Може ли да ми кажете кои документи се носат при упис на дете во градинка, не кога веќе е примено, туку првично кога треба да се разгледуваат пријавите?
Јас само електронски го пријавив на веб сајтот на градинката. Отидов утредента да прашам дали треба да однесам нешто, ми рекоа не треба, тоа е тоа ќе си чекате да ви се јавиме. Ми се јавија после еден месец да земат податоци и сега чекам да формираат групи.
Секаде е вака, или зависи од град до град? Познаничка ми рече дека извод требало да однесам директно во градинка, а не ми спомна за никаква пријава?
Искрено не знам за другите, јас во Срничка го пријавив. Побарај дали имаат вебсајт и ако има опција пријави го, па јави се да прашаш што треба. Јас досега ниеден документ немам однесено, ми рекоа ќе ми кажат што треба доколку е примен.
Кога ќе ти се јават декаа е примено ке одиш. Они ке ти кажат што документи треба. Ти врти да прашаш до каде е со упис. Кој знае што ке биде од Септември. @Jana06 Јас чекам за во Буба Мара. Рекоа Август ке формираат групи и ке се јават.
Каква дисциплина се очекува од 22 месечно дете? Негувателката само што не отишла во пензија( веќе продолжено 1год) ме седна ме искара како мало дете зошто не сакал да седи на столче?! Очекувала кога ќе му рече седи да седи. (До пред некој месец збореше како он не сакал да седи во креветче кога ќе го ставела) Од дете што пред 9 месеци проодело и го открива светот Бидејќи сега се во јасли, од 1ви во група ќе бидат со други воспитувач и негувател,ми вика таму нема тинтрење ,мазење таму е строго. Затоа јас овие две недели ги држам строго (како да се кучиња па ќе ги истренира за две недели ) Немало да оди во занимална да ги запознае другите учителки со карактерот и однесувањето на децата,ќе ги оставела сами да си створеле авторитет(демек она сега го има) Ми се изназборе како требало јас да го воспитувам дома. Дека од 1ви колешките имале програма што треба да ја работат а децата да седат на столче. Па не се првачиња де Викам што очекуваш од две годишно дете, нема време за седење,нон стоп е во движење... Да бидам реална,малце е удрена во крило, така да не и го земам здраво за готово,ама ме изнервира па си реков да пишам да ми олесни на душава.
Исто и мене ми викаат ,темпераментна била,не седела на столче да прави тоа што треба .Ама не ме карале Што можеш ти да смениш ,такво е детето.
Ништо вакво нема кај нас. Реално ова е тупење. Не знам, може имам среќа, ни се погоди и градинката а и учителките. Кога и да прашав или да се пожалев, добивав не се секирај мамичке, ќе средиме ние. Не сака да спие, наоѓат начин, не сака у градинка, они ја зимаат како свое дете и ја смируваат. Во јасли и научија тактика кога се инаети, и викаа ајдеее ќе ручкаме и дете мирно. И не не седат на стол, имаат перничиња и сите доле пеат, читаат, раСкажуваат, вежбаат, разговараат. На столчиња само за боење и јадење. Сега веќе ќе се голема група па дури и сега не очекувам да бидат пиончиња. Не знам како е по другиве градинки. Ама овде кога ги зимаме дечињата не можат да се разделат. Толку се дружат и сакаат. И приватно си се дружиме родителите, не зближија децава. А учителките би си ги зеле и на одмор. Сакале дома да им одат. Ако се на одмор или боловање тоа се драми и плачки, ја бараат воспитувачката.. Може дека ми е прво дете па вака ми изгледа, не знам.
Не и обрнувај внимание. Тие ќе си најдат начин. Плус децата гледаат меѓу себе и прават исто како другите
Не на тебе. Тупење од жената без врска. Гледам по моево. За да разбира им требаат бар 2,5 години. Многу големи очекувања за мали деца.
Официјално, кога е почетокот за адаптација кај бебињата во јасли. Еве да претпоставам го примат, ке ми се јават после 20 август, ке ги однесам документи и..... Адаптација кога, како. Од 1 септември на работа тргнувам,нема никој, ама буквално никој кој да го чува. Со мене на работа хахаххаха
Јас почнував од средина на Септември, децата ги пуштив во јасли почеток на Август (да има време да се адаптираат).