Да да, баш пред Срничка кај што се запишуваат. Сега ништо не ми спомнаа за тоа, само ми рекоа имам рок 2 недели да однесам вакцинален картон за да го запишат, ако не одма ќе го тргнеле од список. Како и да е, ќе го оставам дома барем една недела после вакцината, лошо искуство имам од претходната градинка со разболување.
Ве читам за вакцинаца мрп, нешто не ми е јасно. Еве моја беба треба да почне градинка на 9 месеци, ќе бидеме принудени да ја примиме порано вакцината или?
Не, по календар е на 12 месеци. Сега во пандемијата можеш да ја одложиш до 16м или ако одиш по 'црниот' пат да ја одложиш на неодредено со потврда од лекар. Ако не се лажам имаше некоја членка што пред 12м ја вакцинирала ќеркичката од страв од морбили.
Во Ѓорче во диспанзер ми кажаа дека не смее порано да ја прими од 12 месеци, а од 12ти до 13ти месец треба да ја прими МРП(ако е здраво детето). До 15 месеци може да се одложува или како што кажа Јана по црн пат преку лекарска потврда да ја одложуваш. Се примаше пред некоја година и порано ради епидемија од морбили што се појави за да можат да се заштитат децата.
@Jana06 , @Brpbrp А тие месеци додека ја прими вакцината со страв во градинка, се надевам ретко се случува да фати морбили помало дете од годинка. Ахх родителски грижи.
Мислам дека е ретко тоа. Повеќе преовлафуваат стомачни вируси, стрептококи низ градинкиве, настинки. Ние таман ќе почнеме сега од 1ви и за 15 дена ќе треба да прими МРП ако не закачи вирус некој.
Уф, да не ја зезнеш работата? Јас на твое место прво би го однела детето да прими ммр, па после да тргне. Особено ако првпат се меша меѓу група деца.
Малиот е примен во градинка. Ќе треба да го носам од среда. Прашањето ми е што да давам за имунитет? Му давам само мед со матичен млеч. Ми велат доволно е. Матичниот педијатар препишува бекутан омега. Омега 3 секако давам меки капсули, сируп некој ако имате искуство ќе ве молам да споделите. Негде прочитав за Дефендил, некои велат Виранто, многу го фалат и Молерс и Киндеримуно. Многу ќе ми значат ваши препораки. Се двоумам долго време. Пријателка која е фармацевт ми вели доволно е капките од Зегин да ги земам со цинк и Ц витамин и да јаде овошје и зеленчук. Но сепак мислам дека треба и сирупче некое, не сум го мешала со многу деца, и некако се плашам.
На два ума бев да ти кажам, ама секако е адаптација една недела, па ваљда нема да сме баксузи до толку. Има надвор дружено и со болни дечиња ама фала богу добар бил.
Ти си знаеш, ако имаш можност јас би ти рекла прво да го вакцинираш. Син ми после 3 дена во градинка го фати првиот вирус, а септември е месец на вируси. Мада и летово не беше подобро.
А ништо? Да створи природен имунитет? Да сфати телото што треба да прави, без вештачки додатоци? Да сфати дека витамини треба да црпи од овошје и зеленчук? Да не направиш контра? Јас ништо не давам, освен овошје, зеленчук, месо, мед... Ќе се меша у вируси и само така ќе зајакне имунитет.
Дај Боже. Има дечиња што не се разболуваат. Ма да и моето искуство е како на Јана. Трет ден носот чешма е одма. Трет пат трга по подолга пауза и секогаш одма закачува нешто, а оди првите денови по саат - два.
Не е дека ништо не даваш. Даваш имуностимулатор (матичен млеч). Пробај прво вака. Ако почне често да се разболува давај Бекутан со Омега 3 (ние цела зима го дававме и заради вит Д и ради Омегата). Ако и така не оди ќе дацаш Дефендил или Бимунал (двата се бета глукани моќни имуностимулатори). Виранто е за краткотрајно подигање имунитет при настинки и слично.
Се тоа убаво, ама јас не можам да си дозволам толку да отсуствувам од работа. Ако е постојано болен исто како да не оди на градинка, ќе заглавуваме дома со денови и недели.
Majki golemite deca sto pravat vo gradinka sega so protokolive? Poveketo od vremeto sedat na masa i imaat aktivnosti ili gi pustaat da si igraat? Sega dur e toplo poveke se nadvor ama zimoska...
Како сите деца. И како сите мајки. Сите работодавачи се многу свесни за болестите кај децата, и затоа и некои гледаат да не вработуваат жени во репродуктивен период. Кога те има, знае што го чека. Прво детето, па работата. Имам лошо искуство за пријател кој пиеше се што ќе најде за имунитет, се додека не се разболе од триста болести наеднаш. Причина, природниот имунитетет не работел оти немал потреба, вештачкиот со апчиња само. Една недела без рака вештачки витамини и помагачи, беше у болница. И тоа возрасен. Ука од докторот ми е - само да створи имунитет. Препорача можда маџун. Оти бил природен. Ништо друго. Сепак, ти си знаеш. Аkо е болникаво дете со ризик, јас би форсирала природни витамини. А со витамини не можеш да спречиш сипаници, други вируси. Сепак, твоја одлука си е, јас сум за природно.
И јас сум за ова. И јас одма при тргање во градинка прашувам замена матичен за нешто за имунитет, ми вика почекај да видиме да си створат имунитет. И навистина, пу пу мака голема до сега немам видено.
А од искуство,колку време е потребно (знам дека е индивидуално) за да стекне некаков имунитет? Моето тргна на 13м во градинка (лани ноември) ,а претходно беше болен само еднаш, на околу 10 месеци. Откако тргна на секои 3 недели беше болен. Се до февруари, кога имаше бактерија во нос ,а во исто време фативме ковид. Следното разболување му беше во мај. Од тогаш навака е добар. Дали да очекувам дека стекнал некаков имунитет,или како ќе залади пак ќе бришеме мрсули?