Денеска поминав од градинка да прашам дали има информација за списоците. И на вратата кај педагогот: Спојлер: Известување П.С. За во Срничка
Секоја градинка своја приказна, исто како и со училиштата. Од МТС и МОН им даваат препораки/насоки, а потоа секоја градинка/училиште си работи согласно своите просторни услови, капацитети и други околности, да не речам како им одговара Ова го зборам од лично искуство за училиште/прваче и градинка (внуче) и две пријателки кои работат долги години во градинка, во различни општини. П.С.И џабе ги прашувате негувателките/учителките и тие чекаат насоки/инфо од „горе“.
Па нема да им кажам дека сум на породилно. Од каде ќе знаат. Глупости, па породилно значи тргање на работа за неколку месеци, тогаш што правиме со детето.
По три дена отсуство каква потврда ви бараат? Јас однесов потврда од работа за двајцата и плус потврда за здраво дете од педијатар треба да доставам
Ако си одела бремена да го земеш детето и знаат дека со породена, како ќе сокриеш? Класична дискиминација, да ми го отпишат детето бидејки мајката е на породилно. После нема да го примат нема да има место.
Не ги отпишуваат. Јас бев на породилно, ќерка ми не одеше, не ја примаа дека тогаш бараа потврда за физичко присуство на работа, а јас работев од дома пред да се породам. Цела година си плаќав редовно за местото и сега од септември ќе си почне пак во нејзината група. Сега бараат само потврда за редовен работен однос.
Нека докаже дека сум на породилно! Ако имам документ, она нека бара доказ дека сум ма порофилно. А бе од кај им текнуваат вакви работи
Шо знам, државно и се е можно. Мене еднаш ми држеа лекција како ги гледале мајките што си ги носат децата во градинка и после кафе пиеле во Баду.
И што им е нив гајле не ми е јасно??? Дома ли да седат? Градинка е место само за чување? Нив тоа им е работа. То ко јас да кажам за на работа дека нешто не ми е по ќејф.
Јас би рекла дека сум откажала породилно и сум се вратила на работа од финансиски причини, ако даваат потврда што се замарате. Таман работа сега да не го примат, па за некој месец да не можеш ни да аплицираш.
Поголемиот не одеше во градинка зошто јас бев дома заради бебето и баш тогаш фати коронава па затворија се. Кога почнаа он не можеше да оди зошто јас бев дома си плаќавме за место цело време.