Полека со тие сирупите за имунитет, особено тие со глукани. Матичен лекар мора да ги препише, не давајте ги на своја рака.
Јас кога ја прашував матичната дали да давам превентивно за имунитет само ми кажа боже господе таман работа да треба да дојде до тоа.
Па баш. Не треба превентивно да се даваат, лошото е што кај нас може сѐ слободно да се купи во аптека.
Мене не ми е јасно зошто не може превентивно? Па и ние пиеме витамин Ц, па магнезиум и тн. И мене педијатарот ми рече никако превенција. . Имам роднини во Србија кои им даваат на децата Imunoglukan и до сега не настинале кога го пијат. Ако направат пауза веднаш настинка, вируси. Затоа ми е чудно зошто не превентивно?
Затоа што може да направиш контраефект. Зошто одма посегнуваш по хемија, а не се трудиш природно да му го ојачаш имунитетот? Фактот што кај децата на роднините што давале вештачки имуностимулатори веднаш се јавуваат настинки и вируси доволно кажува дека телото нема природен имунитет кој треба да се стекне со животот во колективот. И многу потешко ќе поминуваат обични настинки.
Бидејќи може да дојде до предозирање. И за да може телото да ствара имунитет и да се бори со надворешна средина. Има некои стварно болни дечиња што не можат да се оправат и нон стоп се болни па се пијат али не константно. Тоа е човеково тело се бори со бактерии, вируси, настинки. Мојов фала богу нема ни настинато до сега иако бил и со болни дечиња се дружел
Што би препорачала да земам во тој случај? Сакам да давам некој сируп ама не сум сигурна дали има потреба. До сега синко имаше две вирози, првиот пат пред два месеци со температура до 38,5 доста тешко ја поднесе, беше многу истоштен и не сакаше да јаде и пие. Грло минимално црвено само прополис прскав, нос не му потече ниту еднаш, брисеви чисти. Пред една недела исто качи темпертура, скроз исто само што овој пат доста беше весел, јадеше и пиеше. И побрзо му помина температурата. Без антибиотик и двата пати. До сега давав за апетит ама не видов фајде, и со нив и без нив не јаде. Не сака да ги пие па на мисла сум. Во градинка не оди. Читав дека пробитоик е добар за имунитет, ама би зела биогаја бидејќи провенот со триста лажења го пиеше, за одмор земав таков. Читам мајки омега даваат. Би ни значел твој совет.
Ниеден доктор од педијатрија нема да ви препорача сируп имуностимулатор на дете кое е здраво. Давајте вит ц, цинк, пробиотик, ама тие детски вируси мора да се пројдат. Омега во лето не се дава. Јас купив дефендил и не го ни отворив. Прашав повеќе педијатри, сите исто ми кажаа.
Јас па земав сега едно шишенце Дефендил и ц витамин мислев уште една доза и толку. Претходното тргнување во градинка не давав ништо и сега од страв купив. Секако е болен сега, да продолжам да давам, што да правам?
Имаш разлика од болен до настинат. Временски на колку периоди се разболува кога му проаѓа (временски недела, две) дали секој пат е проследено со јаки температури. Кога веќе си земала дај му го и тоа и паузирај, види како ќе се однесува имунитетот на детето. Од кога ќе завршиш форсирај овошје и зеленчук, месо, млечни производи.
Јас пробиотик давам и Д3 капки. Во пробиотикот има цинк, селен, витамин Д и Ц. Не го давам секој ден, за разлика од капките, кои ги паузирам само на одмор кога одиме на плажа, и во лето секој втор ден може да се случи да дадам. Мед, прополис, редовно чистење на носето со спреј со физиолошки раствор, да се прочисти од надворешни агенси. Многу овошје и зеленчук, што поразновидна исхрана, без млеко, само млечни производи. Ако има потреба, давам и цинк посебно, ама тоа ретко, со големиот на пример имав потреба, оти баш зареди со разболувања после прележана варичела. Месец дена го давав, се оправи детето, оттогаш не се повторило такво разболување во низа.
Цица уште, ама се ближи крајот. Кај синко не би кажала дека е во низа, сепак има 2 месеци меѓу двете вирози. За јадење немам зборови, со молење е ама кога јаде навистина јаде разновидно. Овошје сам бара, ручек со месо а доручекот е најчесто макарони. Д3 давам само, одамна се откажав од сирупи за апетит. Ем плачки за пиење ем не пројаде. Каков мед? И по колку? Да давам одсабајле по една лажичка? Пробиотик провен даваш? Препорака за друг?
Со Провен сум од старт кога почнаа да го носат кај нас и не го менувам за ништо, и за нас користам од истиот. Други што сум ги користела се Нормиа, Пролајф, Дармфлора, при што последниов во нормални услови ствара запек. Другите се добри, особено Нормиа. Мед можеш било каков, посветол за почеток, после и темен. Ама нарачувај од проверени луѓе, ако имаш. Ние земавме од женскиот манастир во ДемирХисарско (не ми текнува како се викаше) и млеч оттаму, ама одамна не сме зеле, сега мм купува од Напредок, ама не е тоа тоа.
Па ете пак качи температура, носот тече веројатно е вирус некој. Инаку, овошје јаде премногу, зелен зеленчук обожава, маџун, мед давам, витамин Д и омега. Сега пред градинка и ммр почнав да давам инаку претходно освен тоа горе што го пишав, ништо друго не сум дала. Ќе завршам ова што купив и ќе видиме како ќе биде.
Од каде ова за омегава? Јас баш го прашував педијатарот за лето, ми тече нема врска и давав цело лето. И јас не давам ништо. Т.е омега , сега вклучувам Вит.Д и чат пат вит.Ц давам, ама со оглед на тоа дека претерува со овошје, изгледа јас ќе го пијам
Има ли некоја градинка каде што приемот на дечиња им почнува од 8 часот? Кај ќерка ми во градинка од денес е така, а нас никако не ни одговара тоа време. Како се снаоѓате во тој случај ( баби и дедовци не секогаш може да помогнат ). Ни викаат џабе ке се буните , таков е протоколот. Работава треба да дадам отказ за да носам дете во градинка.
Кај големата 3 годиниприемно време од 7:50 до 8:05 а за бебево сега ке почнам со адаптација а приемно време е од 7 до 7:15.(глупост еј....бебе у колку да го разбудам за да стигнам у 7) Поглупи протоколи нема нигде. Поголеми гужви има пошто сите се брзаат за на работа оти незнам кој може секој ден да касни на работа или не секој е на работа од 9. Незнаеш и јас колку сум револтирана ама немам што да направам. За одење у градинка направија таква фама со тоа приемно време и родители буквално седат пред градинката за да дојде саатот за влез,или ако се све деца едното влегува а другото чека приемно време ,наместо двете одеднаш да ги остави.