А потврдите знаеш како ги даваат матичните? Се јавуваш и викаш пиши потврда ќе ја земеме. Успат спремаш 100 ден кај повеќето. Нит ме праша шо му било кога побарав потврда. Затоа не ми е реално тоа со потврдите.
Ако бараат давам, ако не бараат не давам. Во кутии спремам појадок и ужинка, и тоа баеѓи полни, секогаш се празни. Ручек и репете бараат таму...дома кога ќе дојдат пак се како јадење да не виделе. Нормално ми е ем таму да јадат ем дома пак да се веќе огладнети.
Wtf Мојава еднаш дури не врати да остане уште некој ден дома, па да се вратиме по потврда. Јас на своја рака носев, во претходната градинка ич не се замараа дали ќе оди, дали е болен, оздравен, ништо. Во оваа сега ќе видиме, уште се држи, го нема фатено ништо
Od sabajle davam samo edno shishe mleko nekako i malata i golemiot od sabajle se naviknati casha ili shishe mleko i vo skolo -gradinka
Минатата Недела ја седеше дома заради стомачен вирус, денес дојде со растечен нос, од попладнево температура 38.5
Има стреп А брзи тестови кои покажуваат само присуство без антибиограм. Ги има и во поснабдени аптеки.
Мора природно да го гради имунитетот. Незнам дали си консултирала лекар за дефендилот, но не се дава освен ако детето има слаб имунитет. Плус не се дава во повеќе од три дози, па се прави пауза цела година. Нема шанси да избегаш од бактеријава. Стандард си живее меѓу децата во градинка, најважно е детето да нема јаки симптоми како температури. Еве ја и мојава кога ќе се размрсулави, три недели не прекинува носот. Докторката вика има шанси да е бактерија, не сме тестирале, но штом нема други симптоми џабе е да даваме антибиотик. Лечиме само локално. Дур да дојдат до школо веќе ќе имаат имунитет па од стрептокока пнеумоние нема ни да пројавуваат симптом. Малце мачење е градинката во поглед разболувања, но ќе преживееме... Со некое бело влакно повеќе
Денеска го земав синко плачејќи од градинка, седеше 2 саати. Воспитувачките не излегоа со него, една друга жена излезе нз која е,и реков да ги викне неговите и влезе женава и излезе само и рекле утре пак од 9 до 11. Го прашувам синко зошто плаче ми вика го тепала учителката и ми покажува како(по лице) го прашувам зошто и он ми вика зошто ги истурал играчките. Вчера и завчера седеше по 1 саат и ја го чекав под прозор,беше мирен и не го караа,воопшто не плачеше, денеска го оставив и си заминав и ми кажува дека го тепале. Здрави ли се тие таму што се нафатиле да чуваат деца? Разбирам да го скара ако е немирен, па и по газ да го плесне ама шамар? По лице дете од 2 години?
Чекај малку,колкаво е детето? дали си сигурна дека не лаже? удирање по лице е сериозно... јас кога имав ваква ситуација не иста,удирање по газ беше...неможев целосно да се потпрам на кажувањето на малата,а знаев дека не лаже,прво уште другиот ден одма разговарав со учителката секако негираше,Но кога почнаа и другите родители да се жалат на истите плачки од децата тогаш дигнавме узбуна сите(во секој случај џабе беше кај нас) ако е вистина ова одма пријавувај кај главните
2 години има ама све разбира и чисто збори, нешто да кажеш пред него одма пренесува а не ова, самиот ми кажа јас никако не го потпрашав освен зошто плаче. Утре ќе одам и ќе и објаснам убаво дека детето е свесно и све кажува, ако се повтори такво нешто ќе ги пријавам. Немам како да тврдам бидејќи нема гребаници модрици, ќе речат детето измислува и толку.
На твоето нема да се повтори бидејки само ќе ги предупредиш. А на другите деца ќе се повтара. Ма да неби требало само да ги предупредуваш за шамар кај дете.
Мајка како бе и по газе да го плесне? Требало одма директор да бараш, поплака, узбуна зошто така си оставила? Не ги оставаме децата таму да ги 'воспитуваат' со ќотек. Па и ги истурил играчките причинава... Не знам еве нека каже и друга мајка мислење ама јас вака не би оставила.
После јас нив ќотек ќе им удрам Се шалам.не им го давам задоволството они да ми поднесат кривична. Одам на адвокат и поднесувам тужба за негователка и градинка недај боже да разберам такво нешто.
Здраво, ме интересира што треба во ранче да ставиме за во јасли - топлинки, чашка за водичка, пишажи.... Друго дали заборавам? Колку групи јасли има во Штркче - Аеродром и доколку некој има искуство од таму да сподели