Вчера прв ден, ќерка превозбудена за во градинка, два месеци на сите им кажува дека ќе оди во градинка, со радост и смеење ја однесовме. Таму плачеле сите па се приклучила и таа Утрово одвај ја однесовме со 1 саат плачење ја пратив, несакала да оди таму, таму децата плачеле Го утнав периодот на запишување, требаше пред месец дена да ја пуштам да се навикне малку, сега сите дечиња во групата се нови и хорски плачеле цел саат... Тешко на воспитувачите
Исто и кај нас се 3 влеза. И мислам од кога ги носам, дал 2-3 пати сум се сретнала со некој. Ок е се протоколи, ама пр јас можам ако сакаат и у 10 да ги носам, ама затоа ќе ги земам после 18ч. 8саати мин јас мора да си одработам.
Ако, нека се врати, баш погоре пишав, 8 саати јас мора да одработам и нек рачунаат кога ќе ги земам. Јас се куцам на раб, не ми е на памет да изгубам раб за минус саати.
Исто беше и мојата ,од жал за другите и она плачеше и тоа најгласно Па бевме позитивни и 20дена не одеше,кога тргна никој не плачеше па ни она .
Мора ортопед. Јас не забележувам проблем, ама според него стапалата и биле прави а требало да оди со 11 и 5 ( стрелки на саат) стапала. И препорача патики посебни, специјално изработени. И редовно гледа скелет од глава до пети.
Претпоставував дека контролираат и во тек на ден. Во секој случај со оглед на ситуацијата, задоволна сум како се одвива се. Е сега децава малку се ограничени, ама има време кога ќе се гушкаат и ќе делат се како порано.
Го земав денес пак саат време седеше. За разлика од вчера подобар бил. Не бил толку натажен. Кога ме виде само раце пушти и скокна. На тетката и викам да го пушти да оди. Она насмеана вели навикната била 30 и кусур години тоа работела. Јас искрено се чудам како за саат време 2 тетки се справуваат со толку деца. Од 8:15 до 9:20 беа сите, ни ги вратија пресоблечени, со чисти пелени, јаделе лебче, им дале вода. Се надевам ќе бидам задоволна и понатаму.
Кај нас се 10 дечиња со мојата, а она ќе почне од октомври. 3 учителки се, едната ѝ беше и на поголемата, многу е фина жената. Мојата најмала ќе биде, 8 месеци. Страв ми е. Плачка е, во други не сака многу да седе. Како ќе биде не знам. Среќа што и на девер ми детето е во иста група. Има ли друго бебенце толку мало пуштено во градинка?
Mojot ne go primaaa,mi kazaa na kraj na mesecov da trknam do tamu mozebi ke se oslobodelo nekoe mesto
Мојата почна сега на 8 ипол. Цела градинка ечеше денес од неа.се надевам дека ке се навикнат,друг избор немам. Исто несака многу да оди во други само кај мама.
Малиот е 9м. Денес тргна во градинка. Кога побарав договор да потпишам ми рекоа дури кога ќе ја прими мрп. До тогаш само изјава да потпишам дека детето ќе ми прими вакцина до 15м. Дали некоја имала вакво искуство? Зарем може детето да ми оди во градинка без договор?
Јас отидов да поднесам молба кога беше два месеци, на 14 месеци да тргне. Пак не одбија. @ivast vo пчелка има место. Тоа е клон под градинката буба мара. Некаде во населбата лисиче, не знам точно. Моето кога го изгуби местото бо коронава, таму ни нудеа опција. И во короната таму место имаше.
Јас му давам сега бекутан мултивитамин со омега, од него се разјади мислам, овошје ич не јади затоа го давам, ко почна в градинка февруари одма почна со настинки тогаш му го давав 2 месеци и го прекинав после, ама џабе е се си настинува цело време, 2,3 пати со тт беше, 1 со пролив, 3 антибиотици од февруари до сега и така Па можи есенва помалку ќе настинуват од летово Денес пак плачки на оставање. Како од ново му иди 3 недели пауза направивме и пред тоа скоро цел јули не одеше.
Дали и во вашите градинки се зголеми бројот на деца како пред пандемијата? Во групата на синот денес не информираа дека наместо како досега до макс. 15 деца, од овој месец почнува полна група од 25.
Кај нас исто, беше во јасли ,15 деца (не секогаш полна група) сега се 25. Премнооогу. Приемното време остана, ма да што на толку деца ми нема логика воопшто приемно време, но задоволително е што е во рамките на 1 час, имаме нова воспитувачка, но разбрав дека треба да се 3 од следната недела. За плачките не ми се коментира, ко да не одел цела година, за групите исто. Што и да мислам, пишам ќе згрешам, да си ги средам мислите прво и впечатокот, ќе видиме како ќе биде.. стресен ми е периодов а со радост го чекав, веќе е голем. Толку убаво искуство имав од јасли, сега на ново се'.