само леб, ужинката секако си ја јади, после дома руча ко 3 и пол гладен скроз.