За чашки, брисачи, тоалет цело паковање, влажни 3 бараат. Што би правеле со 10 парчиња тоалет кога бебе носи пелени. Литро течен сапун
Да и со сапун им ги мијат рацете и тоа цело литро, нема проблем. Со лигавче ги бришат, тоалет папир и брисач, и 3 пакувања влажни марамици, на крај се со влажни марамици ги бришат и раце и уста.
Да со сапун им ги мијат рацете. Не им носи што да ти кажам, кажи им да ги бришат мрсулите со лигавче Дома едно пакетче марамици трошиме за неколку дена, а во градинка кога ке се побара викаат ааа донесов јас минатиот месец.
Кај нас не се носе течен сапун секој месец, кога се потроше тогаш. Носиме секој месец 2 тоалети, 1 брисач, 1 влажни и чашки за една употреба, околу 25 ѝ ставам. Не ми текнува за во јасли што се носеше.
Трошите зошто за се го бришеш со влажни марамици. Али литро сапун користиме 2 месеци и тоа по 100 пати ги миеме рацете. Али и брисач и тоалет не ми одат заедно. Ако сега се носи цело паковање кога ќе се брише сам и без пелени цела палета ќе треба. Не ги ни вадат надвор за да им мијат раце, а по цел ден се внатре. Да се големи деца океј ама јасли... претерано е.
А што мислиш дека прават со материјалите? Си ги носат учителките дома? Зар им дошло до вашиот сапун и тоалетна хартија. Мизерни им се платите ама за сапун и тоалетна стигнуваат.
Да, знам вработени во градинка што носат дома. И павловичева, и тоалет,и брисач,и чаши ,и влажни. И пелени.
ај сега и ти не претерувај. За 11 месечно бебе, баш тоалет треба и брисачи. Ај брисачите може, ама тоалетот??? Па и сапун @Brpbrp не носи што не мислиш дека треба. Кај нас ништо од ова не се носи. Се носат чашки и тоа што треба за детето - влажни, крема, пелена..
Ние не купувавме тоалет и сапун обезбедуваше градинката. Мене ме нервира што сите се сложуваат на се што ке им кажат во градинка, а после по форуми и фб се жалат.
Градинките имаат редовно тендери за средства за хигиена. Секоја година. Пари имаат многу, видете им ги финансиските извештаи, скоро секаде се јавни. Ама видете и кај ги трошат парите.
Пред пандемијата не. Само ммр ни ја бараа. Другите сите ги касневме. Таа на 18м ја прими дури сега на 4 г.
И ние сме ужас со вакцините,дури таа докторката толку арогантно се испонаша,ми пиша дека ја има ммр примено,демек не е уредно вакциниран,а си има детето примено доста вакцини.Ама мислев дали прават проблем за одредени.
Логично ми е за чаши, пелени, марамици и павловичева ама за тоалет цела бала некако не логично ми е. Јас однесов само една тоалетна и таа ми вика аа не една само, цела бала треба. Не стигнав да прашам дали секој 1ви треба истото да се носи.
Леле сега ја начнавте темава и баш ме замисливте,а никогаш немав пред тоа размислувано.Сега кај син ми во група се 28 деца,пред тоа одеа редовно некои 15.И сега замисли секој месец купуваме течен сапун,тоалетна,брисачи,влажни и по 100 чаши.Абе што им правеле на 15 течни сапуни месечно?И на се останато.Они комотно можат бизнис да истераат со работиве