На секое дете различно му делуваат. Јас би рекла дека ништо од сирупи не делува додека дете не помине вируси, бактерии па да се адаптира организам. Јачање на имунитет дома со маџун,овошје,зеленчук. Ова вака најискрено. Инаку можете да земете Молерс, вит Ц, вит Д и пробиотик.
Да замолам мајките што чекаат да тргнат во јасли од септември, населба Лисиче/Аеродром дс пишат дали и кога ги известиле. Последо рекоа 23 август дека ке бидат формирани групите и ке се јавуваат. Денес сеуште немат никаква информација.
Им отидов, неможев да ги добијам. Немаат засега никаква информација. Останува да чекаме дали ке ни се јават во текот на неделата и толку.
@Magdalence ,@Jana06 И јас чекам заво Буба Мара 1 Рекоа ќе ви се јавиме,уште во Мај дека епримена. Нема никој да се јави. Пишете ако ве контактираат.
И нас ,веќе запишаните не ни кажуваат со кои учителки ќе биде групата,и од колку саат ќе биде приемот од 1ви. Тотално некоординирани
Однесе ти документи? Мене ми се јавија два пати. Рекоа во август ке се чуеме за документи. Ми земаа матичен број и податоци за дете. Од тогаш штама . Прееска читам нешто од 15 Септември ке знаат за групи. Ништо повеќе.
Уффф,ај утре ќе отидам со се деца,па може и ќе ме познае, девојчињата заедно ни одат на балет,па да ја молам за бебево,мада тешко, некако немам надеж многу деца има
Буба Мара Мојот си оди од лани,ама сега од јасли преминува во група 2-3 години и ќе имаат нова негувателка и нова воспитувачка. Неколку пати прашав,ме игнорираат уште дека не знаеле. Додека на претходната генерација 2-3, год веќе им кажаа со кои ќе бидат нивните деца од септември. Не им ја разбирам праксава да менуваат секоја година кадар во групите,што сигурно ќе се одрази на децава. Јас мислев од јасли до 5 год треба да се со истите учителки. Исто и за времето за прием, многу ми е важно од колку ќе биде за на време да се организираме со мм кој ќе го носи,кој ќе го зема. Ама и тоа не знаеле. Денес ми се јави негувателката,паника крева 2 пати какал до 10ипол ,пролив има дојди да си го земеш овде сето е со вируси! Ме зачуде дека ноќеска немаше ни мочкано во пелената,а не пак какано,ама ај реков ќе го земам. Одам во 12,дете весело,јадело појадок ,јадело ручек,нема тт...викам што е работава? Ау ти не знаеш сите се со проливи, прошла недела дојде едно болно сите ги зарази,и ние сите вработени сме болни! Вау требаше орден за храброст да им доделам дека одат на работа болни. Си го донесов дома,дадов пробиотик, си легна да спие,од пролив ни п. Ама не можат по магарето (детето што одело со вирус) па удри по самарот (моето здраво ,живо).
https://deca.mk/koi-chekori-da-gi-prezemete-ako-vasheto-dete-se-izolira-od-svoite-prijateli/ Овде читав,колку е вистина незнам. @Sofi.ja Во буба мара ова? Леле секој ден сум во Лазо. Еден ден ке ги снимам како им се дерат на децата ,и кои зборови се користат
Да бе ,може јадело некое овошје или нешто што предизвикува потечна столица и одма на пролив им личи.Море ова воспитачките како се усилени после коронава,одвратни се станати дури што слушам,само си батат изговори за се нешто. Инаку не знам зошто така секоја година ви менуваат, кај нас големата дур одеше само во јасли беа едни , а после од втора јасли ги делеа и исти ги водеа до крај.Ова за во Срничка зборам, колку што гледам уште така функционира.
И кај внука ми исто беше во првата градинка кај што одеше стааално некои изговори зошто да си ја земат. Се прејало повратило малку ајде дома, столицс малку потечна ајде дома ова било ајде дома стаално ги малтретираа аа. Потоа ја префрлија во друг клон никакви проблеми нема... Страшно дури
мајки, дали сте влегле во градинките кадешто ги носите вашите деца (конкретно државно јасли ме интересира) за да ја видите просторијата за престој, каде јадат, каде спијат? прв пат мајка, бебе ќе треба да почне со адаптација од октомври кога ќе биде 8 ипол месеци и не знам дали е дозволено родител да влезе, чисто да разгледа, поготово сега во пандемија? јас секако и нив ќе си ги прашам, ама не се на одмет искуства.