Кога имаш можност зошто да не оди? И јас бев дома во август,ама го носев во градинка. И денот му беше поисполнет и со дечиња ќе се подружи,ќе касне друга храна,ќе научи нешто ново. Нормално е да плаче првите неколку недели, но со тек на време ќе се навикне. Сите сме го поминале тоа.
Мојот ќе оди, правеше пауза месец ипол и доста му е. Јас немам помош никаква од никој од страна освен од маж ми ама и тој оди на работа. Таму му е поубаво си играат учат нови работи.
Дајте совет некаков. Моиве имаат 3 години и треба од другава недела да почнат во државна градинка. Во меѓувреме ги запишав во дневен престој. Пиштат никако да се навикнат еве цела недела. Како одделени се. Особено машкото. И пак стана лепенка за мене. Да напоменам дека седам со нив таму и не сакаат да се вклопат. Бегаат од воспитувачките. Само тие двајца си се дружат. Лошо ептен. Како ќе се вклопат во државна?
Ранчиња имаш во секоја книжарница или продавница за играчки. Бирај што тебе ти е згодно, и така детето никогаш нема да го стави на грб Патиките од надвор одат во неговото плакарче но не во ранчето.
И кај нас беше така порано,ама сега викаат дека треба во ранецот да им стојат,па се мислам колкав ранец да земам,најдобро за во школо големите
Незнам како им е осмислено, ама како прљави патики врз гардеробата што е чиста? Да најдеш некое ранче со внатрешна или надворешна преграда/џеб што ќе ги собира патиките. А надвор вие ги пресоблакате? Не си ја вршат таа работа воспитачките?
Земи од оние како платнени тенки, демек за физичко што се доколку мора да седат во ранче иако не гледам поента во тоа. Кај нас се во плакарче, на посебна даска не се ни до ранчето. Или евентулано се наредени едни до други под клупата пред занимална каде што се соблакаат.
Не,ние ги облакаме топлинките,и носените патики ги ставаме во ранец.Ова е ново,вака не беше.Ништо ќе носам милион кесички,да не се валка ни ранецот ни гардеробата.
Иста ситуациjа сo тoа штo мене нема кoj да ми ги чува па градинката е идеална oпциjа. Мене ме интересира кoга стивнуваат вирусите вo градинка?
Не постои таков период. Постојано има вируси. Тоа се сите оние вируси и бактерии на кои ние возрасните веќе имаме имунитет и затоа не се разболуваме. Децата мора да ги пројдат, таков е процесот.
Нека оди.Од баба и дедо ништо нема да научи напротив може да биде несоцијализирано дете.На другарка ми детето од баба и не можеше да се оддели секаде каде што одеше со мајка и и татко и мораше и бабата да ја зимаат затоа што по цел ден со баба и беше
Кога детето ќе стекне природен имунитет. Еве ја година дена беше дома, од март во градинка сега иде, се нема разболено. Кога почна на 15 месеци секои две недели беше со тт 39,5 еднаш и 40 качи. Ако не ги помине сега ќе ги помине кога ќе тргне во школо.
Malata ke pocne vo gradinka ima 15 meseci, no seuste ne odi dali treba da i zemam toplinki il moze po corapcinja
Update: Ја пуштив вчера во градинка, се заиграла со едно од дечињата, ми праќаа слики воспитувачите, убаво поминала 2.5 часа. Вечерта ми се јавија од градинката таткото на детенцето со кое што играла позитивен, една недела дома... И искрено не знам со кој памет оставаат дете во градинка и одат да се тестираат