Пробивал чоколатца даавам има во нив цинк, вит ц и пробиотик, мали мечиња се со вкус на чоколадо Провен пробиотик и вит Д на плива. Во зима плус капки вит ц.
Мајки, Верувале или не госпоѓата министерка тврди дека имало над 25000 слободни места во градинките кај мене во населба за малата 5 пати ме одбија, а знам дека луѓе чекаат и по 5 години. Мене конкретно ли рекоа дека 200 луѓе чекале пред нас.. ќе ми јават кога ќе дојдеме на ред.. еве уште чекам може "министерка" ќе се јави да понуди некое од наводните 25000 слободни места Пред да се роди треби да го запишаш.. Бог да чува, значи, да се лажело без усул
Јас и молерс и вит д давам и преку лето. Па пола ден детето е во градинка, и не е дека прима сонце којзнае колку. Само на море кога сме го прекинував вит Д. Сега вклучив и вит ц капки и планирам на ова да останам. Кај мое дете имало контра ефект од сирупи за имунитет.
И кај повеќето што ги знам. На другарка ми сестра , фармацевтка е во зегин и се што ќе добијат ново и дава. матичен млеч ампули, витамински сирупи…. За жал, нон стоп е со пнеумонии Јас обично давам кога е настинат и продолжувам после тоа и лани во короната од страв заредив 3,4 месеца …..
Денес го однесов. Во јасли е. Од 8 до 8:30 е прием. Ми рекоа ако задоцнам немало да го примат, ќе го врателе. Отидов 8:15 го оставив, ми рекоа дојди земи си го во 9:20. Излегов од работа, отидов и се изначекав по скалите изнаредено родители и сите чекавме. Го земав, добро поминал, не плачел многу и на сите дечиња им ги грабал бисквитите, цуцлите и одел ги галел тие што плачат. Тетката вика чудно дете од 15 месеци се однесува како возрасен. Утре пак исто време ќе го носам. Другарка која има поголеми деца ми вели да го оставам до 12 часот и да си го земам тогаш, пред времето за спиење. Не знам што да правам, ми вели да не прашувам многу дали плачел оти и така не им се работело и им одговарало да ми кажуваат порано да го земам. Ај првите денови ќе го земам порано, греота сам да седи, сите си ги земаат децата, ама за понатаму не сакам рано да го земам. Јас не можам да го земам порано, од 9 до 15-16 часот заглавувам на работа, свекрвата запнала таа ќе го земала од 11-12 кога ќе завршела со работа ама јас не сакам така..
Моја другарка им отиде со новороденче во градинка. Вработените и се смееле зашто мислеле се заебава. Фино лепо им рече 'Епа пошо листите ви се огромни и треба да чекам, запишете го сега тамам да дојде на ред на 9 месеци'. Им се качи на глава за тие 9 месеци и го запишаа детето. Јас немам живци за тоа.
Кај нас беше од 07:45-8:00. Јас реков ок, ама зт децата место кај 16, ќе ги земам накај 17ч (бидејќи до 8 нема шанси да стигнам на раб, а 8 часа мора да одработам). Одма ми рекоа аааа не е проблем може и порано да ги донесете . Сега не ни гледам дека истакнале време на прием.
Кај нас денес се изненадив колку се почитуваа протоколи. Секоја група има свое време за прием. Мерат темепература на влез. Влегуваат по двајца со дечињата само во првиот ходник, ги пресоблекуваме патиките и предаваме дете. Внатре незнам што се случува, ама колку што го разбрав мали изгледа нема мешање играчки. Ако некое дете земе играчка, друго не може да ја земе. Веројатно ги дезинфицираат па ги предаваат. Денес не сакаше многу да раскажува што се случува ќе видиме другиве денови што ќе кажува. На земање пак му мерат температура (верувам и во текот на денот ги проверуваат, зошто негувателката шеташе со топломерот во џеб). Може малку е чудно за дечињата (осовено како мојов што подолго не одеше), ама верувам ќе се навикне. Во секој случај тој беше задоволен и утре се договоривме да си остане со спиење.
Искрено незз зашто толкав проблем прават. Во нашата градинка има 3 влеза, за секоја група. Не се прави толкава гужва, нема потреба од толку строги протоколи. Приемот ни е од 8 до 8 и 20, полошо неможеше да направат.Ќе се жалам до управа, мора да најдат некое решение
На now , кога снема вигантол , ортопедот тој ни го препорача. ( нема и сега де вигантол, јас набавив од Бугарија ако имаш некој да ти донесе ) .
Ортопед според возраста и коските кажува колку и какви. Ние редовно одиме на 6 месеци, и прво прави преглед па кажува кога и какви капки.
Не сум ја носела одамна на ортопед. Последен пат кога бевме не ни кажа кога да дојдеме пак и така остана. 4г е
.Мора ортопед да каже.Јас давава 4 а ни рече 5. Педијатарот смета дека е многу ми рече по две. Ама давам и молерс.