Ама ова не важи веќе одамна ,и тие што работат од дома имаат предност како и тие што одат на работа физички.Јас уште мај месец кога поднесував за бебето во Аеродром имаше истакнато известување на врата од градинката. А за земање пари не ми збори,за големата лани ми земаа пари до септември а не чував место,по нивна одлука не одеа децава,мојава од септември тргнуваше прваче,по која логика ни ги наплаќаат месеците кога беа затворени. @Kolache na mama да не имаш некоја информација за приемот во градинка?
Сфатив по муабетите, ама пројде возот. Секако бевме од дома па немаше потреба да ризикувам да го пуштам. Сега си чекам за Септември да видиме како ќе е распоред.
Мајка ми била денес да однесе документи ама не и кажале за потврда од работа? Отпосле ќе ни бараат? Инаку и напоменале дека групите биле веќе формирани, ако имале комисија ќе одлучувале па ќе кажале.
Случајно видов, не ми даде нотификација дека си ме тагнала. Групите се формирани веќе. Бев во дирекција ми кажаа на листа на чекање е. Ништо ново. За 20 дена тргам на работа. Ако не го примат (уште се надевам), ќе почне во друга општина. Не ми е блиску, ама само таму имаше место. Иначе во неколку општини поднесов документи, само од една ми се јавија.
Леле, сигурно и мојава.Јас од октомври тргам ,уф ми се преметка во желудник кога ќе помислам,а нема кој да ја чува.
Јас би ти препорачал да си однесеш и да инсиситирате да ви кажат до кога би известиле. Кај нас бар беа фер и кажаа во средина на Август ќе се прават, или ќе не исконтактираат или да се јавам да прашам.
Повеќето да граиднка и е место каде децата се згрижуваат додека родителите се на работа, а ако сакате нешто да научат си има едукативни центри. Но не се проблем толку тие што одат и имаат кој да ги чува дома, туку проблем се тие што отсуствуваат, не се редовни во градинка и зафаќаат место на друго дете кое чека ред и мора да оди секој ден и нема кој да го чува.
Државата мора да обезбеди место за секое дете! Другото не е ничија работа. Градинка е место за социјализација и едукација, не е згрижувачки центар, шо вика Кукла.
На жал, многу родители така гледаат на градинката. Место каде детето им е оставено на чување додека се на работа, а персоналот услуга им прави
Токму така! Сите плаќаме даноци, давачки,такси и што не,а ништо од државата за возврат,никакви услуги ,приватно се лечиме,децата во приватни градинки, ќе се снаоѓа кој како може,оставени сами на себе за се. Да не може дете во градинка да запишеш,пу ј'зк.
Ама државата не ги градинките за некои да го злоупотребуваат тоа и да зафаќаат место. Мора построги критериуми за запишување и отпишување поради отсуство без оправдување.
@Milijana30 градинка пролет (ама клон во Козле не во Влае). @Brpbrp во државните имаат доручек во 8:30 (кај нас беше тарана, палента макарони со сирење и јогурт или леб со намаз од јајце или туна или леб со путер и мед и такви слични работи), па ужина околу 10:30 (свежо овошје), па ручек во 12/12:30 кој е обавезно некоја манџа или супа со риба и пире и уште една ужинка кај 14:00 која најчесто беше нешто лебасто (кифла, интегрален ѓеврек или перек и слично). Различни градинки имаат различно мени. Е сега во однос на алергии знам дека на ѕидот на занималната имаше список кое дете на што е алергично за да не му даваат такви производи и бевем замолени да не носиме ништо за родендени што содржи јаткасти плодови заради алергија на детенце од групата. Што и како ги ранат децата со алергии не знам ама внимаваат на алергии. @Kataklinkers градинката е место за воспитување и едукација на деца. Не е место само за чување на деца. Сите истражувања укажуваат дека децата што посетувале градинка пред да одат на училиште имаат подобри резултати подоцна во образованието. Така што треба повеќе градинки да се градат, не да се затегнуваат критериуми за упис. Сите деца треба да посетуваат градинка.
Не мора да значи има деца кои дома се учат, ама има деца кои одат во градинка а ништо не знаат кога треба да тргнат на училиште. Но, како и да е не треба да се зафаќа место и да им се даде предност на оние што навистина имаат потреба од згрижување. Пишав затоа и треба критериуми. Ако без причина не оди во градинка повеќе од три дена чао.
Градинката е предвидена за претшколска едукација и социјализација на малите деца и припрема за училиште. Тоа што кај нас е пренаменета во бебиситерска служба е друг проблем. И според мене не треба да бараат потврда за вработени двајца родители, зашто друго е однесувањето на детето дома, а друго во градинка.