Јас известувам. Ако е планирано најавувам од претходно дека нема да дојде и од која причина. Ако е болен исто известувам уште првиот ден. Ако е отсустен ми рекоа дека треба да однесам потврда од матичен дека е здрав. Исто и мојов. Оди, ама секогаш прашува дали мора. Па секое сабајле се се објаснуваме. Ако му бил претходниот ден супер и не го скарале, трча накај градинка. Ако го скарале како вчера, знае да е намуртен кога го носам, ама му поминува со многу зборување и објаснување. Мислам дека до крај ќе биде исто. Па и јас прашувам зошто мора секое сабајле да одам на работа
Што ќе ти се толку, зарем нема да переш? Па и нема секој ден да доаѓа испрљана или пресоблечена. Јас по една резерва оставам во ранче, знае да стои истата гардероба две недели и воопшто да нема потреба да ја пресоблечат. Еден пар пижами се сосема доволни, ќе си ги испереш за викенд. Наутро да пробаш со некој милкшејк или смуди? Кифличка во рака? Суплементиве се одвишок, не ти требаат. Ние лично зимски период даваме само Д3, уште не сум почнала, планирам од октомври.
Така де. Си има група на вибер си кажуваме ако е болно нормално потврда од матичен за здраво дете, ако е на одмор нема потреба од потврда. А ако некој крие нека си греши душа он. Ако седи 3 дена дома зошто и јас седам која е потребата да носам повторно потврда од матичен? Плус деца носат со стрептококи во уста и нос и негативни брисеви и потврда од матичен дека е здраво детето. Џабе е потврдата тоа е чисто ако дојде инспекција и мрсулави деца оставаат со потврда од матичен дека е здраво детето и она нема како да го врати назад кога лекар потпишал.
Врска нема. Ако си дома и си решила да го чуваш дома ќе си кажеш дека дома ќе го чуваш 3 дена. Однапред најавуваш. Не си седи дома 3 дена и оп си го враќаш, дома беше со мене. Нема толеранција за тоа. Ќе си донесеш потврда. Од кај да знае жената таѓу дали е вистина. Пандемија е! За мрсулави деца се јавуваат. Јас не знам каде тоа со ситуацијава мрсулави деца седат со стрептококи.
@vitamina ако стварно детето нема внес на витамини, вештачките ќе му дадат. Ама ако има доволно, зошто да се дава? А дете у градинка прв пат ќе се разболува цело време... После ќе се среди.
Точна си. Ама ако најавам дека ќе си го чувам дома оти сум дома, нема факинг потреба да акам по доктори, нели???
Кога после? После колку време ќе стекне имунитет? Ова било неподносливо кај тој настинат, па и малото си крка покрај него
Јас бидејки имам сестра со релативно голема разлика од мене знам многу добро дека првата година градинка/школо е таква каква што е, една недела градинка 2 дома. Ако не го носиш во градинка како сестра ми во школо ќе де разболува првата година и тоа е нема бегање од тоа, социјализација кога тогаш мора да има и да се избори со вируси и бактерии. Ние три дена бевме, цееела ноќ бевме будни. заѕвонив и известив, ми рекоа да го држам дома некој ден, ради пандемијава ако има темп или полоши симптоми нормално на лекар, ско два три дена е океј да го носам. Не бараат оправдување.
Денес 6 ден, почнавме втора Недела, пак 40 минути беше, ми се јавија дека бил многу вознемирен да го земам. Го земав, ми изгледаше за нијанса подобар од претходните денови. Цело време жалел и липал без солзи по мене, не вриштел. Кога ќе го земам одма врти лист, истото дете од претходно. Ни е вознемирен ни ништо, си ужива цел ден со мама. Сега сум сигурна дека на овој начин адаптацијата ќе трае до недоглед, веќе се научи дека ќе дојдам брзо и си тера така, ама од мене толку, од понеделник татко му, да успееме следна недела до пред спиење да седи на коњ сме. И онака само 3 4 дечиња беа денес, сите биле разболени, ако остане моево ок тераме даље. Премногу негатива сум полна, тргнав да го бришам ова, ама нека стои. Веќе не пишувам тука додека не тргне напред работата. На сите дечиња им посакувам лесна адаптација и многу здравје
Епа во нашата не се подразбира. Најавено ненајавено без разлика на причината за отсуството потврда од матичен носиме
Читаш дека пишав се кажува на вибер што е со детето и зошто би било дома. Ти на членката и викаш дека нема потреба да ака по доктори за потврда кога би го вратила, а на мене ми викаш дека и дома да си го чувала пак потврда ќе треба одлучи се што во право. Мое дете и уште 6 деца не се разболеа од ладново туку од едно дете што беше мрсулаво и го примија. Бактерија кај нашиве е најдена и тоа стекната од градинка е дека со негативни брисеви сите влегле па махично се појавила бактеријата, нема проблем. Не се сите градинки исти и не сите имаат исти принципи.
Мене и тие 10 ми изгледаат малку .ќе пробам наутро да и понудам кифличка или смути барем да внесе нешто.Страв ми е од многу разболување затоа давам суплименти @fana дефендил е за имунитет
Од февруари е почнат и секоја 2ра недела е болен.... За имунитет не давам ништо, само бекутан мултивитамин со омега, Д3 и Вит Ц и тоа сега ги почнав. Мојот секој ден вели, денеска е недела, во недела не работи градинката и така со плачки од дома почнува, се смирува па таму пак си плачи, еве 2 дена кај не плачи. Иначе со исти деца е исти тетки, беа 1ва мала, сега се е исто 2ра мала, само плус 3,4 деца има.
Јас од таа причина избегнував да го пуштам во градинка многу мал, имаше кој да го чува, ќе го пуштав на 3, со короната испадна на 4 години. Си мислев поголем посилен имунитет можи нема да настинва толку пречесто. Втората и третата година и од дома седење многу настинваше, па си мислев ајде можи има сјачано имунитет колку толку, ама како што гледам се потешко некако е а за малото колку ми е жал, 6 месеци има ене го почна да кашла многу коски ми се тресат.
Дали давате храна пред одење во градинка? Три дена по ред ми кажуваат дека јадела, кога ќе ја донесам дома неможе да се изнајде дете... Инаку се поднавикна, наутро се спремаме, па кога ќе стигнеме на врата имаме плачење додека влезе во градинка па таму била ок, весела, си играла со децата, по сликите изгледа добро. Ја оставам до 12ч, ама еве втор ден по ред легнувала, сака да спие таму па се мислам утре да ја оставам и на спиење ама ова со јадењево ме замислува, несакам да седи прегладнета таму..
Day 9: Не плачеше. Си влезе сам. Појадок не сакал, ама за ужинка изел 2 банани. И ручек јадел, риба со нешто. Супер бил. Остана до пред дремка. Tommorow is the day . Day 10: Преспа. Без никаков проблем. Легнал на креветче и заспал. А јас, цел ден под стрес што ќе биде. Сега една адаптација и за мене. Тука го завршувам мојов дневник. Сите што се адаптирате периодов, со лесно. Сите што се мислите, пуштајте деца порано во градинка. Од моево искуство адаптацијата пострашно ја доживеав јас него дете. Сега, само уште да не се разболува и супер сме
Не. Уште е задремана до градинка. Иначе јаде се таму, и по две чинии, и пак е гладна кога излегува. Со мене носам кифла некогаш за да јаде до дома, и дома руча пак у 5саат со нас, ужина у 7 и вечера у 8 пред спиење.
Обично кажуваат кое дете јаде кое не. Мојов се јаде таму и кога го земам сум пробала да му дадам да јаде ама не сака. Пред градинка би дала доколку го носам од 6 и пол или 7 саат али бидејќи го носам во 8 сега за сега не давам храна од сабајле.