Ме заинтересиравте со ова виранто. На своја рака го давате или доктор кога ќе ви препише? И од кога може да се дава?
Мојот имаше 16м кога бевме позитивни на ковид јас и мм, па матичната ми рече цело шишенце да му дадам. Инаку на многу лекови пишува дека се за над 2 или 3г ама по препорака од лекар се даваат и порано.
Јас на своја рака. Еден период користевме бимунал од истиот производител , ептен бев задоволна. Потоа го снема. Барајќи го , другарка во зегин овој ми го предложи кога е настинат. Матичната ме поддржа но рече да не давам повеќе од недела дена. Претходно давава дур не го испие . Содржи Ц, цинк и бозел, природен е . Прашај и матичен сепак ако ти е мисла @Jana06 јас првпат зедов пролајф и ептен се покажаа ефикасни. Матичната ми рече на два пати по една лажица да го испие шишенцето но во аптека за дијареа ми рекоа слободно две шишенца. Така и давав дур се смири потоа по старо. Пробај ги.
Бебе утре ќе тргне прв ден во градинка.Кое време е прием во јасли во Чекорче,не знам кога да ја однесам и уште нешто дали може таму да ја платам уплатницата, слушнав дека можело на лице место во управа? И јас прв пат и дадов на големата виранто пред една недела,и се растече носот како водичка и малку поткашлуваше од мрсолите и за три дена се смири се.Не знам дали беше од него или дека она е веќе голема па и онака брзо и минат настинки,ама го давав една недела.
Кај нас е за цела градинка 8 8и15 дека во 8ипол доручек им носат до 9ч. Ако касниме ожтогаш после 9и15 треба да го однесеме. Стварно е ептен рано тоа па син ми спие до 6ипол
@eli25 @kukla21 Пролајф е пробиотик? Јас му давам Биогаја и денеска дадов Линекс. Утре ако дадам Пролајф што треба да прекинам од другите? @wannaBeMomma Што е смекта? @Осе Така ви се погодило. Кај нас поголемите деца ги примаат порано, јасли се од 8 до 8.30.
Па да. Инаку Биогаја користев и јас ама матичната ми рече дека во однос на другите е послаб и нема да даде ефект и го сменив.
https://www.paket.mk/en/product/smecta-prasok-protiv-dijareja-i-naduenost-10-kesicki/ При пролив може и 2 пати на ден пробиотик. Смектата е нешто како медицинска глина за исфрлање отрови и згуснување на изметот. 2ч пред и после не се дава друг лек зошто ќе го врзе и исфрли
А јас па сега првпат земав Биогаја, тука скоро секоја членка го дава, па си реков да го пробаме. Ќе земам утре Пролајф.
Јас од бебе земам само биогаја. Досега било ок, ама кога имаше дијареа ова ни помогна. Купив смекта и јас ама немаше потреба. Ако успееш да ја испие , имало многу ефект
Биогаја е тежок пробиотик доста се жалат од грчеви од него. Јас кога го сменив со Линекс топ му е. Да пишам искуство со виранто дека сум задоволна од 2 дена давање одма му се смири носето и не рчи веќе.
Можам да го давам на 2 годишно? Гледам 3 плус пишува. Сигурно сте збореле на темава ама неам време да барам. Дете е со густ секрет од нос и кашлање.
Мене ми кажа педујатар да давам 2 различни пробиотика. Кога воведов пролајф имаше ефект. Големата не сакаше да пие смекта.