Мајка ми работи во градинка и како да ми спомна вакво нешто.. или дека зборат дека вака ќе биде И ние почнуваме во градинка од 1ви Едвај му најдовме место, во државната не го примија..
Дали на некој му се јавија од градинката Буба Мара од Ново Лисиче за упис? Имаа известување дека од 23 до 27 ќе има инфо дали се примени или пак ќе бидме на листа за чекање и уште ништо. Се јавив во четвртокот ми рекоа "Аха денес ичи утре ќе ви јават" и ете уште ништо. Само не мафтаат или тактизираат со ситуацијава, не знам што е работата.
На нас (деца што веќе одат од претходната година) уште не ни кажале со кого ќе бидат во група децава,а не пак на вас. Се е тајно,се они не знаат,па колешките на одмор биле....додека во други градинки има истакнато списоци со примени деца. Можеби од утре ќе има новости.
И мм слушнал дека родителите ќе треба да се вакцинирани. Туку јас сум на мака. Синко на 1 септември, ќе има 15 месеци. Почнува во градинка. Како ќе го оставам? Се изнаплакав деновиве. Чувствувам вина, бидејќи е пандемија. Но, да видам како ќе оди прилагодувањето? Ако не, ќе го чува сестра ми.
@Bebac Правта недела одеше од 8 до 11 и пол, супер бев, ко почна да останува со спиење квалитетното се изнаплакав оти јас сум 1 ден прва, 1 втора смена и ко ќе сум втора го гледам сабајле во 8 и вечерта од 20ч ама се е навика. И ми се лути, уште се лути дека јас не сум го земала од градинка
Еве и јас моето патешествие да го пишам тука за упис во градинка. Моето е родено 18.01.19 барање за упис пуштено на 1ви февруари истата година. Една година нема никаков абер за прием. Во април 2020 повторно дадено барање за прием за во мај да се јават да кажат дека два пати сме аплицирале и дека можеби ќе почне од јуни во градинка ама да чекаме да се јават. Чекавме до средина на јули да се јават да кажат дека ќе почне од први септември. Да напоменам дека после второто барање мораше врски да се фаќаат бидејќи во нашава држава без врски ништо не бива. Зборувам за градинката Пони во Хиподром
@srekice @Camille84 слушнав дека има списоци во Буба Мара,јавете се прашајте. Една негувателка разговараше со родител, рече ќе ги земам после списоците ,да видела нешто околу групите.
Здраво,бидејќи не сретнав тема за искуства во државна градинка сакам да прашам тука доколку има некоја мајка искуство со градинката Детска Радост во Автокоманда.. Бев решена за приватна градинка меѓутоа денес ми се јавија дека е примена во оваа градинка.. Дали има некоја мајка искуство со оваа градинка би ме интересирало се ..
Нема објавено, бар јас не видов. Пред врата пишува ако демек се јават е примено ако не, не било... Ама ќе проверам утре и ќе пишам за сигурност
Може не е место темава ама со градинка е поврзано... Ручаат во 11 таму. Им давате ли ручек пак дома? До вечера некако мн простор има
Моиве и дома јадат обавезно околу 3-4 часот може и накај 5 да фати. Порциите им се мали таму, како за моиве деца