Денеска плачењето до повраќање стигнало Ич не мислев дека вака ќе и биде, секој ден поминуваме до Градинката и секогаш викаше леле мамо уште малку ќе одам во градинка.. А сега Пред малку ми вика утре во градинка ќе носам црвен фустан има надеж...
Септември е таков,сите плачат.Големата ми тргна во септември кога беше девет месеци. Сите плачеа буквално и она од што ги гледаше првиот ден ја земав расплакана,после беше се подобро.Да ти кажам и јас си поплакав тогаш,срце ми се кинеше кога ги гледав,душички.Па после немавме проблем,уживаше во градинка,не се секирај,дај и време Немаат,еве сабајлево си седевме со бебе во дворот на една од градинкиве во Аеродром,колку убаво си играа во двор од поголемите групи,со ќебенца распослани на трева,а верувам и внатре се дружат.
Има ли некој родител на детенце што во градинка не преспива? Син ми преку ден не спие дома, за градинка уште не знам дали ќе сака да спие, само што почнавме. Учителката ми вика ако не сака да спие да си го зимаме во 12, а ние до 4 сме на работа. Како да си олесниме за да може и да преспива таму? И прашање како се прифатени децата со заостанат развој во градинките? Од учителките, децата, конкретно за група 3+ години?
Кога ќе прочитам вака коса ми крева. Кажете ги со име кои се овие градинки, кои се овие воспитувачки??? Не може со сила да спијат сите деца, а најмалку да го земаш во 12 затоа што не спиело!!! Не мора да спие, немој со сила да го тераш ни ти ни вработените! Зарем децата кои не спијат смее само до 12 да одат во градинка? Кажи им јасно и гласно дека не спие, да не го тераат со сила да спие и дека во градинка ќе седи до кога сакаш ти!
@Kitten ? https://m.mkd.mk/crna-hronika/vrabotena-vo-gradinka-prijavena-deka-napadnala-dete-so-tvrd-predmet
Им кажав, им објаснив се, одговорот беше "ќе си го земете во 12, ние немаме програма за работа во периодот кога децата спијат, буквално сите деца спијат, ние немаме што да правиме со него додека спијат другите."
Еве и моево не спие дома денски, а во градинка оди па не ми рекле да си го земам. Во времето за спиење и тој си лежи со нив, некогаш ќе заспие, најчесто не, познавам по то вечерта кога ќе ми заспие. А пак толку ако не сака ни да лежи, ако им смета на другите деца, ваљда има и други начини да се анимира едно дете, само изгледа тешко е да се потрудат.
И моето не спие дома денски, во градинка го оставам со спиење. Најчесто не спие ама лежи или си седи со учителката, некогаш и заспива ама поретко.
Групите се формирани веќе од среда се оди во градинките ние примени никој не се јави јас собрав документи и отидов директно два дена веќе одиме..оди во централната директно
Ќе искочи едната со него во двор и нека седи таму ако мисли дека ќе ги разбуди другите. Кога и другите нема да спијат каква програма ќе имаат? Нема кафе заедно да испијат на раат, брее мајката. Си плаќаш за целодневна и нека си седат и нека го чуваат. Ако гледаш така за се ќе ти се јавуваат да го земеш еднаш повратил дојди земи го, еднаш пролиф имал дојди земи го, кивнал исто така. На 5 души да им направат така они си ја олесниле работата.
Кас се сеќавам како дете мораше дс лежиме во времето за одмор. Ваљда и сега така прават. Лежат или седат децата без да спијат.
Мојата спие ама станува пред сите .Ја зимале и си "чита" сликовници.Дури ја научиле и да шепоти А последната што и беше ја тегнела за рака за да не се исправа од кревет ,нормално тоа и беше последен пат .Моето скроз ги кодоши
Мојот тргна точно на 8. Ја истера цела адаптација од 3 недели почнувајќи од 45 мин првиот ден до 9 саати седење. Ниту еден ден не заплака. Сега почна да плаче на 11+, ама беше 2 недели дома со нас (1 болен, а 1 на одмор) и веќе разбира, па плаче на оставање. Ама додека стигнеме во кола веќе гајле нема, се смирува одма. Јас сум сигурна дека полесно поминуваат деца на 8 месеци кога почнуваат пошто стварно не разбираат (толку) и мислам дека ќе им влезе во навика и во глава дека е тоа нормално и секојдневие и ќе си прифатат многу полесно од поголеми деца Барај си договор,
Здраво мајки, ме интересира каков ви е распоредот на оброци во текот на денот, со оглед на тоа дека во градинка ручаат кај 11 . Дали и дома давате повторно ручек, некако многу ми гледа до кај 7 до вечерата да биде само со ужини. Искуства ако можи да споделите би ви била многу благодарна
Каj нас ручаат oкoлу 12. Ужинка им ставаат вo ранче. Кoга jа земаме муабетoт е: убавo е jадена дури oбилнo изеде. Дoма дете дoаѓа се фаќа за хранилка и плаче да jаде, така да ручек имам спремнo уште пред да jа земам.
Ручекот им беше околу 11и30,па спиеа,па ужинка накај 13и30. Дома ручек јадеше околу 16,16и30. Па некоја ужинка,па вечера. Малку им даваат количински,па уште ако се погоди некое нејадач (како моето) нема молење,сакаш-не сакаш седи гладен.