Тоа би било супер да е можно. Јас баш би сакала да можам да си гледам децата ама мислам дека не би дозволиле ни од министерството. Имаше еднаш ваква дискусија на фб демек се повредувале некои права со тоа дрн дрн. Во франција имам пријатели и таму само во приватните градинки е можно-односно таму жени со лиценца во сопствен стан/куќа што чуваат по макс 5 деца имале опција за да си ги гледаат децата. Далеку сме ние од тоа.
Kerka mi odese celi tri dena (eden koga se zapisavme, eden regularen i tret za ispisuvanje) vo privatna gradinka, vo koja odea samo deca na vraboteni od edna firma. Znaci se sto bese kupeno vo gradinkata, bese investicija na firmata. Od inventar do tekovno odrzuvanje. Koga mm koj bese direktno ilvonviran vo funkcioniranjeto na gradinkata, napravi plan za postavuvanje na kameri i povrzuvanje na vrabotenite so gradinakata, se digna takva uka i buka od onie koi ja vodea gradinkata sto se toa propadna. SDK koga ne si moken kako investitor da go pobaras i ostvaris toa, vo javna gradinka nema sansi. A bi trebalo da ima.
Im preci na ucitelkite..ke nemozat raat da vlecat deca za ramena kako gore opisanoto. Navistina..ima i sovesni ama ima i takvi koi ne se za tamu
Jас не се согласувам да има камери. Од каде да знам дека некој педофил нема да го гледа моето дете? Чувствителна работа е ова, претпоставувам дека затоа и нема камери инаку до сега би се инсталирале. Ме интересира како е во другите држави? Има ли камери во градинките?
Ана..не такви камери за секој да може да гледа. САМО родителите на децата кои се во таа занимална можат да следат. За такви камери јавни ни јас не би се сложила и изричито сум против. Ова е во живо, само тие родители кои сакаат и кои ќе се претплатат.Само тие имаат линк да гледаат.
Се сложувам. Се нарушува приватноста и на вработените и на децата. И мислам дека законски не смее, а и во странство не сум слушнала да има. Воспитувачките се подложени на се и секакви тестирања по неколку пати во годината, плус инспекции, сметам дека нема потреба од камери. Се сложувам дека многу работи треба да се подобрат кај нас, но камера не е решение.
Се е тоа во ред. Разбрав што сакаше да кажеш. Ама еве... од каде знаеш какви се родителите на другите деца? Плус, во ИТ светов никој не може да гарантира дека некоја линија е сигурна за да не може некој, кој малку од малку се разбира во таа проблематика, да ја пробие шифрата и да ти го гледа детето секој ден. И да надополнам дека се согласувам со @Kitten дека им се нарушува приватноста на децата.
Така е. Во право си.Не ни помислив на родителите. Лично јас не сум засегната од воспитувачките, ама многу револт ствара кај мене кога ќе прочитам како некое детенце го влечкале така или му се дереле.Никое малечко не заслужило таков груб однос.Воспитачките се тие кои треба насока да дадат и со своето однесување да покажат пример. Кога станува збор за ваква проблематика, немам контрола, верувајте ми.
Во живо да ги гледаш постојано децата и учителките? Колку опсесивен треба да си за ова бе Рефи? На многу од нас ни поминала таква мисла низ глава, ама нездрава е. Не сум против да има камери и одговорни да следат повремено или ако има некој проблем со децата (модрици, гребаници поголеми и слично) да се побара снимка и да се види како дошло до тоа. Подоцна и во училиште може ќе сакам да има, пошто сум љубопитна како го минува моето дете времето таму. Па и за излегување во град ќе им местиме камери на облека и така мирни ќе сме. Не завршува ова со градинката, љубопитности или кај некои опсесијата кон своето дете да знаат во секој момент што прави, со кој е, не лажат ли кога велат кај другари се и дека не пушат цигари и слично, вечно ќе трае. Нема лек за тоа, камери не решаваат ништо туку да се потрудиме малку повеќе верба во нив па и во институции и следење будно и реагирање на промени во нивното однесување.
Епа @Bridget ако има камери во чекалните кај докторите и кај гинекологот во ординација зошто да нема во градинките ? (ако веќе збориме за камери и опсесивност???) Плус, кога сме кај осесивноста...има мајка која не е опседната со своето чедо додека не е со него ?..а притоа мало е и незнае да каже ? Мене пак таквите мајки не ми се јасни - ќе го тупнат детето и кидавела...за ништо не се интересираат. Како треба да реагира мајката која СЛУЧАЈНО видела дека детето и го влечкаат или мајката (не се сеќавам која беше) која слушнала како воспитачката се дере ,,престани да плачеш ѓубре едно,, ??????? Ако е тоа ,,случајно,, видено и чуено, којзнае што се дешава зад затворени врати. Знам што ќе пишеш наредно - гледај си го дома и ке бидеш сигурна во СЕ... Најлесно е тоа да се каже. Ако тргнеме по таа логика, тогаш лечи се дома, не оди на лекар, раѓај дома - не ти треба гинекологија, препиши си антибиотик сам оти педијатрите си купија дипломи...
Сега па во крајности ќе одиме, едните многу загрижени и бараат камери, другите ги оставаат и бегаат. А што да прават? Да застанат скришно до врата и да прислушкуваат? Сите би сакале да знаеме колку внимание им се посветува на нашите деца, дали и колку играат со други деца, дали некој ги закача... А во случаи на безобразни воспитувачки тогаш барем еднаш некој секако ќе ја примети па нека ја пријави и нека бара одговорност. Камери нека има за одговорни да следат, не за родителите, оти колку има воспитувачки и негувателки малку неарни во глaва, можеш да замислиш колку родители има. Ако за една група во која има 30 деца се грижат две, тогаш тие две треба да оправдаат однесување во секоја секунда од денот на отприлика 60 родители. Мислиш нема да има секојдневно поплаки и прашања од типот -зошто моето дете само седеше цел саат во ќош и не сакаше со никој да си игра? Зошто не се потруди да го вклучиш во играта? Зошто не го зема во раце или не му посвети повеќе внимание, може не му е добро нешто? Едно друго дете го потегна моето за коса додека ти свртена со грбот беше, зошто не гледаш? Кога сите ќе ги центрираме очите на нашите деца во тие 8 саати, мислиш нема да најдеме ништо? Па и ќе преувеличиме оти нормално за свое дете секоја ситница не боли. Да ги оставиме понекогаш и да се скараат и да се скубат, и да истрпат карање од воспитувачка...така ќе се челичат, не може по газ да им се оди 24 часа во денот. И искрено, тебе, мене, на било која мајка, да ни стават камери преку цел ден и другите да не гледаат...што мислиш, што ќе видат? Посветени сме им постојано додека се дома со нас? Не зборам за малтретирања да се разбереме.
Здраво, ние пред една недела почнавме во градинка во јасли. На почетокот не плачеше изгледа не беше свесна што се случува но после 2-3от ден само што ја виде градинката почна да плаче и негувателката кога ја зема ја турка со рачињата. Инаку малку ми е чудно менито што го имаат за јадење им е исто за дечиња од 24месеци и за бебенца под 1 год. поточно мојата е 8 месеци и за јадење им даваат грав, леќа... Малку нелогично ми е тоа
Тука во Германија нема камери. Многу се строги за приватност. Претходната недела имаа фотографка во градинка. Моравме да потпишеме согласност дека дозволуваме да ја сликаат малата, и уште една согласност дека дозволуваме да биде сликана во група со дечињата. Да бидам искрена пресреќна сум што до тој степен се почитува приватноста. А за однесувањето, не верувам дека нешто се случува, бев поканета на адаптацијата и знам како им оди денот, башка повеќе воспитувачки се заедно секој ден, а и децата се заедно во група од 0-3 години. Ако не моето, некое ќе ги накодоши. Во секој случај, кога детето сабајле го оставам и не ми ни вика чао туку се затрчува кај децата, немам простор за паника.
Еве не и нас на оваа тема со апдејт на информации Синко веќе месец дена оди во градинка. Последнава недела останува и на спиење. Супер се навикна. Оди без плачки и го земаме без плачење. Спиењето е малку проблем, но мислам дека од следната недела ќе се навикне. Го успиваат со нишкање и дремнува по 10 минути па пак го презаспиваат.Во неговата група има 20 дечиња и 3 учителки ги чуваат. Најмногу ме радува што си играл со дечињата и си јаде се од менито. Некогаш и репете бара. Пред некој ден јадел дупло доручек и ручек Менито им е убаво и секој ден за ручек имаат манџичка со мевце. Имавме и родителска и потпишавме согласност за фотографирање за приредби-Нова Година што искрено ми се допаѓа многу. До сега никогаш не ми го дале испотен, измочкан или извалкан. Презадоволна сум од односот на учителките и од чистотата во градинката. Секој вторник имаат доктор кој ги прегледува дечињата - висина, тежина и ги слуша со стетоскоп. Она што исто ми се допаѓа е што општината им донира пелени во јасли и такви им ставаат. Иако во ранче има пелени до сега не ги искористиле тие. Она што ме загрижува е растечено носе. Веќе месец дена. Но учителките велат дека на сите им тече нос и да не придавам значење на тоа. Веќе забележувам и промени кај синко во поглед на дечињата. Откако е тргнат во градинка кај и да види дете надвор од градинка сам им приоѓа им се радува на децата. Сака повеќе да слуша песнички и да игра на нив Почна веќе и навечер поубаво да спие и подолго. Нормално сеуште цица по 2-3 пати навечер но мене ми е убаво. Си се галиме и гушкаме. Исто така и доста нови зборчиња почна да кажува месецов а и сака повеќе да се мази и гали. Така да еден совет до сите мајки кои имаат "страв" од градинки и им е тешка адаптацијата ќе ви кажам да бидете упорни. Секој почеток е тежок. Мислам дека на нас мајките многу потешко ни паѓа разделбата за во градинка и "осамостојувањето" на децата отколку на нив. Тие еден ден ќе ни бидат благодарни за сите солзи во себе, за секоја грутка во грло кога ги оставаме во градинка. Таму сфаќаат дека не се центар на светот и дека мора се да им се дозволи и даде сега, одма и веднаш. Учат да делат со другарчињата се, да си поплачат со нив, да се одбранат при удар, да имаат ред и дисциплина, да играат и да се развиваат во социјализирана индивидуа. Нормално ќе бидат и болежливи, со растечен нос, ТТ па ќе закачат и некој вирус но ќе створат имунитет. п.с Извинете на долг пост, но морав да се искажам
Браво мамичке,мислам дека и вие одите во некоја од градинките во Аеродром,ама не сум сигурна,и кај нас е така ги прегледува доктор,а ова за пелените не сум слушнала ама веројатно е од оваа година во прва јасли,дека лани кога одеше ќерка ми не беше така,сега е во втора јасли и уште се со пелени ама ги учат на нокширче.И јас сум среќна што ќерка ми оди во градинка,сега дека разбира веќе кажува со кои дечиња си игра,ги учат да јадат сами ,па дома бара строго сама да јаде на маса на стол,не ја сака веќе хранилката,а и таму била прва за јадење,многу била умна,а дома е џамбаз се сака да е по нејзино. Во глобала ја гледам дека е среќна кога ја земам,насмеана им кажува на сите чао,наутро исто се позравува и бакнува со татко и и сама влегува и одма оди се гушка со дечињата.А за носе растечено,тоа си е нормална појава и цела зима до мај ќе си бидат така да знаеш,само да не е нешто посериозно,да мине со лесно
Јас го сликнав менито во градинката ама незнам дали е во ред да го обајавам, да не правам некаков прекршок... И јас сум во групата задоволни мајки. Се пее, се играат игри,а деновиве забележав дека почна да употребува ,,повелии,, и ,,фалаа,, Знае да пее песнички (тешко се разбира текстот, ама успех е и тоа) Кака на нокширче. Почна сама да се заигрува, гледам дека почна преку кукли да се идентификува (успива кукли, ги храни, со влажни марамици ги брише како да се какани...)