Ja zapisav malata od 1sept vo gradinka, ama virus pa ne macat zabi i nikako da trgne.. ke ja pustam od 1oktomvri me interesira dali se refundiraat pari ako ne odi cel mesec (da znam i za ponataka)i koga se plaka za sleden mesec i dali moze online da ne se akam po banki? Fala
Стварно се безобразни... 4 недели е предолго време за адаптирање. Посебно што супер си е детето. Вака повеќе личи дека ќе се адаптира да седи кратко време. На почеток нормални се плачки од дома, и чат пат мислам ќе се појавуваат. Кажи дека мора да се навикне, организација треба за ова со работа ако одите, 4 недели навака натака. Безобразно е.
Во ред е 2 недели адаптација ама овие како што тргнале месец и кусур сакаат да биде адаптација.Внука ми тргна исто на 15 месеци и јасно им беше кажано 1 недела дека има за адаптација, девојчето петтиот ден до 15 часот остана, а јас петти ден до 10…
А на нив што им е работата? Плачат и одма назад.Не знаат да ги смират? За што зимаат плата? Инаку не губи надеж.1 куп деца на другарки на роднини што ги пуштиле помали во градинка побрзо се адаптирале.На другарка е 5 години од септември тргна прв пат уште плаче кога го носи на сабајле
Денеска цел ден збориме дека не треба така,сега со страв ќе го однесам сабајле,се надевам нема да се повтори, мислам дека он не ги тепал децата буквално како што кажа она,претпоставувам дека ги "борел" или влечел , бидејќи не се случило ни нас да не удира туку знае само на грб да ни се качи или демек не бори за да легнеме доле.. Се надевам дека ќе се научи и ќе се прилагоди, зашто иначе стварно срам ќе ми биде да го носам а он таму глупости да прави..
Јас сфатив дека се додека знаат дека можеш порано да го земеш детето, дека ако можат да ти се јават во било кое време да го земеш, дека ако имаш кој да го земе во било кое време кога ке се јават..... адаптацијата ке трае во недоглед. Ние тргнавме по агенда и план за адаптаиција од градинка, па со тоа темпо ке тераавме до Нова година и мислам дека сеуште детето немаше да ми се адптира. Почнавме на 1 септември и 3 дена одеше по пола час, втората недела осетив дека воспитачките ме факаат на сентименталност, односно стално беше муабет ..плаче мајка, многу плаче , незнаеме што да му правиме па трчав јас да го земам ( а секогаш кога го зимам е јаден и не плаче во тој момент ) Наредните 3 дена седеше до 11.00 часот ( и постојано истиот муабетот плаче, многу плаче незнаеме што да правиме, кажи мајка како да го смириме.... драми по ходници во градинка) . Ништо не им одговарав, само им најавував кога ке дојдам да го земам. Третата недела цела недела седеше до 11.30 . Од овој понеделник им го оставив со спиење, зошто толку и денови имав на располагање за да се спроведе адаптацијата. Од вчера ме пречекаа со муабет дека супер бил, се смеел и си играл цел ден ( магично дете се смени за викенд) и дека може да се каже дека полека почнал да се адаптира, ете они биле упорни и придонеле полесно да се адаптира. Нека ми е со среќа
Не треба ни витамин Ц! Зошто на дете да му се оптеретуваат црниот дроб и бубрезите со суплементи? Најдобро е витамини и минерали да се внесуваат преку храната - овошје, зеленчук. Треба да му се дава и јогурт и кисело млеко за внес на пробиотици и банани, јаболка, круши… за пребиотици! И многу течности! Температурата да се симнува само ако надмине 38 степени - по можност, со физички методи (масажа со алкохол, туширање со млака вода). Парацетамол во крајна нужда! Антибиотик не смее да се даде! Др Беќаровски мислам беше, на ФБ најдов, апропо давање витамини кај деца
Моето е петти ден, до 10 остана ама во 9 и нешто влезе. Многу е тажен таму, липал мама мама мама. Не знам вака кога ќе се адаптира. Спротивно од него, дете втор ден седеше повеќе од него, ама не плаче. Со неплачковци е лесно, ама со другиве што правиме не знам.. Дали е попаметно да седат повеќе иако плачат... 1 недела веќе еве, втора ќе почне, еден саат не останал таму. Стварно веќе сум и јас целата во прашалници.
Види во право си, ние вака тераме еве, не верувам до крај на неделата ако продолжи вака да седи повеќе од 2 саати. Ама тука доаѓа на ред прашањето, што да прават родителите што немаат време 2 месеци да ги адаптираат децата. Јас знам дека ќе се адаптира кога тогаш ако сме доволно упорни само како да се убрза тоа, дали е подобро да го оставам повеќе иако плаче или вака да го земам, и до кога? Стварно сум збунета веќе. Јас сепак мислам дека најлошо нешто што го направивме е што јас сум овој период на боледување и со мене е цел ден, уште толку се залепи за мене. Не ми дава до вц да отидам.
Еве денеска го оставија до 12 со малку плачење, го земавме и прво многу ми беше лут. А од таму го испофалија ептен, многу бил мирен, слушал, им подавал пелени на негователките, му давале задачи зашто бил меѓу поголемите деца. Се надевам ќе продолжи вака и ќе се научи и да заспива сам. Инаку, се пожалиле дека немале разбирање од родителите за адаптацијата. Многу деца плачеле, морале во раце да ги држат и не можеле да постигнат, затоа ги оставале по еден саат.
Добро, твоето е во јасли мислам. Мојов е веќе во група, тие дечиња се понезависни. Голем дел веќе и се одбиени од пелени.. Ми кажаа денес двете негователки какви не ти метании му правеле, цело време бил тажен и липал. Ќе седеше и малку повеќе, ама следен чекор што ќе го направам е ќе се изгубам од таму да не ме гледаат, па кога ќе ми се јават ќе го земам.
Ако плаче цело време јас не би оставала подолго. Престресно е. А ако е периодично може да се наголемува по малце
Па не планираме секако нешто многу да инсистираме ако плаче. Не верувам дека вришти цело време, ама сигурно е тажен. Ете ќе гледаме и следната цела недела нека не седи којзнае колку, ако успееме до спиење да остане, супер би било. Па здравје за месец дена и да почне да спие.. И јас не би можела да инсистирам да седи и да вришти, грлото ќе си го одере, ќе се разболи. Полека ете, ќе ги организираме сите ресурси, баби дедовци татко да го земаат порано. Јас мислам тогаш и повеќе ќе се опушти.