Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.300
    Допаѓања:
    125.624
    Од тоа мерење температура детево трауми и не сака да оди . Вчера изгледа мереле неколку пати еднаш покажало 37.2 и одма паника. Одма измерив дома нема, ладен на чело, друг симптом ништо.
    Е сега нејќе да оди и таму урлал едвај се смири како друго дете да видов , вело време само ни повторува дека нема температура:(
    Ептен ми е жал, ептен, ќе си имаме сите последици од ова ;(
     
    На Осе, Madrugada, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.935
    Ццц душичка,ужас стварно децава се истрауматизирани;(
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.206
    Допаѓања:
    40.582
    Пол:
    Женски
    Леле душа. Кој знае како изреагирале тие кога виделе 37.2. Наместо да смират ситуација сигурно паника и го исплашиле.
     
    На eli25, azelea и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    19.602
    Се соочил ли некој со ептен проблематична адаптација кај бебе 1г скоро?
    Седи од 8 до 11:30ч и ова е напредок за нив. 3та недела тераме веќе. Детево е 12кг они нејадач го направија. Ќе отидам во 11 ипол и ми викаат плукал храна, вода одбивал, само во раце сакал блабла. Го носам дома не може да се изнајаде.

    Во ред периодов е тежок тројки му избиваат ама веќе не знам што да правам. Ми викаат кај него мнооооогу време ќе требало долга адаптација ќе имало. Што им значи тоа да го отпишам работава оти детето не го бива?

    Нејсе, ок е да им кажам прајте што сакате ја не можам да го земам веќе ама моето дете ќе остане гладно, жедно нив гајле им ќе го остават и ја после ќе си имам мака со здравјето негово. И чаре има ли за мојов проблем?

    Да напоменам при земање липаше, се тресеше, плачеше. Сега веќе не го земам со липање ама кога ќе ми се јават вришти во позадина и не можеле да го смират.
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    18.128
    Им прскате нешто на децата во нос превентивно од бактерии?
    Порано прскав спреј со диво оригано. Читав некаде за некој поефикасен, ама не памтам како се викаше:^)
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    122.965
    Пол:
    Женски
    За ацидосалус си читала.
    Не прскај од него.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.206
    Допаѓања:
    40.582
    Пол:
    Женски
    Другиот е ацидосалус, ама искрено јас од ориганото сум позадоволна.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    19.602
    Ја со педијатаров зборев ми вика така не смее да се користи превентивно, бактерии и преку уста фаќа. Се користи само по потреба инаку кога ќе треба нема да има ефект.
    Тоа е негово мислење друг доктор може поинаку ќе каже. Лично дури беше затнат ставав веќе не.
     
    На srekice, Осе, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.300
    Допаѓања:
    125.624
    И мене ме искараа. Јас го купив за превентивно ама ми рече не. Па не му прскам ништо. Давам само молерс и вит Д и чат пат вит Ц.
    Сега давам и пробиотик , имаше мака со мешето.
    Исто ми рече препарати за имунитет да не давам особено не бета глукани, виранто кога е настинат само, ама максимум 1 недела.
     
    На fana, Luna91, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    А од овие таблетки и гел од Алое Вера, имате ли искуство?
    На блиска педијтарот и ги препорачал поради често разболување од градинка, па дали има ефект или си имаат процент и од нив?
    И моето само што тргна, се разболе, матичната ми рече ќе треба нешто за имунитет да му се дава, ама не ми кажа што. Ама и на секое разболување, она му дава антибиотик, па се мислам да ја сменам. А и читам матичниве различни ставови ви имаат за давање нешто за имунитет.
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Јас си прскам и по дома. И на бебе. Консултиран педијатар вика нема штета.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.935
    Ние ги имаме користено таблетките и супер се покажаа, плус и апетит имаше од нив.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Може да покажува револт со одбивањето на храна.
    Мојот така правеше,кога беше настинат и некој период не одеше,кога ќе се вратеше одбиваше храна. Но кратко траеше тоа,виде не виде си пројаде. И јас како тебе се нервирав,но не можеш да му објасниш на тоа мало човече што се бунтува. Мојот само со кришка леб во рака беше, душа ме болеше,може и сум пишала овде.
    Стисни заби,ќе помине.



    Може ли некој од група 2-3 да сподели што се е побарано од вас во градинка од дидактички материјали?
    Нашиве пуштија некој список бајаги долг, да знам дали да отворам уста (дека останатите само срциња и ставија на пораката).
    Меѓу другото се бара од нас да однесеме, брисачи (дупло) ,влажни(дупло) тоалет, салфетки, сапун....се прашувам да не треба да однесам и прашок за постелнината или зачин за ручекот?!
    За што ги плаќаме тие 1500ден (плус додаток од општина што добиваат)?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.300
    Допаѓања:
    125.624
    Јас 1500 дадов во книжата
    Фломастери , мрсни боици, темперни, хамери, блокиви, папка, чашка за боици, колаж, пластелин, лепаци , додатоци…
    Претпоставувам исто е
    Хигиена даваат ливче и носиме - сапун, чаши пластични, брисачи, влажни
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Проблем е до негователките и не им се работи. И кај мене во група има 2 деца нејадачи и сами кажуваат дека на нив повеќе вниамние им обрнуваат додека ги адаптираат, но едно големо НО никој не си оди порано од 14:00 повеќе време им треба да ги молат за храна ама вика 3 или 5 лажичиња и тоа е нешто барем знаеме дека има внесено храна и меѓу оброци им даваат лебче едно друго не се така оставени. Сите 3 гледаат да ги анимираат, дете што не сака да оди во градинка има нешто, да сум слушала и бебиња што плачат ама се смирувале. Тоа што ти липа кога ќе го земеш е ради нив не може 3 недели да не се адаптирал до сегА тоа значи дека они не се трудат доволно.
     
    На azelea и Milkiway им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    И мојава е трета недела исто до 11 седи ,зошто така им текнало. Реално првите дена ја земаа со ,,ако не дојдеше уште ќе седеше " за кога реков епа нека седи пола саат плус тој ден да ми се јават ,,почна да плаче нека ја земат ако не да не и правиме трауми уште од сега".
    Ама не е дооформена групата т.е уште не се почнати сите деца и си играат гледаат да испратат се порано тие да се кафосуваат остатокот од времето (wtf).
    Најмногу се изнервирав што петокот до 10:30 понеделникот пак до 9:30 (зборам за претходните недели) .
    За јадењето не знам што да ти кажам...
     
    На Cherry333, azelea, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Кај нас до сега беше со собирање некоја симболична сума (далеку од 1500) и после веројатно учителките си купуваа материјали за работа. Годинава сеуште нема никакво инфо.
    А од хигиенски, брисачи, 2 влажни и чашки
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ауу.. И ова се носи? Јас мислев ова го набавува градинката. Само на почеток на година купувате или неколку пати?
    И претходно пишав, да ја стават цената 2000-2500ден и да набават се што треба ок, вака само како обврска ми стои дека треба да купувам секој месец.

    А да ве прашам, син ми е скоро 17месеци и е во јасли. После колку време оди во следна група, која е следната? И дали истите негователки се до крај или се менуваат?
     
    На Klara91 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.761
    Пол:
    Женски
    До три години се јасли, после мала, средна и голема група. Мала е од 3-4 години, средна од 4-5, голема од 5-6. Во јасли има само негувателки, три се на една група од 10-20 деца, зависи од градинката. После се една воспитувачка и негувателка кои обично ги водат до крај на одењето во градинка.
     
    На Снегулк@23, fana и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.833
    Допаѓања:
    145.549
    Ич не ги жалете. Добиваат по 8000 од дете. Има пари. Само не одат кај децата.
    Иначе прибор тек ќе купуваме. Не бараа до сега.
    Од хигиенски, само чаши бараат.
     
    На Sofi.ja и fana им се допаѓа ова.