При крај на година лани. Најдобро само што ќе се роди дури. Ми се јавија. Ми рекоа во 8h во пон во управа а којзнае која гужва ќе биде ако на сите им рекле така.
Добив кратко инфо дека е хаос во Чекорче ама веќе се знае кои се примени, буквално е борба чии врски се подобри. Ужас. Ќе чекам сега за во друг клон во Срничка.
Пишуваат денес дека во понеделник е крајно за обновување на договорите цццц не се нормални ова како намерно да прават.
За Ѓорче случајно да не знае некој дали има списоци, околу 12 поминав во градинка немаа уште истакнато.
Поднесов барање за упис пред месец-два. Бебче треба да почне во февруари. Дали и за децата следна година што почнуваат се одлучува сега? Или има некој друг уписен рок? Ништо не ми е јасно Прашувам за јасли - Пчелка 2
Добро нас ни ја подметнаа на некој начин новата Црвенкапа, демек најблиску ќе ни била, дали сакате таму? Рековме да. Мислам дека намерно направија така за да не откачат сега зошто најверојатно не е примен. Кога ќе биде готова и дали има некој што го запишал детето таму и го прераспределиле? За срничка
Пред пола саат. Ми рекоа во понеделник да однесам потврди и ќе ми дале тие некои документи. Вие ништо друго не носевте? И ако знаете што ми треба за таму или стандард како и за во секоја градинка.
Потврди од работа од родителите Копија од извод на детето, копија од вакцинален картон Од градинка ќе ти дадат досие, пополнуваш и носиш кај матичен на заверка Потврда за здраво дете од матичен
И уште една мајка ми го кажа истово, а таа на телефон кога прашав за извод ми рече не треба Јас ќе однесам за секој случај. Фала ти.
Мене ми кажаа досието да го симнам сама од нет, да го испринтам и пополнам и да го однесам у градинката ама не ми кажаа кај матичен на заверка. Сега отварам да видам и има дел за матичниот. Значи да го носам прво кај матичниот да не се бафтам наваму - натаму. Или да не треба прво они да пополнат нешто па после кај матичен? @Jana06 и мене не ми побараа извод.
Не ,сама пополни го и однеси кај матичен да удри печат. А за досието од друга градинка ме упатија во книжара да си го купам. Можете и да го симнете мислам го имаат на веб страните.