Кај нас само еднаш годишно носиме чаши, салфети, марамици и тоалетна. Две деца со оваа градинка, два пати ако имам однесено вакво нешто. Како бе редовно ви бараат?
Во Срничка е твоето? Ако да, пишав погоре. До нареден септември ќе ти биде во јасли, после во поголема група.
Еве, откако е почнат малиов во градинка, од февруари, не ми побарале ништо. Еднаш знам дека однесов, и толку беше. Еднаш и за големиот, ама ептен на крај, последна година беше. Досега не побарале ни материјали да им се купат, како претходно што бараа, нели боички, фломастери и слично. Претпоставувам дека имаат резерви оти доста деца не одеа година и пол, пa сега ги трошат тие резерви.
Така беше и кај големата додека одеше,дававме од 150 до 300 ден, повеќе не беше и учителката купуваше за цела група што треба и толку.А по другиве населби гледам многу повеќе даваат или им кажуваат по кои книжари да купат. @Jana06 од 18 месеци се втора јасли и таму имат и по некои активности,с другото е така како што вика @Annath , обично една од јасли негователка продолжува после со групата и имаат една воспитувачка до крај се тие.
Ние за синот во Лале имавме 2воспитувачки и една негувателка Така мислев дека ќе бидат и понатака, сепак повеќе деца ќе се
Во Лале (Срничка) мислам дека во сите групи се по 3. Кај мали 2-3 кога беше беа 3. Претходнава година незнам. Сега 4-5 се две, ама колку што разбрав треба да се 3, една се врќаала сега (веројатно на одмор или нешто) и со заменската 3 ќе се. А за некое време се враќа и една од породилно. Чекаме родителска па веројатно ќе имам повеќе инфо. Претходно ни бараа по 500 денари за материјали еднаш годишно, а секој месец чашки, брисачи и влажни.
Син ми многу се приврза за една од негователките, стварно жената е прекрасна, цело време до неа бил и плачел ако му се изгуби од вид. Се надевам ќе му биде до крај.
Кај нас се скроз други од јасли и поголеми групи. Значи детето од јасли кога преминува во поголема има нова воспитувачка и нова негователка.
Не сум 100% сигурна, ама по муабетот со други во сите групи како да се по 3. И кај внука ми (3-4) се три.
Уф, ај ќе видам на родителска што ќе кажат. И кај внука ми биле две, моја грешка јас мислев три се. Ова се од мајкиве муабет, они изнапишаа, ама баш ќе видам што ќе кажат. Мене ми е само зошто оваа што сега ги чува ич не ги вади надвор, не можела сама
Вака што читам гледам секоја градинка си има своја политика. Кај нас ( не сум од Скопје), плаќаме 800 денари годишно директно на просветно дело за материјали, додека секој месец носеме влажни, антибактериски влажни и брисачи за раце. Јасли е до 2 години ( али еве мојата ја фати 2 и пол до Септември) потоа е прва мала и децата се со една негувателка и една виспитувачка.