Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    јас лично одев во градинка и прекрасно ми беше што е до мене и тука можи да е како во странство и да е задолжително кај 4 години мислам не сум сигурна да мора да оди како во предшколска за на 5 и пол или колку треба да почни во школо.јас мислам нема ништо поубаво од градинката.моите дечина се на 3 и 4 години и сега ќе ги запишувам во градинка се надевам ке прифатат.додуша ги знам сите воспитувачки оти ке одат во истата градинка каде одевме јас и сестра ми а по дестина години после нас и брат ми жените се едноставно супер нема детенце што оди во таа градинка да се пожали од воспитувачката.немам кој да ги чува а и да имам сепак би ги пратила во градинка.
     
  2. MaVeBo

    MaVeBo Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите, незнам дали сеуште е активна темава, но доколку е :) би сакала да знам дали некои од вас имал искуство со градинката 13-ти Ноември во Центар спроти ОУ.Песталоци. Сакам ќерката да ја носам од септември во таа градинка, па доколку некој од вас ги носи дечињата во таа градинка би сакала да знам дали сте задоволни од хигиената и односот на учителките? :)
     
  3. hurgada

    hurgada Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ke ve zamolam za pomos
    pomaliot sin neke da odi vo gradinka, doma se e ok,popladne se e OK , dodeka razgovarame kazuva deka si igra so decinjata,
    arno ama taman ke stigneme pred skafceto kade sto si gi soblekuva cevlite/patikite pocnuva histericno da place, povraka, lezi po zemja , a posle 15-20 min e sosema smiren i se e OK(barem taka vikaat ucitelkita)
    ima nekoe mesto kade da go odnesam , Lekar, sovetuvaliste, crkava....(pa makar i nekoja baba da mu pobae)
    me faka strav za vo uciliste

    pozdrav

    [mod-kirilica:zqm6l6oi][/mod-kirilica:zqm6l6oi]
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    311
    Не знаеме дали е нов во градинка, на која возраст тргнал , но сепак , ако детето откако веќе е во градинката се смирува и си игра, се дружи со дечињата тогаш нема потреба да го носиш некаде...
    Децата знаат да глумат дека нешто ги боли, знаат и да повратат кога се лути ако мислат дека со тоа нешто ќе постигнат.. Опасни манипулатори се ;)
    Често така се однесуваат кога не се наспани , или пак им се јаде, нервозни стануваат, не знаат што им фали, па градинката или тоа што е актуелно им смета...

    Обрни внимание колку се дружи во градинка, и низ разговор често прашувај и потсетувај го на убавите моменти, игри, и се што му се допаѓа кај градинката ... Мотивирај го да ги слуша учителките и да биде добар , низ разговори , да добива пофалби а и да знае дека ако нешто сака ( што секако би му го купила) дека треба за тоа да се труди , да почуствува дека зависи од него. Ова се е ако детето е поголемко, а за помало само трпение...
    Може и на училиште така ќе прави, но тоа не е страшно и ќе го истрпиш... важно е откако ќе си отидеш дали се приклучува во играта и дали се социјализира добро ...
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.271
    Допаѓања:
    5.121

    Тоа е фаза и поминува, не е страшно. Детето сваќа дека се дели од мама (претпоставувам дека е многу повржан со тебе). Ако сега е тазе појден во градинка е чест случај кој трае едно 1-2 недели додека да се привикне на нови навики, да стекне доверба во учителката, да ги запознае другарчињата, да се навикне на таа храна и ред.... а ако активно оди година дена, направи му пауза доколку си во можност. Ќе издегустира се по дома, ќе му стане досадно и ќе почне сам да си ги бара другарчињата.
    Биди упорна и не попуштај на неговите солзи, ако е ептен вознемирен и неможат да го смират учителките верувај дека ќе ти се јават да си го земеш ;) . Си имаат тие техники како да постапат.
    Детето не е за лекар, советувалиште, црква и баење... (сигурно ти е прво дете и секој проблем те вознемирува, што е и нормално, али секогаш има и др. искуства :) )
     
  6. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    женски ај ве молам кажете ми што треба да се носи во градинка треба ли пижами , сапунче ,пешкирче паста и четка за заби или не? и дали треба од тие топлинките неможе балетанчиња нешто? ај ве молам кажете ми искусни :)
     
  7. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    840
    Многу е подобро да оди во градинка...Јас иако сум почнала покасно на 5 години иако сум и плачела на мајка ми да одам со неа на работа кога сум дошла у основно сум била привикната :) ,за разлика од еден другар од мое кој не идел во градинка и кога дојде во основно урлаше од плашење ја гризеше,клоцаше и и маваше боксви на наставничката :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ..Затоа подобро да оди во градинка ;)
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.804
    Пол:
    Женски
    Ако останува детето на спиење си носиш ранче и во него си ставаш дупла гардероба т.е. гардероба за пресоблекување за секој случај да не се намокри, да не се измочка (не знам колкаво ти е детенцето)... значи од долна облека па се` до јакничка. Пижамчиња исто така, ако се` уште мочка во пелени тогаш мислам и дека бараат 2 пелени (било која марка, не мора стриктно да се памперс), во нашата градинка бараат еднаш месечно да се остават влажни марамчиња и ролна тоалетна хартија, но не и сапун и четки за заби.
    Што се однесува до топлинките гледам дека секое детенце си носи какви што си сака т.е. какви што ќе му купат родителите, значи не е морално во нашата градинка топлинките да се со анатомска влошка. Најдобро прашај ги учителката и негователката, тие ќе ти кажат што е потребно.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    5.667
    Јас мислам дека од градинка нема поубаво место за социјализација на малите срценца.Тоа е воспитно-образовна установа,каде преку игра се добиваат многу важни и убави навики,а воедно се учат многу нови нешта и пред се детето се социјализира.Друго е кога ќе биде дома т.е.цел дена да гледа само покемон или други цртани и да биди максимално нервозно поради неисфрлената енегрија која ја има секое активно дете,а друго е кога е во градинка и е опкружено со деца на приближна возраст.Тоа е место каде малите души се запознаваат,си играат и глумат дека се полицајки,учителки и докторки.Јас сум за тоа да секое дете оди во градинка,а што се однесува до настинки и вирози,па нормално е дека сите некогаш мора да настинат,да се разболат,да покачат температура,па инаку како би се создал имунитетот?А што кога би биле само дома,демек дома сите сме здрави па децата немаат друг начин и извор на зараза.Па истото е и кога ќе тргнат на училиште.Кај деца со недоволно развиен имунитет и училиштето ќе биде извор на вирози.Па исто е и кај возрасните.И што ако јас некогаш благо настинам,зарем да не одам на работа.?
    Едно големо ДА за градинки и сите останати места за социлајизација.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daskaloska

    daskaloska Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Detski gradinki

    Veke nekolku meseci se soocuvam so problemot za zapisuvanje na moeto dete(15 meseci ima sega) vo gradinka od 9 meseci cekam red da go zapisam v gradinka. NEMA MESTO!!!!!!!!! Stanuva zbor za prilep neznam kako e vo drugive gradinki vo drugite gradovi no postojnao se prepolni. Zaradi toa sto nemase mesto ja napustiv rabotata i sega imam uste nekolku sansi za rabota ama obvrzana sum so Deteto. Kako se snaogate so ova, sekoe dete ima pravo da bide zgrizeno kako ke go odgleduvam koga nemozam da rabotam, znaci vladata potencira ragajte deca a posle nema kade da bidat zgrizeni pomos okolu ova
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да сфатам зошто не сакав да одам во градинка. Одев, ама со сила, некако едвај ме носеа, некогаш дури и со плачење. Сега да се врати времето со трчање би одела.
    Корисно е да се праќаат деца в градинка најмногу ради социјализацијата, а плус и учат нови работи.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.271
    Допаѓања:
    5.121

    И во Ку-во е иста приказна. Се фаќаат врски за да се запишат во градинка.
    Што да ти кажам, баба, дедо, некој од фамилија кој може да го чува?!? На крај краева направи си калкулација колку ќе те чини да плаќаш жена што ќе ти го чува и колку ќе земаш плата. Ако ти излегува математика тоа ти е единствен чекор ако не ти се исплати, незнам :x
    Што можеш да успееш во оваа држава а да не фаќаш врски??? НИШТО!
     
  13. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    85
    Немам деца, но колку што гледам и слушам и сум читала - децата не знаат да се социјализираат до 3тата година, така што и да го пратиш, тоа не знае да си игра со другите. Луѓето ги праќаат децата во градинка од практични причини (кога нема кој да ги чува).

    Инаку, јас мое дете не би пратила порано од 3-4 години. Не разбира ништо, ќе го трауматизирам со нови средини, а и се разболуваат гледам многу, многу, МНОГУ често. Повеќе мака отколку добро. А имунитетот ќе си го стекне со време :) Не мора сите бактерии да ги фати на 2 години за да ојача :) Јас никогаш не сум одела во градинка па супер сум со здравјето и имаме фамилијарно сите одличен имунитет :D (маж ми одел во градинка па да му дувнам во врат ќе се укочи или дигне температура) :D Така да...тоа со имунитетот не држи многу вода.
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.271
    Допаѓања:
    5.121
    Па, извини ама и твоето мислење не држи многу вода :$
    Децата не се даваат само во градинка затоа што нема кој да ги чува. Мислиш дека е ист ефект ако го чува баба по дома и ако оди во градинка???
    Децата од мали се учат на некои навики, ред. Во градинка се работи по некоја програма која е пропишана, значи не седат по цел ден и прават глупости. Доволно е да до 3год научи да дели и дава играчки, стави ред на исхрана и јаде готвено, овошје и зеленчук, ред на спиење пак е успех. Не верувам дека некоја ,,баба,, ќе се придржува до тоа затоа што кај неа преовладува емоција а да не зборам за алење и галење. И ако мајката си го чува еве под претпоставка да не работи, верувај дека после 3-от ден нема да знаеш да му измислиш што да го забављаш по дома. По четвртиот ден окупирана со ручек, перење, чистење и дете над глава кое да се разбереме сака 100% пажња а не само да му фрлиш играчки и да си игра, ти ќе си набиеш нервоза до коска која ќе се пренесе и на мажот.
    Знам дека е свое и го сакаш највеќе на свет, ама верувај таа монотонија убива. Кој осетил знае.
    Децата се социјализираат уште од мали значи од првиот месец а не после 3 год. После 3-та година е многу потешко, затоа што веќе е премногу привржано за родител, нема доверба во никого освен во мама.
    Некои болести, вируси не за џабе се викаат ,,детски болести,, и затоа е поубаво да се прелегаат додека се мали. Нема врска дека ако дете оди во градинка има послаб имунитет со она кое седи дома. Тука има малку врска и генска предиспозиција која е многу мала и немора да значи. Нјаголем Фактор за имунитет е исхраната и начин и квалитет на живеење.
    Во градинка знаеш кога се дава чоколадо - кога ќе го изруча ручекот и тоа вариво, овошје за ужина и таму нема скоми, чипс и остали грицки кои некои ги даваат за да се смират децата а тие да можат на раат да пијат кафе. Е се ежам од тие навики.
    Друго е ако детето има катанга имунитет и некои здравствени проблеми кои сега се како некое помодарство - трет крајник, крајници, ушиња, бронхитиси....значи веќ има мал имунитет и ако не го целосно излечиш нормално дека ќе се разболува. Во градинка не гаат вируси и бактерии па им ги пуштат на децата туку секое дете ги внесува внатре кои подоцна мутираат....а неможеш да ги држиш во стаклено звоно, верувај.
    Како и да е, секој со свое размислување, поентата ми беше дека не им раснат рогови :) на деца кои се под 3год и одат во градинка
    И да, не сум воспитувачка или учителка само мајка чие дете оди во градинка од 1год.
     
    На julie77, mia9184, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  15. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    И јас зум ЗА ГРАДИНКА. Мојот син оди од две години во градинка, и мислам дека ако е помало детето побрзо ќе се навикне на градинката, а ако е веќе 3, 4 години ќе биде потешко, бидејќи тоа знае веќе да манипулира со емоциите на родителите, може да плаче и да повраќа дури, па на родителите им е жал и го отпишуваат детето. Макар што знам и пример кога детето беше многу асоцијално и на помала возраст никако не сакаше да оди во градинка, а веќе на 5 години беше друга приказна и детето многу се опушти такаречено во комуникацијата со другите деца. Инаку знам и деца кои по цел ден се дома па пак се нон стоп со бронхит и воспаленија, па така не верувам дека градинката влијае на тоа детето да биде поболежливо. Мислам дека предностите на градинката се повеќе од нејзините негативни страни. Се согласувам со мислењето на Славица, да не се повторувам, да има детето имунитет не е важно дали оди или не в градинка и дека кога е во градинка им е целосно исполнет денот, а сега летово знам јас како ќе си поминам, ќе му биде досадно дома, де пред комјутер, де пред тв, па малку со играчки, а надвор е жешко да игра, а дома имаме и 5 месечно бебе, така што можам за градинката да кажам само ДА. Тој и кога е неколку дена дома, ако е болен или е некој празник прашува кога ќе заоди пак в градинка да си ги види и да си поигра со другарчињата. :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.634
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум ЗА градинката . Јас и братми се иделе во градинка од 13 месеци . Во јасли :)
    немало кој да не чува , мајками почнала на работа , баба дома болна и Градинка . Па никогаш мајками немала проблеми со нас , никогаш не сме биле болни . И јас се мислам моето од кога да го пратам во градинка :?: Јас овде немам свекрва која ке го чува , *она еднаш во неделата само го гледа детето стрикно* а јас би сакала на работа да почнам па здравје ке го пуштам детето во градинка . Дали со 2 годинки , дали помало ама ке иде.. :)
     
  17. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    чудно, зар ги бањаат децата во градинките :^)
     
  18. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    191
    Се си има и предности и мани меѓутоа за мене градинката има повеќе предности. Син ми го носам од 1г и 3 месеци (морав да барам пријатели за да го запишам, не го почитувам ова ама морав затоа што навистина немаше кој да ми го чува) Син ми се навикна на градинката уште од првиот ден. Дома си доаѓа расположен , најаден , преслечен немам збор навистина. Е сега како и секое дете и моето крева температура што не значи дека ако седеше дома немаше да се разболува. Еве колешкава почна да го носи детето кое е 3 год. маки мачи никако не сака да оди со ова сакам да кажам дека поголемите деца потешко (значи не сите) се привикнуваат на новата средина. Уште една предност е што уште од 1г и пол им го вадат памперсот. И да имам можност да бирам дали да оди в градинка или да ми го чува жена дефинитивно би ја избрала градинката. Нека се челичи таму :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На gerdanche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    85
    Секој со свој став и свое размислување. Јас кажувам само од примери околу мене, другарки кои пола година одат по 2 дена на работа, 2 дена се по болници (куп примери). Башка, не верувам дека една воспитувачка на 20 деца ќе може да им обрати внимание на сите (кои до 3 години и не разбираат баш многу). Како и да е, напишав лично ЈАС дека не сум за градинка. И да, апсолутно стојам позади тоа дека секоја мајка која ја познавам и која го оставила детето во градинка под 3 години било од причина што нема кој да го чува. Тоа не е нешто ново и сите јасно го кажуваат тоа со жал, а не среќа дека едвај чекаат да направи 1 година за да оди да се социјализира :doh:
    Инаку ако полемизираме може до утре бидејќи секоја работа има и добра и лоша страна, во секое зло има и добро и сл. Но ЈАС за градинка велам апсолутно НЕ до 3 год. од сите причини што веќе ги кажав и од сите искуства кои ги собирам од луѓе кои поминуваат низ ова - за да не осетам на своја кожа утре...
     
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    216
    Jas sum ZA gradinka.
    Iako mojata kerka mnogu cesto se razboluvase prvite 2 godini, sega seto toa se smiri. Imavme sreka sto nikogas do sega nemala komplikacii od nekoj virus ili bakterija, sekoga pominuvale brzo.
    Procitav pogore deka ima nekoj napisano deka decata do 3 godini ne bile sposobni da se socijaliziraat, deka sekoe samo si igralo i ne im bilo bitno za drugte deca, no decata koi od mali odat vo gradinka ucat da delat igracki so drugarcinjata, da igraat igri koi vlkucuvaat poveke deca, ucat pesnicki, imaat red na spienje, jadenje...da ne nabrojuvam.
    Mojata kerka odi vo gradinka od 13 meseci i sum epten zadovolna.

    [mod-kirilica:12b7nrix][/mod-kirilica:12b7nrix]