Ако случајно некоја од вас оди и има листа, ако не ви е проблем да ја сликнете зашто немам никој во близина да пратам.
Значи многу се безобразни. Се јавив да прашам дали е примена, несакаше ни име да слушне или да се потруди да провери воопшто. Штом до сега не ми се јавиле значи не била примена. А како ќе знам јас дали е или не е ако не прашам? Лелеее ми иде една бомба да им пуштам, незнам што се замислуваат колку лошо ми се испонаша преку телефон. Дали сум знаела колку деца пред мене чекале?!!?!
25 Мај Ченто. Се јавив и викам имаме запишано бебенце дали може да добијам информација дали е примена? И ми вика значи вие немате запишано дете, вие имате поддадено документи а дали ќе се запише е друго. И јас тука се извинувам лошо се изразив океј моја грешка. И сакам да и кажам име матичен број ако може да провери, вика не. Прашувам списоците се веќе направени, вика да и штом не ве контактирале не сте примени. Значи колку беше безобразна уште во старт иронична. Морав да се испразнам, се изнервирав многу. Едит: Човек колку и да сака да не употребува врски приморан е. Воопшто не е фер ова со градинките. Како да работам ако не ја примат? А со една плата богами тешко дека ќе се истера и стамбен кредит и удобен живот.
Некоја друга мајка што ќе го носи детето во Бамби во најмалата група? Ми се јавија дека е примено. Што ќе им спакувате во ранчето?
Бев до градинка. Списоци официјални нема ниту пак ке има. Денес ке се јавуваат, кога???.... никој не знае. Ако не ти се јават денес, понеделник за подетални информации. Мислам дека не мафтаат, веке се испојавија на тие што треба да тргнат, ама еве да се надеваме Инаку имаше преку 20 родители и баби и дедовци, сите нервозни и лути....
Значи во јасли е,ќе ти треба пелени,резерва облека,шише од кое пие и топлинки ако оди. За подетално ќе отидеш и ќе си прашаш.Ако не е тајна кога ги поднесовте документите? Хахаха,дека треба да ги чуват
Значи Бамби има веќе списоци, а Чекорче нема. Не ми е јасно. @Madrugada Ти се јавија да ти кажат или беше таму?
Пиша дека и се јавиле. И јас чекам ,ама еве не ми се јавил уште никој,па чекам една воспитувачка сега ќе се јави да ми праша. Којзнае колку чекаме,ужас е Аеродром со градинкиве,ужас!!
Има мене за двете деца ми пратија списоци, денес на јатрва ми и се јавија дека и е примено детето во Бумбарче.
Гарантирам дека пола и повеќе од примените нема да ги носат ради коронава. Само место држат. Јас не знам какви врски треба да имаш за да ти го примат детето во градинка. Катастрофа невидена. Во оваа држава се е наопаку.