3 ден, 17 минути седеше. Ми се јавија да го земам слушам вреска мама мама мама. Од ова се плашев, он не е проблематичен во принцип, ама ако го фати инаетот црно ни се пишува. Таков беше и кога почнав сам во седиште да го возам, наместо да се навикнува од ден на ден повеќе врескаше и се откажав, во раце го држев. После 1 месец кога го седнав, глас не пушти. Познавајќи си го детето, штом почна со лигавење, нема да се откаже. Дај боже да грешам. После колку време почнуваат повеќе да седат? Дали ако вака плаче 2 недели ќе седи само по 15 минути?
Мене поентата ми беше дека и ти дома треба малку да поработиш со неа за нејзните емоции и прилагодувањето во новата ситуација. Ако е само спиењето проблем тогаш кажи им во градинка да не ја легнуваат со сила зашто одбива да спие. Ама може и да мисли дека е веќе голема за во градинка (пиша дека дел од децата отишле во школо) и тогаш ќе треба вие дома да си се објасните дека градинката ќе ја подготви уште повеќе за школо и слично. Не знам зошто е во група со деца од 3 години? Може и тоа е проблем. Тогаш постави го дека ја ставиле таму за да ги пази и да ги чува зашто е голема и слично. Кај децата се финеси во прашање, не е се црно и бело. Ако на крај испадне дека само менувањето на воспитивачките е проблем види со нив како да и помогнете да се адаптира на новата ситуација.
Јас се им зимам од K&K или Кеги, тука некаде се со цените 750-1000, сега едни многу убави и земавме мислам 990 беа од Кеги. Поефтино можеш да најдеш во Мат стар, во Локо Кроко гледам имаат, а има и една страна на фб Топлинки мк.
И во ваикики имаш убави,од 350 нагоре од таму земав за ќерка ми, а за син ми од ипанема, 790 ама мораа со спајдермен да се
Doss во МатСтар или други српски на toplinki.mk. Овие имаат влошка со подигнато перниче. Ортопедот ни рече да купуваме со перниче зашто газеше на прсти. Во К&К и Кеги имаш без влошка со перниче. Со тие мојот газеше навнатре.
Мајки што користите Молерс како го давате? Пред појадок или после? Јас сакам да почнам со него па Ме интересира заради градинка, дека таму си имаат појадок, па дали да го давам на гладно?
Day 7: Отидовме без плачки. Пред врата на градинка се скри позади мене, ама со лажење го внесоа. Не сакал да јаде ништо, само лебче. Не плачел, си играл. Бутнал некое дете, го искарале и седел тажен. Не сакал да си оди со татко му ме барал мене. Седеше 3 саати.
Во петокот матичната на синко не беше на работа , па отидов да земам потврда од мојата матична. Она дека нема деца ја куцаше по мое и ми ставила факсимил само, сега гледам нема округли печат. Ќе го примат ли во понеделник со таа потврда :? @jovana03 после доручек, а кога е во градинка обично приквечер дека заборавам.