Ако не им се работи, нека си одат дома. Има и што сакаат да работат и седат дома, бидејќи немаат јаки врски. Синко почна на 1 септември. Денес му беше 4-ти ден. Изел се што му дале да јаде. Помалку плачел, но сепак имало плачки. Денес беше 2 саати. Кога го земав од градинка, негувателката ми кажа дека столицата му била потечна. Да сум внимавала, поради ковидов. Јас кога студирав да ми извините секоја сесија имав дијареа, а не тоа детенце од 15 месеци. Досега само мајка ми и сестра ми го чувале 3 часа. Не им се работи. Секоја чест на исклучоците.
Како и во секоја професија има луѓе што им се работи и што не им се работи.Ситуацијава со ковидов е ужас,и они не знаат на што се.Син ми не одеше во градинка откако почна короната,нели јас невработена,ама воспитувачките баш ми кажуваа дека постојано поминуваат со дезентал,буквално на саат време.Приветруваат нон стоп.Во меѓувреме треба да внимаваат да немаат децата близок контакт,да не се гушкаат.И се тоа во 20 квадрати.Претпоставувам сега и они не смеат децата да ги гушкаат,а знам колку им значи на децата кога се тажни да ги утеши учителката.Самото мерење тт постојано им создава притисок на децата.Еве мм е во образование.Се случи едно дете да крене тт,и додека да го земе родителот,детето надвор чека.Ама тие биле протоколите,тоа е став и на директорката.Се се измеша,полудевме сите начисто.
Претходно што зборувавме за имуностимулатори и витамини, ова го видов у ковид групата од докторите напишано: Не треба ништо да давате. Кај дете не смее да се стимулира имунитетот. Тој може само да се балансира! Како? Само со многу вода, јогурт за пробиотици и јаболка и банани за пребиотици, како и друго овошје у зеленчук за други витамини и минерали. Риба за витамин Д и сончање (уште има сонце, нели). Суплементи е штета да давате на дете. Со која цел се даваат? Витамините и минералите немаат непосредно дејство. Тие се потребни само за да се надоместат можните дефицити во организмот. А тоа најдобро се постигнува само со нивни внес со храната. Зошто? Затоа што на тој начин никогаш не може да се предозираат! И конечно, зошто непотребно да му се оптеретуваат црниот дроб и бубрезите на детето со „хемија“? Температурата не ја симнувајте сѐ додека не надмине 38 степени. Потоа, спуштајте ја со физички методи - ладење на организмот со туширање со млака вода, масажа со алкохол - и пиење многу вода! Парацетамол само во крајна нужда. А за антибиотик не може да стане ни збор!
Синко има 37 температура. Оф денеска нема во градинка. Нема да го примат. За 15 месеци ниту еднаш не настинал. Температура имаше лани декември, после примањето на вакцината 37.7. Друго ништо.
Што знам што може да им текне сега со ковидов? Имаат некои протоколи, а не ни се објаснети на сите. Кутро детенце мое. Толку го пазиме, а за Ковид да не зборувам. Контакт само со најблиските.
Не се секирај ништо не му е 37 е нормална. За пазење сите ги пазиме ама неможеме да ги допазиме нормално е да се разболуваат. Како и ние што се разболуваме
Фала богу има исклучоци. Внука ми почна од 9м. до прваче во градинка. За тоа време смени 2 градинки и три пара негователки. Само еден пар беше супер. Уште ги спомнува. Секој чест на таквите. За другите два пара имам што да пишувам. За бебево не сум во состојба да пишувам, одма ми идат солзи... Лесно на сите бебиња/дечиња и да се паднат кај добри негователки.
Малото е 11 месеци. Тргнавме од 1 септември, ама со темпово на адаптација, ке не фати Нова година.Плаче вришти на врата, ама после се надевам се смирува. До сега ми се немаат јавено да го земам порано , ама при прием секогаш има попаметни негователки/воспитачки, што кај детето ти вришти-пишти, уште и ти коментираат „ааа многу е мајка толку да седи, земи си го порано“. Да, да ...фала ти многу што вака од сабајле ми кажа, оти мене душата полна ми е кога дете развриштено го оставам во градинка, за јас како улава да трчам да стигнам на работа . Ај плис, некој да ми сподели како оди планот за адаптацијата во (нај) мали јасли, за да си олеснам бар сама на себе.
Мојата вриштеше и ја зимав за половина час.Ама плачеше без престан и кога ја зимав беше цела отечена.Нема со сила ништо,полека полека ќе се навикни. План нема негователките се водат према детето и така е најправилно.
Моето е 9м. Минатата недела по 15 мин., оваа исто така. Ако престанел до петок да плаче ќе зголемуваат. Нормално дека нема да престане кога воопшто внимание не му обрнуваат. Нова година и нас ќе не фати.
Ова што ти то пишуваш не е покчена температура. Се над 37.5 е покачена. Дигиталните термометри се направени да светнат црвено дури над 37.5. Слободно може да оди во градинка.
Day 2: Се скри позади мене уште кога виде каде одиме. Влезе без плачки, ама внатре плачел скоро цело време. Денес не сакал ни да си игра. Стоел на врата. Беше тажен кога го земав. Втор ден полошо од прв. Седеше 30 минути.
Обично го оставам во 8.00 ама вчера и денес во 8.15. Вчера и денес беше лудница пред градинката од новопримени деца. Сите вриштеа во хор пред врата. Многу неубава слика. Моето се распамети и ништо не му беше јасно. Една учителка ги искара родителите да си ги носат во точно закажан термин за да не се прават гужви на влезот. Ми се допаѓа што наместиле звончиња - тастер со име на учителка и воспитувачки, за да звониш кога треба да го оставиш и земеш детето. Мојот после пауза од одмор - 4 недели не одеше и само првиот ден беше со плачки на врата. Во врска со давање на имуностимулатори и витамини и јас мислам дека не треба. Јас давам Д3, Ц и Омега и понекогаш пробиотик кога ке ми текне. И да давате + нешто (по препорака на педијатар), не очекувајте да веднаш имунитетот го набилдате топ, тој се гради полека полека. На сите што сте во адаптација ви посакувам побрзо да се адаптирате и да нема плачки
Темава е доста активна деновиве, нека ни е со лесно на сите. Моето дете си одеше 8-9месеци во градинка. Се ослободи место во градинкава што ни е пред влез ,и од вчера почна таму. Ни рекоа да го носиме од 9,за да се прилагоди на средината. Без проблем влезе, воспитувачката рече за 1 час да го земам. Го земав,расположен,го пофали и она дека првиот впечаток бил одличен. Прашав за денес дали да дојде од 8,вика не рано му е,пак од 9. Го носеше баба му и рекле денес 1 час и 30мин. Го зема после околу 2 часа, расположен,пофален од воспитувачката. И сега доаѓа еден голем проблем. Претходната недела имало позитивно дете во група. Од денес нашата група ја ставаат во изолација,односно само 5-6 деца се во изолација (тие што биле во директен контакт последниот ден кога било позитивното) , учителките не се во изолација,доаѓаат на работа, но нема да примаат деца На прашањето до кога е групата во изолација одговорот беше не знаеме,можеби 10 дена. 10 дена од последниот ден кога било позитивното се рачуна така? И од понеделник (ако се вратат во нормала )пак ќе ми рече донеси го од 9,еден час. Епа нема. Ќе им го однесам од 8,а најрано ќе го земам пред спиење. Дете адаптирано во градинка без потребно ми го враќа. Па не го праќам од кеиф во градинка
Ако ти е прв пат носи облека се комплет и пелени ако носи малото плус влажни марами. Кај нас и вода дозволуваат од дома во шишиња.